Македонскиот КИЦ во Загреб го одбележа јубилејот 10 години од впишувањето на гласоечкото пеење во УНЕСКО - Канал 5

Македонскиот КИЦ во Загреб го одбележа јубилејот 10 години од впишувањето на гласоечкото пеење во УНЕСКО

Уште пред 15 години започната е богатата соработка помеѓу двете земји во областа на заштитата на нематеријалното културно наследство. 

Македонскиот КИЦ во Загреб го одбележа јубилејот 10 години од впишувањето на гласоечкото пеење во УНЕСКО

Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на официјалната програма на најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц „Меѓународна смотра на фолклорот“, го одбележа јубилејот 10 години од впишувањетo на „Гласоечкото пеење Долни Полог" на Ургентната листа на УНЕСКО со настапот на „Трио Гавровски“ заедно со Дарко Коцев, мултиталенриран инструменталист кој живее и работи во Германија.

Како што информираат од КИЦ во Загреб, на двете главни фестивалски сцени - на Плоштадот „Бан Јелачиќ“ и на сцената на Горен град на Грич (Градец) пред многубројната загребска публика беа претставени двете нематеријални културни добра од листите на УНЕСКО - Гласоечкото пеење и македонската Гајдата.

Како што информираат од КИЦ во Загреб, окрај овие два настапа, во знак на одбележување на јубилејот, во просториите на македонскиот КИЦ во Загреб, а во рамките на програмата на 59. „Меѓународна смотра на фолклорот“ беше одржана трибина, „Нематеријална култура и идентитети: хрватски и македонски добра на листите на УНЕСКО". Главна цел на трибината беше промоција на македонското нематеријално културно наследството и продлабочување на хрватско-македонските релации на полето на афирмација на хрватските и македонските нематеријални добра запишани на листите на УНЕСКО. Македонскиот КИЦ во Загреб ја реализира оваа трибина во соработка со македонската Управа за заштита на културното наследство.

На трибината учествуваа хрватски и македонски експерти за заштита на културното наследство. Воведно излагање имаше м-р Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб. Излагања имаа и Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство, д-р Мирела Хроватин од Институт за антропологија – Загреб, м-р Ивона Опетческа Татарчевска, национален координатор за Конвенцијата 2003 за нематеријално културно наследство на УНЕСКО, како и проф. д-р Твртко Зебец, уметнички директор на „Меѓународната смотра на фолклорот“, голем пријател и соработник на Македонија во областа на заштитата на нематеријалното културно наследство.

На трибината од страна на панелистите беше потенцирано дека заштитата и негувањето на нематеријалното културно наследство е дел од колективната национална меморија и дека неговата заштита и промоција треба да е еден од императивите на секоја држава, имајќи предвид дека културното наследство е темелна државна вредност која треба да се пренесе на идните генерации. Од македонските палеисти беше потенцирана безрезервната помош и поддршка од Хрватска.

Уште пред 15 години започната е богатата соработка помеѓу двете земји во областа на заштитата на нематеријалното културно наследство. Оваа трибина беше дополнителен мотив и поттик за зајакнување и продлабочување на постоечката соработка меѓу Македонија и Хрватска.

Во рамките на трибината како ексклузивни гости настапија „Трио Гавровски“од Тетово, едни од малкутемина носители на „Гласоечкото пеење“ заедно со Дарко Коцев.

Бројната хрватска публика, меѓу кои врвни проучувачи на нематеријалното културно наследство, беше воодушевена од спектакуларниот настап на „Трио Гавровски“ и од фактот дека семејството Гавровски со децении ја негува оваа единствена пејачка традиција, пренесувајќи ја усно, исклучиво во рамките на едно семејство.

Гласоечкото пеење потекнува од Долни Полог, во селата под Шара и Жеден и е признаено е од страна на УНЕСКО во 2015 година како вокална полифона традиција на која ѝ треба ургентна заштита.

Оваа година во рамките на фестивалската програма на 59. ,,Меѓународна смотра на фолклорот", од Македонија се престави и фолклорната група „Копачката“, од с. Драмче, Делчево, уште едно македонско нематеријално добро впишано во УНЕСКО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Демократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај.

Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход.

За овој сој не постои одобрена вакцина или третман

Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“.

Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда.

Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

На 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер