КултураМакедонскиот КИЦ и Кинотеката го започнаа новото патување на македонскиот филм низ ХрватскаСиноќа кино салата на Центарот за култура "Златна врата" во Сплит стана место на средба на две култури – свечено беше отворен вториот по ред патувачки Фестивал на македонски филм, оваа година посветен на македонскиот документарен филм.Публиката во полната сала ја поздравија Тамара Висковиќ, водителка на програмата за култура при Центарот за култура "Златна врата", Марта Жаја, претседателка на македонското културно друштво "Македонија" од Сплит, Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб и Бошко Грујоски, директор на македонската Кинотека. Честа да го отвори фестивалот ѝ припадна на Јелена Коваќиќ, виша советничка за демографија на Градот Сплит, која го истакна значењето на Фестивалот на македонскиот филм за јакнење на врските меѓу Сплит и Македонија, како и меѓу хрватската и македонската култура. Овогодинешното фестивалско издание на својата прва дестинацијa во Сплит беше отворено со документарно-играниот филм "Железна тврдина", најново филмско остварување на македонскиот меѓународно реномиран режисер Митко Панов. По успешното прво издание единствениот патувачки „Фестивал на македонски филм“ во Хрватска продолжува да го гради својот препознатлив идентитет како значајна платформа за промоција на македонската кинематографија и за продлабочување на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска. Фестивалот претставува простор за средба на авторите, филмските професионалци и публиката, a со тоа и ги воведува новите перспективи за македонскиот филм и неговата видливост во меѓународен контекст. Програмата на второто издание нуди внимателно избрана селекција која ја отсликува богатата разновидност на современата и историската македонска кинематографија. Од најновите авторски остварувања и меѓународни копродукции, преку документарни филмови што обработуваат универзални теми за идентитетот, миграцијата, човекот и природата, до филмови што претставуваат непроценлив дел од националното филмско и етнолошко наследство – фестивалот ја прикажува континуираната виталност и креативност на македонскиот филм. Македонскиот КИЦ во Загреб и оваа година патувачкиот Фестивал на македонски филм го организира во партнерство со Кинотеката на Македонија и хрватската мрежа на независни киноприкажувачи како дел од сопствената годишна програма поддржана од Министерството за култура и туризам. Фестивалското издание во Сплит се одржува во соработка со Македонското културно друштво "Македонија" Сплит и Центарот за култура "Златна врата". Во текот на месец септември и октомври во знакот на одбележување на 35 години независнот, Фестивалот на македонски филм продолжува во 11 градови низ Хрватска.Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање. Поднесени се над 100 амандмани. Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то. Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 7 Попова Шапка, 9 Крушево, Лазарополе, 10 Гевгелија, 11 Скопје – Петровец, Струмица, 12 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Тетово, Битола, 14 Прилеп, Куманово, Берово, 15 Велес, 16 Штип, Крива Паланка, Виница, Демир Капија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 9 Лазарополе, 5 Пожаране, 3 Битола, 2 Претор, 1 Попова Шапка, Крушево, Куманово. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter