3Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?
БалканМакедонскиот државјанин Васко Саздовски е меѓу 14 жртви во несреќата во Нови СадМакедонскиот државјанин Васко Саздовски е меѓу 14 жртви во несреќата во Нови Сад кој како што објавија српските медиуми, бил научник во локален институт во Нови Сад … 45 годишниот Васко Саздовски е македонскиот државјанин што загина во несреќата во Нови Сад кога натстрешница од железничката станица во градот се урна и поклопи дел од лицата што биле под неа, потврдија од македонското МНР. Во трагедијата, каква Нови Сад не памети, загинаа 14 лица, а три се тешко повредени. Оттаму додаваат дека министерството, преку македонската амбасада во Белград, останува во директна комуникација со српските власти, а од македонската амбасада се во редовна комуникација со семејството на починатиот за транспортирање на неговото тело во Македонија. „Од страна на Министерството за надворешни работи на Србија, македонската амбасада во Белград доцна синоќа беше информирана дека на 1 ноември, во Нови Сад, при пад на настрешница, животот го загубил В.С., роден 1979 година, државјанин на Македонија. Македонската амбасада во Белград е во редовна комуникација со семејството на починатиот околу потребните административни процедури, за транспортирање на телото на починатиот во нашата држава.“, соопштија од МНР. Според информации на српска „Политика“, Саздовски бил научник кој работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Директорот на „Биосенс“, Владимир Црнојевиќ, ја потврдил информацијата за весникот. Најмладите жртви од урнатиот бетонски покрив инаку, се две сестри на возраст од 6 и 9 години, кои со дедо им биле на железничката станица, а меѓу загинатите има и млади лица од дваесетина години. Според директорката на клиничкиот центар во Нови Сад, д-р Весна Туркулов состојбата на повредените е се уште животозагрижувачка. Станува збор за млади лица, две женски и едно машко. -Повредените се во многу тешка состојба, сите тројца кои се примени вчера во ургентниот центар на универзитетскиот клинички центар Војводина се во многу тешка состојба. Тие се оперативно згрижени, и понатаму има некоја дополнителна дијагностика. Но, сите тројца се и понатаму во многу тешка состојба, да кажам, животно загрозувачка. Примени се три личности, сите се за жал многу млади. На возраст од 18 до 24 години. Една личност од машки пол и две женски и сите се живи, изјави директорката на клиничкиот центар. Причината за уривањето засега не е позната. Надлежните најавија истрага за несреќата на станицата, која беше отворена летово по тригодишна реконструкција, која чинела 65 милиони евра. Според српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ Обвинителството презема дејствија и уште денеска ќе бидат сослушани 20 луѓе, почнувајќи, како што рече, од самиот врв, луѓе од надлежното министерство, од ЈП Железници и ќе биде разгледана документацијата која се однесува на градбата. Меѓу сослушаните ќе биде и надлежниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, соопштија од Вишото јавно обвинителство. Тој, пак, утрово во гостување на РТС изјави дека се истражува зошто настрешницата на Железничката станица во Нови Сад не била предмет на реконструкција и оти истрагата ќе покаже кој е одговорен за несреќата. -Што се однесува за тоа што се случи, тоа е сега предмет на истрагата. Во тек е инспекциски надзор, а тие кои се надлежни ќе утврдат како се случило тоа настрешница да падне. Ќе се утврди како е можно настрешницата да не била дел од планот за реконструкцијата во 2020 година. Зошто и кој тоа утврдил дека не било потребно тоа да се реконструира - рече министерот Весиќ во гостувањето на Радио телевизија на Србија (РТС). Во Србија денеска е Ден на жалост, додека во Нови Сад и покраината Војводина е прогласена тридневна жалост. Знамињата на официјалните институции се спуштени на половина копје. Сочувство изрази и државниот и политички врв во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФЗО: Над 2,35 милијарди денари исплатени за четири месеци Октомври со највисока исплата за породилни надоместоци.