Влага, солни наслаги, видно ошетување на фреските во манастирот Успение на Пресвета Богородица на Матка
Затворска полиција ќе има и на Одделот за лекување на осуденици во болницата во Бардовци, но откако ќе поминат законските измени
1Влага, солни наслаги, видно ошетување на фреските во манастирот Успение на Пресвета Богородица на Матка
2Затворска полиција ќе има и на Одделот за лекување на осуденици во болницата во Бардовци, но откако ќе поминат законските измени
3Во Источна Македонија се уриваат рекорди , по 18 пакувања лекови годишно зема жител од овој дел на земјава
Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
2Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
МакедонијаМакедонски државјанин се удави во близина на Драч- доживеал срцев удар Доцна попладнево на плажата кај Каваја, во близина на Драч се удави македонски државјанин.- Немилиот настан се случи во 19 часот кога 66-годишен жител на Македонија со иницијали Ш.А. се удави во морските води. Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегување во вода, се наведува во полициското соопштение. Откако го забележале давеникот, кон него веднаш се упатиле и други лица од плажата, интервенирала и итна помош, но доктор само констатирал смрт. Екипа на полицијата и јавен обвинител вршат увид, по што се очекува телото да биде дадено на обдукција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВлага, солни наслаги, видно ошетување на фреските во манастирот Успение на Пресвета Богородица на МаткаДали институциите доволно се грижат за многувековното духовно и културно наследство.. Духовно богаствто старо повеќе од шест века, денес на милост и немилост на влагата и природните појави. Манастирот Успение на Пресвета Богородица, кој се наоѓа на само 15тина километри од срцето на Скопје, повторно го отвора прашањето за грижата кон домашното духовно и културно наследство. На ѕидовите од манастирот можат да се забележат влага, солни наслаги и видливи оштетувања, за кои познавачите алармираат дека со текот на времето можат да предизвикаат сериозни оштетувања на фрескоживописот и на самата градба. Туристичките водичи реагираат дека при обиколките на манастирот, за кои има голем интерес, се потешко можат да им ги претстават фреските на посетителите, бидејки голем дел од нив се оштетени и тешко препознатливи.. Зад мене е манастирот Успение на Пресвета Богородица, чии корени датираат уште од 14 век. Денес објектот се соочува со видливи оштетувања како последица на влага и други природни влијанија. Останува да се види дали надлежните ќе преземат конкретни мерки за негова заштита , додека граѓаните , посетителите и туристичките водичи предупредуваат дека штетите се видливи со години. Надлежна институција за заштита на културното наследство е Конзерваторскиот центар – Скопје, до кого од Министерството за култура и туризам велат дека испратиле Ургенција за итно постапување. Министерството за култура и туризам ве известува дека достави Ургенција за итно постапување во врска со состојбата на живописот во црквата „Света Богородица“ – Матка до законски надлежната установа НУ Конзерваторски центар – Скопје. Со барање за стручен увид на лице место, утврдување на фактичката состојба и преземање соодветни мерки согласно нивните законски надлежности. Со урегенцијата од култура побарале стручен увид на лице место, утврдуваењ на фактичката состојба и преземње на сосодевтни чекори Инаку, на терен е видливо дека се вршат одредени истражувања, но за сега без детали до каде е постапката. Сместен на падините на Матка, манастирот Успение на Пресвета Богородица, датира уште од 1337 година..Покрај духовната улога има и големо културно и историско значење, како сведоштво за средновековното наследство, фрескоживописот и континуитетот на монашкиот живот во регионот. Манастирот е еден од најчесто посетуваните во Скопје од туристи и верници и претставува една од најатрактивните туристички дестинации на Матка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
МакедонијаЗатворска полиција ќе има и на Одделот за лекување на осуденици во болницата во Бардовци, но откако ќе поминат законските измениОдделот нема да се префрли во Идризово, туку затворска полиција ќе ги чува осудениците со ментални нарушувања во посебното одделение во болницата во Бардовци.. Затворска полиција ќе има во психијатриската болница Скопје во одделот за лекување на осудени лица со ментални нарушувања. Полицијата ќе почне со работа и ќе има нови вработувња откако ќе се донесат новите измени во Законот за извршување санкции. Законот чека на одобрување во министерството за правда, првиот човек на управата за извршување на санкции Алкександар Пандов апелира побрзо да се разгледаат новите измени во правда и верува дека измените ќе бидат изгласни и дека за прв пат ќе има затворска полиција во оваа установа. „Од секогаш во болницата биле носени овие осудени лица. Секако дека со новиот закон ќе има полиција и навистина се небезбедни на овој начин и се опасност“, вели Александар Пандов директор на Управата за извршување на санкции. На прашањето, дали овој оддел би можел да се премести во затворот во Идризово, Пандов објаснува дека нема физички можности со простори и персонал, бидејќи има оптовареност во затворот и покрај втората фаза за изградба на затворот ќе нема простор за ова одделение. За Пандов најдбро решение е воведување на електронските алки за дел од затворениците во Идризово со што би се регулирало нивното издржување на казната. Од психијатриската болница Скопје по серијалот прилози на Канал 5 за проблемот со сместувањето на психијатриските случаи во судското одделение апелираа за присуство на затворска полиција и нови вработувања на медицински персонал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Источна Македонија се уриваат рекорди , по 18 пакувања лекови годишно зема жител од овој дел на земјаваНајмногу лекови на рецепт земаат граѓаните од Штип, Кочани и Делчево и останатите од источниот регион,во просек по 18 кутивчиња по човек, покажуваа анализата на Фондот, а бележи и зголемување на потрушувачката на најпознатите лекови, како Дијазепамот.На еден жител по 18 кутии апчиња. Истокот на Македонија е најзависен од лекови, барем според анализата на Фондот за здравствено осигурување, според која Метформин, Диазепам, Пантопразол и Еналаприл се трошат како алва и остануваат на листата најпродавани лекови на рецепт со над 5 милиони издадени рецепти само за нив. Директорот на Фондот Сашо Клековски вели дека граѓаните си имаат фиоки со залихи на таблети, но пострашна е двојната наплата од страна на аптеките кои освен цела сума од граѓаните му наплатуваат и на фондот. На ова треба да стави крај долгонајавуваниот проект е-рецепт, за кој има надеж дека целосно ќе профункционира годинава. Од Фондот најавија дека за неколку дена во атеките граѓаните ќе можат по поевтина цена да купат инхалаторна терапија. Спрејот „фостер“ наменет за инхалација кој најчесто го користат луѓето со астма повеќе нема да биде единствениот на пазарот. Од Фондот велат дека „Клексаните“ се уште се рефундираат, а од наредниот месец се очекува конечно да бидат достапни во аптека за граѓаните. Со ребалансот на буџетот за Фондот се планира зголемување од над една милијарда денари, која во најголем дел е наменета за исплата на породилните отсуства, потврдуваат од Фондот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook