Македонскиот филм „Кога денот немаше име“ на Берлинскиот филмски фестивал - Канал 5

Македонскиот филм „Кога денот немаше име“ на Берлинскиот филмски фестивал

Новиот македонски филм „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска во продукција на „Сестри и Брат Митевски“ поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија својата премиера ќе ја има на престижниот Берлински филмски фестивал, како дел од програмата Панорама.

Македонскиот филм „Кога денот немаше име“ на Берлинскиот филмски фестивал

Продуцентот Лабина Митевска на денешната прес-конференција истакна дека да се биде дел од Берлиналето кој е еден од најголемите филмски фестивали во светот, претставува голем успех.

- Како продуцент горда сум што Македонија ќе има филм на Берлин што е голема шест за нашата кинематографија. Нема автор кој не посакува да биде дел од Кан, Берлин или Венеција. Таму конкурираат над 10.000 филмови, а само од регионот над стотина, рече Митевска.

Според неа, ова е еден од најзрелите филмови на Теона, и го носи нејзиниот уникатен стил на визуелно раскажување. Акцент е ставен и на медоумската презентација на филмот на Берлин, додаде таа, за што ангажирани се угледен европски публицист и искусен агент за продажба.

Филмот беше поддржан од Агенцијата за филм на РМ со 30 милиони денари (500.000 евра). Копродуценти на филмот се продукциите од Словенија „Вертиго“ и „Ентре Шиен е Луп“ од Белгија, а доби поддршка и од престичниот европски фонд Еуримаж.

Директорката на Агенцијата за филм на РМ Мими Ѓоргоска Илиевска упати честитки до продуцентската куќа „Сестри и Брат Митевски“, до режисерката Теона Митевска истакнувајќи дека тоа е голем успех за продуцентот, за режисерот и за целокупната артистичка екипа, но и за Агенцијата, која континуирано работи на унапредување на филмската дејност.

- Селекцијата во програмата на Берлинскиот фестивал е потврда за квалитетот на филмот и претставува одлична можност филмот да биде виден од релевантен филсмки аудиториум. Ова претставува и одлична прилика за презентација и афирмација на македонската кинематографија, рече Ѓоргоска Илиевска.

Покрај филмот на Теона Митевска, таа додаде дека Агемцијата за филм на годинашното Берлинале ќе биде застапаена и со уште една малцинска копродукција - филмот „Реквиен за Госпоѓа Ј“ од Бојан Вулетиќ, каде како копордуцент од македонската страна се јавува „Скопје филм студио“.

Ѓоргоска Илиевска, меѓу другото се осврна на активностите на Агенцијата за оваа година кои вклучуваат учество на меѓународни филмски фестивали и други настани од областа на филмот. Ги издвои организацијата на две значајни европски филмски работилници „Мидпоинт“ во јуни во Охрид и „Маја“ за време на Фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола во септември, на Генералното собрание на Еуримаж во октомври, договорот со Фестивалот во Ротердам за учество на двајца продуценти од Македонија на Ротердам филм лаб.

Проекцијате на „Кога денот немаше име“ е закажана за 14 февруари во Зоо палатата во Берлин во терминот од 19 часот. Покрај премиерата, филмот ќе има уште шест проекции. На премиерата ќе присуствуваат режисерката Теона Митевска, продуцентот Лабина Митевска, сценаристот Елма Татараѓиќ и шесте млади главни актери - натуршчици, кои се селектирани од над 400 кои се пријавиле за улогите. Ова е трето учество на Теона Струга Митевска на Берлиналето по „Како убив светец“, „Јас сум од Титов Велес“ и „Жената која ги избриша солзите“.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилен антикорупциски фронт, се следат случаи со сомнежи за поткуп во државните институции

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски не открива за каква јавна набавка станува збор во случајот со помошник-директорот на административен сектор Џевер Имери

Засилен антикорупциски фронт, се следат случаи со сомнежи за поткуп во државните институции

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски не открива за каква јавна набавка станува збор во случајот со помошник-директорот на административен сектор Џевер Имери, но најави дека Царината ќе преземе сопствени мерки, откако ќе заврши постапката на надлежното обвинителство и полицијата. На Имери скопскиот Кривичен суд му определи 30 дена притвор. По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК го осомничи дека примил 17.500 евра од кои дел за веќе склучен договор да се реализира без пречки.

-Ние како Царинска управа ќе преземеме се што е во наша надлежност меѓутоа оваа постапка ја води надлежното обвинителство, полицијата го изврши апсењето така да ќе чекаме во коминукација со нив и потоа ќе преземеме наши мерки како што преземавме за сите досега осомничени кои беа во нашите редови,- изјави – Бобан Николовски – Директор на Царинска управа на РМ.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на граничниот премин Табановце на настанот по повод завршување на проектите реализирани во рамки на акцискиот документ – ЕУ против организираниот криминал со поддршка за трговијата, порача дека државата ќе продолжи да се бори против криминалните структури.

-Мораме да покажеме дека да се биде криминалец и да се занимаваме со криминал е неисплатлива професија. Оваа Влада има сериозна намера да застане на патот на тие коишто одлучиле да бидат сојузници на криминалот и сакам јасно да кажам на македонската јавност дека тие ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Во меѓувреме, Владата најавува и проект со Транспаренси Интернешнл – Македонија, со кој граѓаните треба да добијат дополнителен механизам за пријавување сомнежи за корупција, преку телефонска линија и други канали за пријавување. Од Транспаренси засега не откриваат многу детали за начинот на кој ќе функционира механизмот, со објаснување дека проектот е сè уште во зачеток и дека се работи на неговото прецизирање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Камениот мост добива нов сјај – започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување

Започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување на Камениот мост, еден од најзначајните симболи на Скопје и препознатливите обележја на градот.

Камениот мост добива нов сјај – започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување

Проектот има за цел да ја истакне архитектонската убавина и историската вредност на Камениот мост, создавајќи впечатлива ноќна визура која ќе биде дел од препознатливата панорама на Скопје.

Современото осветлување ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики и автентичноста на мостот. Посебен акцент ќе биде ставен на неговите препознатливи камени сводови, со цел нивната форма и историска вредност да дојдат до израз, без да се наруши изгледот и карактерот на објектот.

Камениот мост е сведок на историјата на Скопје и еден од најзначајните елементи на градскиот идентитет. Како врска меѓу двата брега на Вардар, мостот со векови е дел од животот на градот и неговите граѓани.

Реализацијата на проектот е резултат на пријателството и добрата соработка со Општина Есенлер, Република Турција, потврдени преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка.

Од Градот Скопје изразуваат благодарност до Општина Есенлер за поддршката, како и до сите институции, стручни лица и поединци кои се вклучени во реализацијата на проектот.

„Нашите симболи ја носат приказната за тоа кои сме. Наша обврска е да ги чуваме, да се грижиме за нив и достоинствено да им ги предадеме на идните генерации. Камениот мост е симбол на Скопје и заслужува да ја добие вистинската светлина и во ноќната панорама на градот“, порачаа од Градот Скопје.

Со реализацијата на проектот, Камениот мост ќе добие нов визуелен идентитет во вечерните часови, со што дополнително ќе се збогати градскиот простор и туристичката понуда на Скопје.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цана: На Инфективна клиника се лекуваат седум пациенти, двајца се во критична состојба

На Инфективната клиника во моментов се лекуваат седум пациенти од кои два се сеуште во критична состојба.

Цана: На Инфективна клиника се лекуваат седум пациенти, двајца се во критична состојба

Се намалува бројот на заболени, за само десет дена регистриран е само еден сомнителен случај

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер