Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
2Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
1Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
МакедонијаМакедонски државјанин е повреден во напад врз објект на ОН во Појасот ГазаМакедонски државјанин е меѓу повредени во нападот врз објект на Обединетите Нации во Газа. Информацијата за тоа ја сподели портпаролот на генералниот секеретар на организацијата Стефан Дужарик кој обвини дека зад нападот во кој животот го загуби едно лице од Бугарија, а шестмина други се со сериозни повреди, стои израелски тенк. Дужарик најави и дека поради нападот Обединетите Нации ќе повлечат околу една третина од својот меѓународен персонал во Појасот Газа. -Нападите кои погодија објект на Обединетите Нации во Деир-ал Бала на 19 март беа извршени со гранати од израелски тенк. Овие напади му го одзедоа животот на колега од Обединетите Нации од Бугарија и оставија шестмина други од Франција, Молдавија, С. Македонија, Палестина и Обединетото Кралство, со сериозни повреди. - Стефан Дужарик – Портпарол на генералниот секретар на ООН Информацијата за Канал 5 ја потврдија и од македонското МНР од каде велат дека повредениот македонски државјанин е надвор од животна опасност. Од таму ја нагласуваат важноста на припадниците на меѓународните хуманитарни организации и додаваат дека нивната безбедност мора да биде гарантирана во секое време. -Како резултат на инцидентот од 19 март врз објект на Обединетите нации во Појасот Газа, меѓу повредените има и еден македонски државјанин, кој е пренесен на лекување во Израел. Здравствената состојба на повредениот македонски државјанин е стабилна и тој е надвор од животна опасност. Министерството, преку Амбасадата на Македонија во Тел Авив, е во постојана комуникација и останува на целосно располагање на нашиот државјанин. – велат од македонското МНР Во нападот инаку, лицата кои работеле за Обединетите Нации, според информациите на палестинските власти загинале и десетина цивили. Израелските власти пак, ги демантираат информациите дека тие стојат зад нападот. Според нив израелски тенк по грешка истрелал граната, но не кон објект на ООН, туку на црвениот крст. Од организациијата пак, велат дека потребна е јасна и транспарентна истрага, особено бидејќи според нив, израелската армија точно знаела каде се објектите. -Вие рековте дека израелски тенк го погодил објектот на ООН и дека било познато едка тоа е објект на ООН, дали се чувствувате директно таргетирани? / Тоа е една од причините зошто ни е потребна доста јасна и транспарентна истрага. Поентата е дека Израелците знаеа точно каде е овој објект на ООН и беше погоден со граната од еден од нивните тенкови. - Стефан Дужарик – Портпарол на генералниот секретар на ООН Израел и Хамас ги продолжија борбите откако и двете страни меѓусебно се обвинија дека не го почитуваат договорот постигнат со американските власти за прекин на огнот и постепено ослободување на заложниците кои милитантната организација ги грабна и се уште ги држи како заложници по нападите на 7 октомври 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)Дива мисирка предизвика брканица на Гарден Стејт Парквеј во американската држава Њу Џерси кога почна да бега од полициско возило, движејќи се меѓу сообраќајните ленти во пресрет на Денот на благодарноста.Инцидентот се случил во среда, еден ден пред американскиот празник Денот на благодарноста, а полицијата на државата Њу Џерси објави видео од брканицата на социјалната мрежа X. Безбедно го напуштила патот Видеото ја прикажува мисирката како трча по автопатот со четири ленти, додека полициско возило ја следи со вклучена сирена. Во еден момент, птицата дури се обидела да лета во средината на патот. „Вчера, мисирка одлучила дека не сака да заврши како главно јадење и повела полицаец во необична брканица по Гарден Стејт Парквеј“, соопшти полицијата. На крајот од видеото, кое трае 22 секунди, птицата може да се види како се оддалечува кон тревна површина покрај патот. Полицијата соопшти дека мисирката успеала безбедно да го напушти патот и да го избегне сообраќајот, но и да избегне да заврши на празничната трпеза. Средби со диви мисирки Ова не е прв пат дива мисирка да биде во центарот на вниманието на патиштата во Њу Џерси. Во 2009 година, властите речиси се откажаа од обидот да фатат дива мисирка која се населила на крстосницата 14Б на автопатот Њу Џерси. Вработените во патарината ја нарекоа Тами, а службениците на државната служба за рибарство и див свет на крајот успеаја да ја фатат со мрежа, објави ABC. Слични средби со диви мисирки се случиле и во други американски држави. Полицијата на државата Висконсин соопшти дека мисирка во Гранд Шут не покажала страв од полицајците и ги сфатила обидите на полицајците да ја избркаат од патот како предизвик. Откако полицаецот се обидел да ја тргне со маневрирање со своето службено возило, птицата почнала да ја клука гумата на неговиот автомобил.Тагови: Денот на благодарноста мисирка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција забрани употреба на шок бомби, откако ученик остана без дланка Употребата на бомбата EF-SON е суспендирана до понатамошно известување во сите полициски операции во Франција, откако 15-годишен ученик во Ленс ја изгуби дланката. Наредбата ја издаде денеска генералниот директор на полицијата, Луј Ложие. Ограничувањето претходно важеше само за протести на средношколци, но сега е проширено на сите оперативни ситуации, според телеграма од генералниот директор на полицијата, која ја виде „Ле Фигаро“. Протестите се во тек низ цела Франција од септември, иницирани од студенти и ученици, барајќи поголеми инвестиции во образовниот систем. Набрзо им се придружија и граѓани незадоволни од високите трошоци за живот. Демонстрантите бараат зголемување на платите и специфични социјални и економски мерки од владата. Синдикатите предупредуваат дека зголемувањето на трошоците за живот ја намалило куповната моќ на вработените и дека голем број вработени во јавниот сектор имаат основна плата пониска од минималната плата. Синдикатите веруваат дека разговорите со француската влада досега не дале конкретни резултати. Премиерот Себастијан Ле Корнеј најави едномесечни разговори за пет области, вклучувајќи и итни мерки за зголемување на минималната плата, но синдикатите инсистираат на општо зголемување на платите, а не само на прилагодувања на минималната плата.Тагови: дланка Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главатаВечерва во Ургентниот ценатар на Клинички во Скопје е донесена тешко претепана жена.Жената, според извори на Канал 5 , е во тешка состојба. Ја претепал сопругот, кој е од Гостивар. Според соопштението од Ургентен, 42 годишна жена била примена во 18.08 часот со повреди на градниот кош и главата. Биле констатирани тешки телесни повреди и тоа четири скршени ребра( од седмо до десеетто), парцијален пнеумоторакс, како и отоци на главата. Била пренесена на КАРИЛ поради сериозноста на повредите. Според последните информации жената е во критична состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook