Македонскиот филм „Сестри" го отвора ИФФК „Браќа Манаки" во Битола - Канал 5

Македонскиот филм „Сестри" го отвора ИФФК „Браќа Манаки" во Битола

 Вечер во Битола почнува 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки".

Македонскиот филм „Сестри" го отвора ИФФК „Браќа Манаки" во Битола

Црвениот тепих за филмофилите ќе биде поставен пред пациото на битолскиот Музеј, а на филмското платно ќе биде емитуван македонскиот филм „Сестри" кој неодамна на престижниот филмски фестивал во Карлови Вари, освои специјална награда од тамошнто жири.

Во филмот на режисерката Дина Дума и кинематогаферот Наум Доксевски настапуваат Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Ханис Багашов, Мај-Линда Косумовиќ и Верица Недеска. Филмот „Сестри" е копродукција меѓу Македонија, Црна Гора и Косово.

Во рамки на фестивалот, организаторот ќе врачи „Златна Камера 300" за животен опус на австрискиот кинематографер Кристијан Бергер и специјална награда „Камера 300" на рускиот режисер Андреј Кончаловски.

Најновото фестивалско издание на ИФФК „Браќа Манаки", во градот под Пелистер се одржува под мотото „И покрај се'".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна воен авион во Србија, нема официјална потврда за жртви- леталото гори среде нива (ВИДЕО)

Авион на српската армија се урна на поле помеѓу Нова и Стара Пазова, а според неофицијални информации, станува збор за борбен авион МиГ-29.

 Се урна воен авион во Србија, нема официјална потврда за жртви- леталото гори среде нива (ВИДЕО)

Фотографиите од местото на несреќата го покажуваат воениот авион во пламен на отворено поле. Во моментов нема официјална потврда дали има жртви или повредени во оваа несреќа, иако се стравува дека има жртви, објави Телеграф.

Бројни екипи за противпожарна заштита, брза помош, полиција и воена полиција веднаш беа испратени на местото на несреќата, обезбедувајќи го местото на несреќата.

Причината за несреќата засега е непозната, а повеќе детали ќе бидат познати по официјалното соопштение од надлежните органи и истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетици повредени во железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза на влез во станицата (ВИДЕО)

Два воза се судрија утрово во близина на главната железничка станица во Прага. Според противпожарната служба, на местото на настанот се повредени десетици лица, од кои некои се сериозно повредени.

Десетици повредени во железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза на влез во станицата (ВИДЕО)

Вклучени се сите служби за итни случаи и спасување. Железничкиот сообраќај на линијата во правец на Вишочани и Либња е прекинат. Ова е според информациите од службите за итни случаи, Управата за железници и Чешките железници, објави Блеск.

Несреќата се случила околу 7 часот наутро на мостот преку улицата Сејфертова, во третиот округ во Прага. Се судриле два патнички воза, кои се движеле со помала брзина. Според портпаролот на противпожарната служба во Прага, Мирослав Резач, несреќата не била катастрофална.

„Пожарникарите реагираат на местото на итната состојба како дел од второто ниво на тревога. Примарна задача е да се тријажат повредените“, рекоа пожарникарите. Според нив, немало потреба да се извлекуваат патниците од остатоците од возовите.

Повеќето луѓе претрпеле полесни повреди, но некои се потешко повредени.

„Евидентиравме неколку сериозно повредени лица кои беа во опасност да ги изгубат своите основни животни функции“, изјави портпаролот на прашката брза помош Карел Кирс за новинарите. Сите оние со сериозни повреди веќе се пренесени во болниците во Прага.

Десет екипи на брза помош и четири медицински екипи се на местото на настанот. Спасувачките служби имаат на располагање и специјално возило за евакуација.

„На местото на настанот е испратен и тим за посттрауматска нега за да им пружи психолошка поддршка на погодените од инцидентот“, соопшти противпожарната служба.

Министерот за транспорт Иван Беднарик, кој дојде на функцијата со поддршка на партијата СПД, ја опиша несреќата како многу сериозен инцидент. Според него, најважно е да им се пружи помош на повредените сега.

„Според најновите информации, сите патници од двата воза веќе требало да бидат евакуирани. Им посакувам на сите брзо закрепнување и им се заблагодарувам на спасувачките служби за нивните напори“, рече министерот, додавајќи дека Железничкиот инспекторат веќе ги истражува причините и околностите на несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Целосно разобличување на лагите на Кочовска и Мицкоски за долгот

Министерката Кочовска изјави дека во 2027 година има 2 милијарди евра доспен долг кој требало наводно да се врати.

СДСМ: Целосно разобличување на лагите на Кочовска и Мицкоски за долгот

Ова е уште една лага на Кочовска и Мицкоски која целосно ја разболичуваме.

Самата Кочовска во предлог Буџетот за 2027 година, на страна 16 и 17 го напишала следново:

„Отплатата на долгот во износ од 64,6 милијарди денари (од кои за надворешен долг 46,5 милијарди денари, за домашен долг 18,1 милијарди денари) ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.“

Значи самата Кочовска вели дека вкупно доспениот долг за 2027 е една милијарда евра.

Но и овие 1 милијарда евра, само 500 милиони се за еврообвзницата од 2023 година а друго се долгови на Мицкоски и Кочовска.

Го признава и самата Кочовска.

Е тука завршува приказната за старите долгови наследени од СДСМ.

Доаѓаме до клучното. Долговите се на Кочовска и Мицковски кои ги направиле последниве 2 до 3 години и тие сакаат да гои зголемат.

Мицкоски создаде долг од 4 милијарди евра за само 2 години, а сака дополнително да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра во 2027 година.

Тоталното разобличување стои во самиот Буџет, на иста страница каде е наведено дека во 2027 -та Кочоска и Мицкоски ќе се задолжат 121 милијарда денари односно 2 милијарди евра, се наведеува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер