Минчев: ЗОРОДУ е чекор кон појасна и пофункционална државна управа, одговорни институции и крај на неоправданото ширење на државниот апарат
1Минчев: ЗОРОДУ е чекор кон појасна и пофункционална државна управа, одговорни институции и крај на неоправданото ширење на државниот апарат
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
1Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
СветМакедонски државјанин е убиен на гробишта во Германија, имал дете со Гркинка Безживотното тело на македонски државјанин е пронајдено минатата недела на гробишта во Бремен, а бидејќи по телото имало убодни рани, веднаш било јасно дека несреќниот маж бил жртва на убиство.Набрзо било утврдено дека Имер Д.(40), кој ѝ бил од претходно познат на полицијата, бил убиен бидејќи ја демнел својата поранешна партнерка со која има дете, објави Билд. Посетителите на гробиштата го пронашле неговото тело во локва крв меѓу гробовите и веднаш повикале полиција. Во текот на викендот, полицијата соопшти дека Имер починал од, најверојатно, убодни рани. Во моментот на смртта Имер носел сиви панталони, црвена јакна и црни апостолки. „Го знаеме, тој е човек кој со месеци прави проблеми овде, има тригодишна ќерка со Гркинка, таа живее овде кај гробиштата“, велат мештаните. Соседите велат дека Имер постојано ја демнел бившата. Тој со боја со спреј ги напишал зборовите „Те сакам“ на тротоарот пред станот во кој живеела Гркинката со нивната ќерка. Наводно, ги скршил и стаклата од куќата и оштетил неколку автомобили. „Сите овде имаа проблеми со него, никој не го сакаше“, велат соседите. Сопственик на поранешниот стан немал убави зборови за Имер. Тој вели дека една работа е сè уште мистерија. Имено, Имер живеел во својот стан до октомври 2023 година, додека станот не изгорел. "Тој рече дека заспал со цигара. Полицијата никогаш не успеа да ја утврди точната причина за пожарот, а тој ми должеше кирија", рекол поранешниот сопственик. Наводно, убиениот државјанин на Македонија во последно време спиел на гробишта. „Тој спиеше под покривот на капелата на гробиштата околу три недели“, рече еден локален жител, додавајќи дека капелата е веднаш спроти гробот на бабата на неговата поранешна сопруга. Полицијата се уште трага по убиецот на Имер. Тие ги повикаа сите граѓани кои имаат некаква информација за убиениот, или за тоа што се случило на гробиштата во четвртокот да се јават.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаМинчев: ЗОРОДУ е чекор кон појасна и пофункционална државна управа, одговорни институции и крај на неоправданото ширење на државниот апаратМинистерството за јавна администрација денеска одржа јавна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), со кој се поставува нова рамка за организацијата, надлежностите и одговорноста на органите .Министерството за јавна администрација денеска одржа јавна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), со кој се поставува нова рамка за организацијата, надлежностите и одговорноста на органите на државната управа. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, порача дека државата мора да излезе од моделот во кој институционалната структура е под влијание на дневнополитички договори, создавајќи преклопени надлежности, непотребни административни бариери и нејасна одговорност за резултатите. „Повеќе од две децении, државната управа се соочуваше со последиците од фрагментирање на институциите и создавање структури без доволно јасно оправдување за нивното постоење. Кога надлежностите се преклопуваат, одговорноста се разлева, а цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните и стопанството. Тоа мора да се промени. Институциите не смеат да бидат инструмент за задоволување партиски или бирократски интереси“ - истакна Минчев. Во рамки на своето излагање, тој истакна дека со предложеното законско решение се отвора важен процес на уредување на институционалната поставеност на државата, со јасно разграничени функции и правила што ќе овозможат поефикасно спроведување на јавните политики. „Организацијата на државата мора да произлегува од потребите на граѓаните, функционалноста на институциите и јавниот интерес. Со ЗОРОДУ воспоставуваме основа за систем во кој надлежностите се јасно определени, а институционалната поставеност има своја оправданост и конкретна цел“ - нагласи Минчев. Нацрт-законот предвидува прецизирање на односите меѓу Владата, министерствата, органите во нивниот состав, самостојните органи на државната управа и управните организации. Се утврдуваат критериуми за основање и функционирање на органите, а за самостојните органи се предвидуваат јавна евиденција и функционален и организациски преглед најмалку еднаш во пет години. Со тоа се создава механизам за периодично преиспитување на институционалната поставеност и нејзината усогласеност со реалните потреби. „Втората суштинска промена е во начинот на кој ја разбираме институционалната одговорност. Секоја надлежност мора да биде јасно утврдена, секоја институција да има определена функција, а јавните ресурси да се користат одговорно и рационално. На граѓаните им должиме систем во кој постапувањето е предвидливо, законито и