КултураМакедонскиот КИЦ во Загреб преполн за „Магичниот круг на детството“Вчеравечер салата на Македонскиот КИЦ во Загреб беше претесна да ги прими сите посетители кои дојдоа да го проследат завршниот настан – промоцијата на книгата и проектот „Магичниот круг на детството“ од Татјана Гогоска.Во изминатите денови, децата кои го изучуваат македонскиот јазик во училиштата „Никола Тесла“ и „А. Харамбашиќ“ во Загреб под менторство на наставничката Деспина Белчовска Велинска активно учествуваа во креативни работилници за глума, илустрација и креативно пишување. Работилниците се реализираа под менторство на Снежана Коневска Руси, Кристина Таневска и авторката Татјана Гогоска. Круна на настанот беше впечатливиот детски перформанс, како и изложбата на цртежи и раскази произлезени од креативните творби на децата. Перформансот на децата, изложбата на цртежи и раскази од нивните креативни творби , беше најискрениот начин, како децата само знаат, да се пренесат делови од книгата до бројната публика. Како признание за својот труд, децата од авторката добија примероци од книгата „Магичниот круг на детството“, како и поттик да продолжат да читаат македонска литература наменета за нивната возраст. На почетокот на настанот пред многубројната публика се обратија Н.Е. Драган Ѓурчевски, Амбасадорот на Македонија во Хрватска и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска кои пред се’ упатија топол и срдечен поздрав до децата потенцирајќи дека тие се главни протагонисти на овој проект кој што се реализираше под мотото – „Македонскиот јазик е најголемата културна татковина, која нема граници“. Настанот уште еднаш ја потврди важноста на негувањето на македонскиот јазик, култура и креативниот израз кај најмладите. Во рамки на престојот во Загреб, тимот на проектот „Магичниот круг на детството“ реализираше и две значајни посети – положување цвеќе пред бистата на македонскиот великан Блаже Конески и посета на МПЦ „Св. Злата Мегленска“. Проектот „Магичниот круг на детството“ на КАТ Продукција е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб поддржан од Министерството за култура и туризам.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Николоски ќе оствари работна посета во општина ТетовоДенес заменик претседателот на Владата и министер за транспрот, Александар Николоски ќе оствари работна посета во општина Тетово.Притоа ќе изврши увид во реконструираната улица "Штипска". Предвидено е министерот да даде изјава за медиумите.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривична пријава за полициски службеник: Испукал повеќе истрели од огнено оружје (ВИДЕО)Кривична пријава за полициски службеник за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.Р. полициски службеник од Полициска станица за граничен надзор Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“ по член 288 став 3 од Кривичниот законик. Имено на 22.05.2026 пријавениот полициски службеник во дворот на неговата семејна куќа, за време на семејна прослава, во присуство на поголем број гости испукал повеќе истрели од огнено оружје со што предизвикал опасност за животот и телото на присутните. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против З.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка–суспензија. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
МетеоДенес сончево со мала облачностВремето денес ќе биде сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје, сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во недела ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец. Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook