Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката
1Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураМакедонски филмаџии на „Берлинале“Македонската кинематографија на годинашниот филмски фестивал „Берлинале“ е претставена од десетина филмски работници кои што ги презентираа своите проекти, контактираа со странски партнери и продуценти за нивните идни проекти или учестуваат во програмите на фестивалот кои што служат за професионално и уметничко надградување.Вчера на европскиот филмски маркет на Берлинскиот филмски фестивал беше прикажан првиот игран филм на младиот режисер Вардан Тозија. Авторот и продукцијата се задоволни од проекцијата на која присуствувале триесетина странски продуценти кои по премиерата треба да овозможат учество на светски фестивали. Во филмот покрај професионални актери како Никола Ристановски глумат и натуршчици. - На Берлинале дојдовме со долгоматражниот игран филм , сега веќе со официјален наслов Џган на англиски преведен како Амок, филм за група млади деликвенти кои што се одлучуваат да ја извршат својата одмазда врз светот кој што ги запоставил, вели за МИА Вардан Тозија режисер на филмот „Џган“. Продуцентот на филмот Огнен Антов од продукцијата „Дрим Фектори“ е уверен дека успехот на „Амок“ ќе биде успех и за македонскиот филм и за целата нова генерација филмскитие работници. - Полната сала на берлинскиот филмски маркет каде што се прикажуваат 1150 филмови е добар сигнал дека филмот Џган може да има и меѓунардоен успех. Присуството на голем број на претставници на филмски фестивали и дистрибутери треба да не доведе со премиера на филмот Амок на некој од филмските фестивали од А категорија и подигнување на таканаречента млада македонска кинематогрфија на повисоко ниво. Со тоа и младите режисери, актери продуценти ќе можат да се етаблираат во европски и светски рамки“ вели Антов. Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска - Илиевска во Берлин дојде со повеќе цели. Две од нив се најважни, промоција на македонскиот филм и презентација на Македонија како филмска продукциска дестинација односно привлекување на странски филмски автори и продукции кои би ги користеле македонските кинематографски капацитети. - Она на што ставаме посебен акцент при нашите презентации овде во Берлин се поволностите за снимање во Македонија кои што се зголемија со донесувањето на новиот закон за филмска дејност. Учеството на Македонија во програмата „Медиа“, отворањето на канцеларијата на оваа меѓунарoдна програма дополнително треба да ја зајакне македонскта киноматграфија и да донесе поголем квалитет во македонската филмска уметност и индустрија, вели директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска - Илиевска. На „Берлиналето“, фестивал кој ги собира највлијателнните луѓе во европската и светската кинематографија покрај македонските филмови беше претставен и Фестивалот „Браќа Манаки“, а младата режисерка Дина Дума е дел од специјалната програма за талетнирани режисери „Берлинале талентс“./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банкатаМинистерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба.Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, ниту како Министерство за финансии сме помогнале да се случи продажбата и сопственикот да се стекне со мнозинскиот пакет, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“. Таа потсети на постапките што се преземени од страна на Народната банка, Комисијата за хартии од вредност до објавување на јавната понуда на 11 септември и дека на 23 септември имајќи ја предвид јавната понуда на Владата се дискутира на тема на тоа дали во државата има одредени институции кои што имаат акции во оваа банка. „На 1 септември Народната банка дава претходна согласност за квалификувано учество. Што значи тоа? Тоа значи дека до 1 септември целокупната постапка околу лиценцирање на лицата, банка или било физички лице, тоа Народната банка си знае, го имала завршено. На 10 септември Комисијата за хартии од вредност дава дозвола за јавна понуда за превземање, којашто јавна понуда за превземање, односно јавна понуда и проспект, се објавени на 11 септември. Во таа јавна понуда и во тој објавен проспект, стои датум, кој што вели дека секој оној кој што е заинтересиран да ги продаде акциите, има обврска тоа да го направи до 10 октомври, што значи дека нема апсолутно никаква врска со претходните изнесувања, дека записникот бил поврзан со некакви датуми, туку исклучиво со датумот кој што стои во јавната објава, повторно тоа е на Македонска берза. На 19 септември имаме објава во Службен весник, согласно која, сопственикот се стекнал со 74 и нешто проценти, на сопственост иако прагот на успешност во тој период бил 70%. Значи, до овој момент постапката се одвива, така што Народната банка е вклучена, Комисијата за хартии од вредност, заинтересираната банка и тука веќе имаме објава во Службен весник дека продажбата е успешно завршена“, појасни министерката. При тоа посочи на информацијата од седницата на Владата во која од страна на Министерството за финансии е објаснета постапката, но при тоа да се има предвид дека станува збор за изборен период. При тоа таа се повика на записник од владината седница. Министерката повтори дека клучниот момент е фактот дека Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, купување, коешто завршува на 19 септември и е објавено во Службен весник, од каде што ние во Министерството, всушност, ги добивме и информациите, па врз основа на тоа почнаа постапките за да видиме дали прво државата има некаква сопственост и да предупредиме дека имаме избори и дека немаат можност да вршат продажба“, истакна министерката. Таа заклучи дека во однос на надлежност како Министерство за финансии, Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба, затоа што ние, освен тоа што го подготвуваме и предлагаме законот, кој преку Владата се усвојува во Собранието во конкретната ситуција немаме никава надлежност бидејќи целата контрола, супервизија и надзор на банкарското работење е од страна на Народната банка.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаНово судско рочиште за случајот со Државна ЛотаријаСо испрашување на вештото лицe кое го работело економското вештачење за набавката на ВЛТ апарати во државна лотарија, продолжи денешното судење за Државна лотарија, чиј предмет на обвинение е токму оваа спорна набавка.Вештакот Анита Поповска пред судот образложуваше што стоело во финансискиот план за набавка на овие ВЛТ апарати, а рече дека вкупниот износ на набавката изнесувал над 9ипол милиони евра. Во финансискиот план за набавка на ВЛТ апаратите, се покажани сите расходи на друштвото и платите на вработените. Конкретно за набавка на ВЛТ апарати вкупната вредност која што било издвоена изнесува 596. 125.511 денари. Понатаму обвинителите продолжија да го испрашуваат сведокот во делот на даденото мислење од Министерството за финансии, на што одбраната постојано реплицираше дека вештакот не може да вади правни заклучоци. Според одбраната вештачењето не е спорно, но тврдат дека обвинителите со своите прашања се обиделе да го натераат вештакот да одговори на работи кои не се содржани во вештачењето. Судењето за државна лотарија ќе продолжи на 18 ноември со испитување на Александар Климовски, актуелниот директор на државна лотарија и последен сведок на обвинителството, пред да започнат во судница да се појавуваат сведоци предложени од одбраната. Во судското рочиште за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра првообвинет е поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами, а обвинението ги опфаќа и поранешните прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот генерален секретар во владата Методија Димовски и уште пет лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка Серија паузи и тензии на денешната надзорна расправа за АЛТА банка во Собранието.На обвинувањата од опозицијата дека дека актуелната влада дозволила сомнителен капитал од АЛТА банка да влезе во домашната банка, премиерот Мицкоски објави записник од седница на екс владата на СДСМ во 2023 според кој биле дадени насоки на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура. Филипче експресно дематнира. Во Собранието е Михајло Видимлиски.. Михајло до каде е надзорната расправа и кои се клуичните пораки од надзорната расправа? Денеска премиерот одржа брифинг со новинарите на кој соопшти дека Народна банка поднела кривични пријави против лица од СДСМ за ширење паника во случајот со АЛТА банка. Кои се деталите, и има ли одговор од обвинителството? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter