Македонскиот манифест со отворено писмо до Македонскиот народ

Македонскиот манифест со отворено писмо му се обраќа на народот.


ДАЛИ СМЕ ПРИ ОЧИ СЛЕПИ?

Република Македонија влезе во последната фаза од нејзиното идентитетско исчезнување. Се наоѓаме на неколку чекори од последниот удар, промена на Името, а со тоа и укинување на македонскиот идентитет. Светските центри на моќ кои ја туркаат оваа идеја чекор по чекор, плански, од независност наваму, имаат сесрдна помош од македонските политички партии и оној дел од македонскиот народ кој е неосвестен и зачмаен заради единствениот идеал што го имаат во животот... парите и материјалната удобност.

На терен нештата изгледаат погубно. СДСМ како некој измеќар, подготвен е на секакви национални отстапки за да се дограби до власт, тоа го прави во континуитет од независност наваму, за што имаме потврда во блиското минато. ВМРО ДПМНЕ десет години беше на власт, дозволи да се укинат трите столба на државноста, а сега се сведе на безидејни партиски соопштенија со кои, сакале тие да признаат или не, стануваат соучесници на последната етапа од македонската голгота. Албанците се злоупотребени од центрите на моќ како оружје против македонската државност, но од друга страна си ја туркаат својата национална агенда, а ние, за жал, никогаш ништо не научивме од нив, особено нивната љубов кон сопствениот идентитет, корен, нација, знаме, јазик и име.

Македонски манифест е свесен дека сме застанати пред последната етапа од планираниот идентитетски геноцид врз нас. Оставени сме сами на себе, односно на оној дел од македонскиот народ кој е свесен за националните прашања, кои пак, со децении наназад агресивно се нападнати од центрите на моќ и домашната петта колона.

Затоа Македонци, сетете се дека и среде најстрашните окупации во минатото, среде сурова немаштија, странски пропаганди, масакри и насилие, стотици илјади синови и ќерки на Македонија сонувале за македонска држава и ги дале животите за тој идеал. Бидете будни и не дозволувајте при очи, слепци да останеме.

Покетино: Многу е тешко кога немате борбен состав

Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино пред натпреварот на „сините“ во Лондон против Евертон во понеделник, зборуваше за големиот број повредени во составот, а неодамна во „амбулантата“ влегоа и Енцо Фернандез и Аксел Дисаси.

-Овие двајца не тренираат, не знаеме дали ќе можат да играат. Праведно е да се има борбено подготвен состав. Не можеме да докажеме дека сме добар тим и дека можеме да се бориме за големи работи. Многу е тешко кога немате борбено подготвен состав. Сакаме да ја зголемиме конкуренцијата меѓу играчите, но тоа не е оправдување, изјави денеска менаџерот на Челси.

Тој, исто така, се наврати на ремито 2-2 со Шефилд Јунајтед минатиот викенд.

-Кога се соочуваме со тимови како (Манчестер) Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем или Ливерпул, тимот покажува добар квалитет. Проблемот е што не сме постојани. Кога анализираме, недостигот на зрелост навистина се покажува, но само со текот на времето можеме да го постигнеме вистинскиот баланс, истакна тренерот.

Покетино особено ја пофали академијата на Челси.

-Ги каниме младите играчи секоја недела да тренираат со нас, тоа е одлична можност за нив. Челси има една од најдобрите академии во Англија, ако не и во светот. Наша одговорност е да се грижиме за овие момчиња и да им обрнеме внимание. Еден ден ќе имаат можност да играат во тимот, само треба да продолжат да тренираат, да бидат доследни. Можеме да го видиме нивниот развој од натпреварувањето со постарите играчи, додаде Покетино. /МИА

Алегри: Целта е Јувентус да биде во ЛШ, а потоа управата ќе одлучи за мене

 Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри повторно призна дека не знае дали ќе остане на чело на тимот и следната сезона. Во принцип, тој е врзан за клубот до летото 2025 година, но според многумина, тој сега ќе си замине.

-Целта е место во ЛШ, бидејќи се работи за 100 милиони евра. А за мојата иднина, како и секогаш, клубот ќе одлучи што е најдобро. Пред почетокот на сезоната, пред нас беа поставени две цели: пласман во ЛШ и освојување на Купот на Италија. Сега е важно да останеме заедно и да се бориме. Местото во ЛШ е приоритет и од финансиски причини не можеме да дозволиме да бидеме изоставени од турнирот, потсети Алегри.

Вчера сопственикот на Јуве, Џон Елкан прецизираше дека актуелната сезона е „нула“ за клубот под водство на новиот спортски директор Кристијано Џунтоли. Пред една година тој уверуваше дека Алегри е клучна фигура за иднината на тимот од Торино.

-Работата во Јуве ќе продолжи и во наредните години со новиот директор Џунтоли. Задачата беше да внесеме фудбалери од школата во тимот и мислам дека тоа го исполнивме, убеден е тренерот.

Во следното коло во Серија А, Јувентус за противник ќе го има градскиот ривал Торино.

-Треба да работиме напорно овој месец. Многу е важно да имаме шанси до самиот крај. А особено откако Торино има 15 „суви мрежи“ во текот на сезоната, што значи дека дозволуваат по еден гол на два меча. Ова дерби е секогаш посебно, заклучи Алегри. /МИА

Норвешка е подготвена да ја признае палестинската држава

Норвешка е подготвена да ја признае палестинската држава во соработка со други земји, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре во присуство на неговиот шпански колега Педро Санчез, кој се залага за такво признавање.

„Норвешка е подготвена да донесе одлука за признавање на палестинската држава. Таа одлука мора да се донесе врз основа на време и контекст, во тесна соработка со истомислениците. Не одредивме конкретен датум“, изјави Стјоре во Осло на заедничката прес-конференција со Санчез.

Норвешкиот парламент во ноември усвои предлог со кој се бара од владата да биде подготвена да признае независна палестинска држава.

Норвешка, исто така, беше домаќин на првите израелско-палестински мировни разговори на почетокот на 1990-тите, кога беше постигнат договор, но не беше спроведен, за мирен соживот меѓу двете независни држави.

Шпанскиот премиер оваа недела тргна на турнеја низ Полска, Норвешка и Ирска за да разговара за „потребата за придвижување кон признавањето на Палестина“.

„Шпанија е јавно посветена да ја признае палестинската држава што е можно поскоро, кога ќе се поволни условите и на начин што ќе има најсилно можно позитивно влијание врз мировниот процес“, рече Санчез во Осло.

Според шпанските медиуми кои го придружуваа Санчез на неговата турнеја низ Јордан, Саудиска Арабија и Катар минатата недела, шпанскиот премиер тогаш го спомена крајот на јуни како можен датум за признавање на палестинската држава.

„Ја поздравувам иницијативата на премиерот Санчез да се консултира со истомислениците за да се зајакне координацијата, а таа координација ќе ја зајакнеме во наредните недели“, рече норвешкиот премиер.

Санчез инаку е многу критичен кон ставот на израелската влада на чело со Бенјамин Нетанјаху од почетокот на конфликтот во Газа. /МИА

притисни ентер