3Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
КултураМакедонскиот фолклор и традиционалните инструменти претставени во БудимпештаЛекторатот по македонски јазик при Uниверзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта ги продолжи своите активности поврзани со чествувањето на јубилејот 35 години македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ.Во библиотеката на Институтот за славистика и балтичка филологија завчера проф. д-р Горанчо Ангелов од Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип одржа предавање на тема „Македонски традиционални инструменти, органологија и употреба некогаш и денес“. Ангелов на предавањето го претставил македонскиот фолклор и традиционалните инструменти и начинот на свирење на истите. -Предавањето предизвика огромен интерес кај студентите, но беа присутни и голем број на музичари кои се занимаваат со фолклор. Се разви долга дискусија, присутните прашуваа и бараа дополнителни информации а македонскиот фолклор, а изнесуваа и свои искуства и впечатоци за начинот на интерпретација на македонската изворна музика, информира професорот Ангелов. Во култното кафуле „Живаго“ во Будимпешта, Горан Ангелов и унгарското дуо БудаПесме вчера одржале целовечерен концерт на македонски народни песни. Во интерпретација на БудаПесме и Горанчо Ангелов биле изведени песните „Зајди, зајди“, „Јано мори“, „Домаќине добри гости ти дојдоа“, „Ибраим оџа“, „Благуњо дејче“ и многу други песни. Лекторот по македонски јазик, Златко Панзов смета дека ваквата соработка на македонски и унгарски музичари ќе резултира со посериозна промоција на македонскиот фолклор во Унгарија и создавање на локални промотори, не само на нашиот фолклор, туку и општо македонската култура, што всушност е суштината и мотивот за организирање на ваков тип на настани од страна на Лекторатот. Панзов изразува задоволство интересот што го предизвикале настаните што оваа година беа организирани по повод јубилејот 35 години македонски јазик на универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Деновите на македонска култура во Будимпешта 2023“ ќе бидат затворени со објавувањето на зборникот „За македонската литература“. Зборникот преставува избор на текстови од реномирани македонски книжевни критичари направен од лекторот Златко Панзов во превод на унгарски јазик од Анамарија Цинеге-Панзова. „Деновите на македонска култура во Будимпешта 2023“ се организираат од Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта и Здружението на Унгарците на Македонија - „Теледом“, а се реализираат со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија и Здружението вина од Македонија од Скопје. Лекторатот искажува огромна благодарност до Институтот за славистичка и балтичка филологија, Вероника Варга и Бенедек Рети за поддршката и помошта при организирање на „Деновите на македонска култура во Будимпешта 2023“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошциЗа сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање. Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик. За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.Тагови: Акциски контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаИсториски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“. They did it! SpaceX has just caught their Starship rocket for the first time ever, marking the first recovery of a conventional orbital rocket upper stage in history! This is one of the greatest engineering achievements in history. Congrats to the entire @SpaceX team! 🚀 https://t.co/9KAzAcd3e8 — Sawyer Merritt (@SawyerMerritt) November 14, 2026 Успех во сенка на неуспехот Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот. Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“. „SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот. НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс. Извор: Индекс.хрТагови: SpaceX Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook