Македонскиот анимиран филм „Неми Филмови“ со две нови меѓународни награди - Канал 5

Македонскиот анимиран филм „Неми Филмови“ со две нови меѓународни награди

 Краткометражниот анимиран филм „Неми Филмови“ на режисерот Крсте Господиновски ги освои наградата од публиката на фестивалот MONSTRA во Лисабон и признанието за најдобар филм на ReAnimacija во Никшиќ, Црна Гора.

Македонскиот анимиран филм „Неми Филмови“ со две нови меѓународни награди

Како што соопштува режисерот, паралелно со европските успеси, „Неми Филмови“ го оствари и своето јужно и северноамериканско премиерно прикажување овој месец, а веќе следниот месец се очекува и австралиската премиера на Melbourne International Animation Festival. Во наредните недели, филмот ќе биде дел од програмите на три фестивали во САД.

Воедно, се очекува и чешката премиера на филмот во мај, на фестивалот Anifilm, кој важи за Оскар-квалификувачки фестивал.

Од својата меѓународна премиера, „Неми Филмови“ досега зеде учество на повеќе од 40 меѓународни фестивали, освојувајќи 10 награди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска.

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. Покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската Унија.

Во ирскиот парламент, министерот Муцунски ќе оствари средби со пратеници и членови на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на парламентот, а ќе се обрати и во Институтот за меѓународни и европски работи (IIEA), еден од водечките ирски тинк-тенк центри за меѓународни односи и европски прашања.

Посетата се реализира во пресрет на ирското претседавање со Советот на Европската Унија и е насочена кон натамошно зајакнување на билатералната соработка, како и кон обезбедување континуирана поддршка за процесот на проширување на Европската Унија и реформските напори на државата на патот кон полноправно членство во Унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европскиот парламент го разгледа Извештајот за Македонија, гласањето ќе биде денеска на пладне

Европскиот парламент на пленарната седница во Стразбур го разгледа Извештајот за напредокот на Македонија чие гласање е закажано за денеска на пладне.

Европскиот парламент го разгледа Извештајот за Македонија, гласањето ќе биде денеска на пладне

Во дебатата претежно доминираше темата која бугарските европратеници ја покренаа за палењето на авомобилите пред бугарската амбасада во Скопје, но нивните критики за евроинтегративниот пат на земјава.

Известувачот Томас Вајц пак, ја повика Европската унија да испорача на истиот начин како што Македонија ги направила сите потребни реформи, но и барања за членство. Со оценката на Вајц се согласи и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амбасадорот на Македонија во Софија повикан на разговор во бугарското МНР

Вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Софија бил повикан во бугарското министерство за надворешни работи во врска со палењето на двата автомобили на Амбасадата на Бугарија во Скопје.

Амбасадорот на Македонија во Софија повикан на разговор во бугарското МНР

Како што информираа од бугарското МНР, заменик-министерот за надворешни работи Христо Полендаков нагласил дека Бугарија најостро го осудува овој, како што го нарекол, демонстративен чин на агресија, кој ги довел во опасност здравјето и животот на вработените во бугарската амбасада, како и на жителите на главниот град на Македонија...

Полендаков додал и дека секој обид за ширење страв кон Бугарите во Македонија е неприфатлив за нив – соопштија од бугарското МНР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер