КултураМакедонскиот документарен филм „Honeyland“ награден на Сараевскиот филмски фестивал Македонските автори Љубо Стефанов и Тамара Котевска го презентираа нивниот последен проект „Honeyland” („Медена земја“) на CineLink Work-in-Progress настанот, во рамки на овогодинешниот Сараевски филмски фестивал и ја освоија највредната парична награда на фестивалот, наградата на Турската национална телевизија во висина од 30.000 евра.Снимањето на документарниот филм почна во 2015 година во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка. Главната идеја на документарниот филм е да се прикаже припадноста на човекот кон природата преку посебноста на односот кој тој го има кон неа и нарушување на тој природен баланс преку судирот на два различни начини на искористување на природните ресурси. Филмот се наоѓа во фаза на пост продукција и финансиски е поддржан од страна на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Дополнително поднесена е и апликација до Агенцијата за филм на Република Македонија за обезбедување средства за довршување на филмот. Режисери се Љубо Стефанов и Тамара Котевска, музиката е на Фолтин, а продуценти се Љубо Стефанов и Атанас Георгиев. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ТехнологијаПакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата. Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж. Идентитетот е непознат Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата. Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата. Историското значење на летот CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23. Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.Тагови: вселенска станица астронаут Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаЈанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заеднициПоследните средби на терен ги посветивме на разговори со жителите на овие две населени места, нивните потреби, предлози и конкретни иницијативи за подобрување на секојдневното живеење. Со завршувањето на посетите, добиваме јасна слика за приоритетите во сите урбани и месни заедници, кои ќе бидат земени предвид при креирањето на Програмата за работа за 2027 година. Нашата определба останува иста – развој со јасна визија, конкретни планови и еднаков пристап кон секое населено место. Кавадарци го градиме заедно, со граѓаните и за граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПетмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и претставници на Генералштабот Игор Костјуков и Јуриј Жигарловски. Тие присуствуваа на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност во петокот, на кој разговараа за претстојните разговори закажани за вторник, објави Интерфакс. Песков потврди дека споменатите функционери ќе учествуваат во разговорите, додека помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, кој исто така присуствуваше на состанокот, ќе ги надгледува преговорите во својство на помошник на Путин за меѓународни работи. Путин претходно изјави дека ги поканил на состанокот функционерите кои ќе учествуваат во претстојните трилатерални разговори, кои вчера објави дека ќе се одржат на 10 ноември во Абу Даби.Тагови: Абу Даби украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00