Македонски тим од ФЕИТ со награда за најдобар научен труд за модел на AИ на македонски јазик - Канал 5

Македонски тим од ФЕИТ со награда за најдобар научен труд за модел на AИ на македонски јазик

Македонски тим од ФЕИТ со награда за најдобар научен труд за модел на AИ на македонски јазик на конференција во Виена.

Македонски тим од ФЕИТ со награда за најдобар научен труд за модел на AИ на македонски јазик

Студенти и истражувачи од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ/УКИМ) освоија награда за најдобар научен труд со наслов „Towards Open Foundation Language Model and Corpus for Macedonian: A Low-Resource Language“ на меѓународната конференција „Slavic NLP Workshop“, одржана во рамки на 63-тото издание на една од најпрестижните светски конференции за обработка јазик – ACL (Association for Computational Linguistics) во Виена, Австрија.

Како што соопштија од ФЕИТ, Стефан Крстески, Борјан Саздов и Матеа Ташковска, под менторство на професорите Бранислав Геразов и Христијан Ѓорески, со овој труд направија значаен придонес кон дигитализацијата и технолошкиот развој на македонскиот јазик и на Вештачката интелигенција (ВИ) во Македонија.

Во рамки на истражувањето биле развиени четири клучни ресурси: голем јазичен ВИ модел (анг. LLM) специјализиран за македонски јазик најдобар во својата категорија - domestic-yak-8B, потоа најголемиот јавно достапен текстуален корпус за македонски јазик, множество инструкции на македонски јазик за развој на големи јазични модели и систем за евалуација на перформансите на јазичните модели на македонски јазик.

-Овие ресурси се јавно достапни на веб-страницата www.lvstck.org и претставуваат прва отворена инфраструктура за развој на големи јазични модели и апликации базирани на вештачка интелигенција на македонски јазик. Овие ресурси може да се користат како основа за понатамошни истражувања, развој на македонски јазични алатки и нивна примена во различни сфери и апликации. Овој успех претставува меѓународно признание за македонските истражувачи и чекор кон дигитална иднина во која македонскиот јазик добива поддршка и видливост во глобалниот развој на јазични технологии и вештачка интелигенција, се наведува во соопштението.

ACL е водечка глобална конференција во областа на обработка на природен јазик, со традиција од 63 години. “Slavic NLP” Workshop, која оваа година го одбележа своето десетто издание, е посветена на истражувања од областа на обработка на сите словенски јазици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

50-годишна жена била пренесена во болница откако доживеала срцев удар во областа на полициската станица во Илиополи, предградие на Атина.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

Директорката на Второто средно училиште во Илиополи, која наводно доживеала срцев удар пред училиште во областа, откако била удрена од гром, според неофицијални информации.

Според информациите, жената била преземена од екипата на Итната медицинска помош (EKAB), која веднаш започнала со кардиопулмонална реанимација (CPR) и ја продолжила постапката континуирано во текот на целиот нејзин транспорт. Пред да ја преземат Итните служби, медицински техничар од основното училиште ѝ обезбедил и CPR.

50-годишната жена немала витални знаци кога амбулантното возило пристигнало во болницата, но лекарите успеале да ја реанимираат. Според информациите, таа е интубирана во болницата.

Првичните извештаи дека срцев удар може да биде поврзан со удар од гром во областа не се потврдени. Околностите околу инцидентот се испитуваат. Жената се струполила на улицата пред училиштето, што ги натерало минувачите да повикаат помош, а екипа на брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, објавија грчките медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Турскиот министер за правда, Акин Гурлек, изјави дека 11 ученици се повредени во вооружениот инцидент што утрово се случи пред средно училиште во Маниса, од кои двајца се тешко повредени.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му.

Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина на Измир. Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но брзо потоа бил фатен и уапсен од полицијата. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка.

Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер