Македонски традиционални производи пред европратениците во Брисел - Канал 5

Македонски традиционални производи пред европратениците во Брисел

Ѓорги Наумчевски е производителот чие вино, од македонската автохтона сорта „станушина“, се најде во кантитната на Европскиот парламент (ЕП) заедно со галичкиот кашкавал и медот од Македонската медоносна пчела.

Македонски традиционални производи пред европратениците во Брисел

Наумчевски и претставниците од Слоу фуд Македонија во рамки на „Тера Мадре Балкан“ пред европратениците и вработените во ЕП ги претставија и слаткото од диви смокви, како и буковската пипер.

Интересот за нашите производи беше голем, а приемот одличен.

- Горд сум што можам само дел од Македонија да донесам и да претставам тука, во срцето на ЕУ. Очигледно е задоволството на вработените во Еврпскиот парламент од вкусот на нашето вино, кашкавалот, медот,... Гастрономијата е можеби подобар начин за поврзување на луѓето од политиката, изјави Наумчевски.

Николче Николовски од Слоу фуд Македонија оцени дека речиси секој што дојде на штандот покажа интерес не само да проба од понуденото, туку и да слушне повеќе за регионот на потекло, начинот и технологијата на производство, уникатноста на вкусовите.

- Станува збор за автентични производи кои се дел од нашиот идентитет како народ. Европратениците и вработените тука, во Европскиот парламент, беа пријатно изненадени од комплексноста на вкусот на Галичкиот кашкавал, свежината и овошниот сензорен профил на виното од Станушина, како и од медот од асоцијацијата „Макби“. Интересно е да се напомене дека ова се воедно ексклузивни производи кои не може да се најдат на пазарот во ЕУ поради повеќе законски пречки кои во натамошниот процес на интегрирање на Регионот во Унијата и со нашето делување заедно со институциите, ќе треба да се отстранат, истакна Николовски.

Во Кантината на ЕП имаше уште осум штанда со традиционални производи од Србија, Хрватска, Бугарија, Романија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Косово. Според Геновева Руиз Калавера, директор за Балкан во Европската комисија, ваквите специјалитети ги приближуваат балканските земји до луѓето во Европската унија, а тоа е многу важно од економски аспект. Калавера истакна дека треба да се работи на јакнење на изворните капацитети за да можат сите да уживаат во производите.

Традиционалните производи од Западен Балкан, како што беше оценето и на конференциите пред дегустацијата во кантитната на Европскиот парламент, може да бидат носители на економскиот и руралниот развој во регионите од каде потекнуваат, но во оваа насока е неопходна поголема институционална поддршка особено од аспект на регулативите, нивна флексибилност и прилагодување кон можностите на малите, традиционални производители.

Дегустацијата на традиционалните производи во кантината на Европскиот парламент беше дел и од одбележувањето на Меѓународниот ден на биодиверзитетот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините.

Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Еден од најдобите кошакари на светот, српскиот центар Никоја Јокиќ изминатата недела го водеше Денвер до скор од 3-1 во победи. 

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Кошаркарите на Денвер Нагетс минатата недела загубија од Феникс Санс, а ги победија Бостон Селтикс, Хјустон Рокетс и Чикаго Булс.

Никола Јокиќ прикажа маестрална игра во тие натпревари – постигна 28 поени против Феникс, 24 против Бостон, 26 против Хјустон и 37 против Чикаго, притоа остварувајќи 18 скока и 11 асистенции.

Минатата недела тој беше прогласен за МВП на Западната конференција, со просек од 28,8 поени, 12 скока и 9,5 асистенции. Од друга страна, на Истокот, Вашингтон Визардс загубија од Хјустон и Мемфис, а остварија победи против Торонто, Чикаго и Орландо.

Нивниот најдобар играч во тој период беше Ентони Дејвис, со просек од 26,5 поени и 9 скока, како и речиси 60 проценти успешност во шутот од поле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

.Судењето почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагедијата за време на настапот на групата ДНК.

Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска пред Основниот кривичен суд Скопје, а обвинението го застапува тимот од 15 главни обвинители. Опфатени се десетици физички и правни лица за тешки дела против општата безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер