Македонски концепт со конкретни предлози до Владата

Предлог Уредбата до Владата е доставена по електронска пошта, со цел максимално почитување на мерките и препораките за намалување на ризикот од ширење на COVID-19.

УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН ЕКОНОМСКИ СОВЕТ

Македонски концепт до Владата на Република Македонија достави Предлог Уредба за формирање на Национален економски совет, заради создавање на услови за економско и финансиско стабилизирање на Република Македонија, поради вонредната состојба предизвикана од COVID-19.

Предлагаме Националниот економски совет да има советодавно–консултативна улога во креирање и имплементација на економски стратегии и политики со задача да дава конкретни мерки, предлози, мислења и препораки за надминување на економската криза во државата. На тој начин, наместо лицитација на економски мерки, ќе имаме синхронизација на мерките, врз основа на релевантни влезни податоци и изградени врз научна и искуствена основа.

Во Националниот економски совет предлагаме да членуваат: Претседателот на Владата на Република Македонија, Членови на Владата од финансискиот и од економскиот сектор, потоа претставници на МАНУ, Гувернерот на НБРМ, Директор на ДЗС, редовни и вонредни професори по економски науки делегирани од универзитетите во РМ, Претседателите на стопанските комори во Република Македонија, претставници на невладини организации и други членови делегирани од Владата на Република Македонија.

Предлог Уредбата до Владата е доставена по електронска пошта, со цел максимално почитување на мерките и препораките за намалување на ризикот од ширење на COVID-19.

Македонски концепт

Пожар во руска рафинерија

Пожар во руска рафинерија: „Краток спој“ или украински дронови? 

Неколку вагони со нафта се запалија во четвртокот во близина на нафтена рафинерија во Омск, југозападна Русија.

Во близина на Транссибирската железничка линија изгореа локомотива и три вагони со речиси 90 тони нафта. Снимките покажуваат огромен пламен и остар црн чад што се издига над железничката станица.

Огромен пожар на железничката станица Комбинатска зафати околу 10.750 метри квадратни, додека 58 пожарникари неколку часа се бореа да го локализираат.

Притвор од 30 дена за жител на Непроштено за разбојништво и поседување автоматска пушка

Прифатен е предлогот на jавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово за определување мерка притвор во траење од 30 дена за 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено. Осомничениот на 24 април 2024 година маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин, како што се наведува, осомничениот сторил кривични дела „Разбојништво“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Мерката притвор е определена за осомничениот поради тоа што постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото.

ЈО: Истрага за разбојништво со автоматска пушка во казино во Лешок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

притисни ентер