Над 621 милион денари исплатени во октомври, од кои рекордни 467 милиони денари за породилни надоместоци во последните четири месеци. Зад овие бројки стои континуитет во реализацијата на правата на осигурениците и јасна определба навремената исплата да стане стандард, а не исклучок. Фондот за здравствено осигурување го заокружи октомври 2026 година со исплатени 621.383.663 денари за надоместоци на плата по основ на привремена спреченост за работа и породилно отсуство. Од вкупниот износ, 467.074.428 денари се исплатени за породилни надоместоци, што претставува највисока месечна исплата за оваа намена во периодот јули–октомври 2026 година. За останатите надоместоци по основ на боледување се исплатени 154.309.235 денари. Но, вистинската слика за работењето на Фондот не ја дава само еден месец. Во периодот од јули до октомври, Фондот исплати вкупно над 2,35 милијарди денари за боледувања и породилни отсуства, од кои над 1,66 милијарди денари се однесуваат на породилни надоместоци. Овие податоци ја отсликуваат финансиската димензија на една од најважните обврски на Фондот – обезбедување континуитет во остварувањето на законските права на осигурениците. Особено значајно е што октомвриската исплата за породилни надоместоци бележи раст од над 25 проценти во однос на септември, потврдувајќи го засилениот обем на реализирани исплати за оваа категорија осигуреници. За Фондот, успехот не се мери само со висината на исплатените средства, туку и со сигурноста што ја носи нивната навремена исплата. Зад секој исплатен надоместок стои конкретно право, а зад секое право – човек, родител или семејство за кое финансиската предвидливост има особено значење. Токму затоа, определбата на раководството, предводено од генералниот директор м-р Златко Перински, е редовноста на исплатите да се воспостави како траен принцип на работење, со одговорно управување со средствата и непречено исполнување на останатите обврски на Фондот. Средствата на здравственото осигурување им припаѓаат на осигурениците. Обврска на Фондот е тие да се користат законито, одговорно и навремено, во функција на остварување на нивните права. Фондот и во наредниот период ќе продолжи да работи на подобрување на организацијата, ефикасноста на обработката на барањата и одржувањето стабилна динамика на исплатите. Нашата цел е едноставна: осигурениците да не ја доживуваат навремената исплата како посебна вест, туку како сигурност на која можат да сметаат. ФЗОТагови: ФЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенцијаПремиерот Христијан Мицкоски вели дека иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција, а Македонија мора да биде дел од таа иднина, а не да остане на маргините на технолошкиот развој.-Како инженер и професор, чувствувам одговорност да ги искористам сите можности за привлекување нови инвестиции, развој на современи индустрии и создавање перспективи за нашите граѓани. Нашата цел е Македонија да биде меѓу земјите што ќе го предводат овој процес, а не оние што ќе го следат.- вели Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаБојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните? Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни. Герасимовски треба да одговори: дали воопшто се прошетал во овој дел од општината за да види што им се случува на граѓаните? Дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“? Или Водно и целата Општина Центар се гледа само низ призма на градежни парцели, урбанистички планови и партиски приходи? Не може да се дозволува урбанистичка експлоатација на Водно, а притоа да не се ветуваат градинки и подобри услови за живот. Каде се конкретните проекти, роковите и решенијата? Граѓаните не живеат од прес-конференции и празни ветувања. И ова не е проблем само на Водно истите прашања се и низ цел Центар. Наместо општина што ги штити јавниот простор, животната средина , зеленилото и интересите на жителите, приоритет се градежните интереси и полнењето на партиската каса. Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање! Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија, туку градоначалник кој го штити јавниот интерес. Центар не смее да се претвори во бетонска општина во која ќе има станови, но нема да има доволно училишта, градинки и простор за живот. Водно не смее да биде жртва на урбанистичките интереси, а Центар не смее да биде заложник на партиските и градежните калкулации. Граѓаните заслужуваат општина за живот, а не општина за профит! Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕТагови: Бојаџиева Марковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45