професионално“ - истакна министерот. На отворената јавна дискусија учествуваа претставници на академската заедница, дипломатскиот кор, институциите, граѓанските и синдикалните организации. Преку консултативниот процес, Министерството овозможува стручната јавност и сите заинтересирани страни да ги разгледаат предложените решенија и да придонесат кон нивно унапредување со аргументирани предлози. Дополнително, Нацрт-законот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со рок од 30 дена за консултации. ЗОРОДУ е дел од реформската агенда на Министерството за јавна администрација, кое се залага за унапредување и професионализација на административната служба и воспоставување пофункционален систем на државна управа. Преку координирани реформи и соработка со институциите и стручната јавност, Министерството останува посветено кон создавање администрација што ќе одговори на потребите на граѓаните и ќе придонесе за поефикасно функционирање на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКлековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболувањеВо Институтот за јавно здравје, кој е еден од пунктовите за имунизација против сезонски грип, утрово меѓу граѓаните кои примија вакцина беше и министерот за здравство, Сашо Клековски.– Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за превенција на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај ризичните групи население. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од ова заболување. Охрабрува што за само една недела над 55.000 граѓани се пријавија за вакцинација. Денеска стартуваше вакцинацијата во сите пунктови низ државата, така што апелирам доколку граѓаните од ризичните групи сè уште не се пријавиле за бесплатна вакцинација на сајтот vakcinacija.mk, да го сторат тоа што поскоро, посочи министерот Клековски. Од 14 октомври, кога беше отворена формата за пријавување, до денес за бесплатна вакцинација против сезонски грип се пријавија 55.535 граѓани. Над 60% од пријавените се лица постари од 65 години, а околу една третина се граѓани со хронични заболувања. Пријави се евидентирани на сите 31 пункт за вакцинација низ државата, а најмногу граѓани се пријавиле во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Тетово. Вакцинацијата започна утрово, а до пладне се вакцинирани 368 граѓани. Заинтересираните граѓани од ризични групи може да се пријавуваат за бесплатна вакцинација против сезонски грип на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu. Со пополнување на формата на сајтот, граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин. Потоа, согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, ќе добијат СМС порака со информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот што ќе го изберат при регистрацијата. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Иднината на младите се гради денес - со можности, поддршка и довербаКако градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, верувам дека нашата одговорност започнува со подготвеноста да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбија, директорот на НАЛАС, Келменд Заза, како и градоначалници и претставници на локалните власти од земјата и регионот, учествуваа на регионалниот форум во Скопје посветен на локалното лидерство за млади, мир и безбедност. - Како градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, верувам дека нашата одговорност започнува со подготвеноста да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките. Нивните идеи, потреби и предизвици мора да бидат дел од политиките што ги создаваме, затоа што тие најдобро знаат со какви пречки се соочуваат и какви промени очекуваат во своите средини. Токму во нашите општини се гради довербата во институциите, чувството на припадност и сигурноста дека секој има еднаква шанса. Затоа ни се потребни активни младински совети, достапни младински центри и службеници за млади кои ќе бидат вистинска врска меѓу младите и локалната власт. Особено внимание мора да им посветиме на младите кои се соочуваат со сиромаштија, исклученост или нееднакви можности. Секој заслужува поддршка, почит и можност да го оствари својот потенцијал – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски на форумот ја истакна и важноста на соработката меѓу ЗЕЛС, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија. - Преку Мрежата на службеници за млади, размената на искуства и јакнењето на нивните капацитети, создаваме услови младинските иницијативи полесно да стигнат до институциите и да се претворат во конкретни дела. Остануваме посветени на посилна поддршка за младите и на создавање безбедни и отворени заедници, во кои секој млад човек ќе има можност да напредува. Младите заслужуваат да знаат дека тука има место за нивните идеи, труд и амбиции – рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски упати честитки до петте наградени општини од регионот, чии практики покажуваат како младинското учество придонесува за помирни, побезбедни и посолидарни заедници, а изрази и благодарност до УНДП, НАЛАС и сите партнери за поддршката и заедничката работа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22