Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер - Канал 5

Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер

Македонскиот боксерски судија Стефан Цубалевски беше нападнат од страна на азербејџански тренер за време на финалето на Европско младинско првенство кое се одржа во Златибор, Србија.

Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер

Инцидентот се случи вчера во финалето до 75 килограми во кое боксуваа Виктор Мајсторовиќ од Србија и Јусуф Агакишијев од Азербејџан.

Тренерот на Агакишијев незадоволен од судењето, прво вербално го нападна Цубалевски, а потоа во втората рунда влезе во рингот и почна да го дави.

Мечот беше прекинат, Азербејџанецот д0би службен пораз, а Србинот го освои златото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија буквално врие: Црвена тревога за 27 градови, измерени се 75 степени

Италија продолжува да биде погодена од четвртиот топлотен бран од почетокот на годината, а Министерството за здравство на земјата издаде црвена тревога за четврток, 6 август за сите 27 градови што ги следи системот за следење на екстремната топлина.

Италија буквално врие: Црвена тревога за 27 градови, измерени се 75 степени

Црвената тревога означува највисоко ниво на предупредување и подразбира временски услови што можат сериозно да го загрозат здравјето на целото население, а не само на најчувствителните групи како што се постарите лица, малите деца и хронично болните лица, објави „Раи њуз“.

Денес, 25 градови се под црвена тревога, додека Месина и Реџо Калабрија се во портокалова тревога.

Според студијата на организацијата „Легамбиенте“, температурите на асфалтот во Италија достигнуваат просечно 52 степени Целзиусови, додека максималната измерена температура била 62,7 степени.

На гумените површини, температурите се уште повисоки - просечно 66 степени, а во Торино е забележана и до 75,6 степени Целзиусови.

Благо „ладење“ од петок

Метеоролозите очекуваат благо и привремено заладување од петок, првенствено на северот од земјата и во централните делови на јадранскиот брег, каде што дневните температури треба да паднат под 35 степени.

Во поголемиот дел од централна и јужна Италија, максималните температури сепак ќе бидат помеѓу 36 и 37 степени, додека се очекува понатамошен пад кон средината на август, но во најжешките области тие сепак ќе останат многу високи.

Италијанските медиуми јавуваат дека во последните денови се регистрирани најмалку три смртни случаи кои се поврзани со топлотниот бран, меѓу нив градежен работник во близина на Бреша, обезбедувач во Болоња и 20-годишна жена која се разболела додека работела на нивите. Сушата дополнително ја влошува ситуацијата.

Недостаток на вода во повеќе од 100 општини

Повеќе од 100 општини во Пиемонт и Ломбардија се соочуваат со недостиг на вода за пиење, поради што снабдувањето се одржува со цистерни, додека во некои градови се воведени ограничувања за потрошувачка на вода.

Земјоделците предупредуваат дека земјоделските култури, особено оризот во долината на реката По, се сериозно загрозени од недостаток на врнежи од дожд. Високите температури и сушата го зголемија ризикот од шумски пожари, а во поголемиот дел од Емилија-Ромања е во сила портокалова тревога.

Извор: Б92

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ламборџини продаде помалку автомобили, но заработи повеќе од кога било досега

Ламборџини ги зголеми приходите и покрај падот на продажбата во првата половина од 2026 година.

Ламборџини продаде помалку автомобили, но заработи повеќе од кога било досега

Ламборџини испорача 5.422 автомобили во првите шест месеци од 2026 година, што е за 4,6 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

Падот на продажбата се должи на повисоките американски царини, послабата побарувачка во Кина, конфликтите на Блискиот Исток и неизвесноста на европскиот пазар.

Иако новиот Темерарио ги достигна своите први клиенти на почетокот на годината, компанијата не објави колку примероци се продадени или испорачани. Се очекува наследникот на моделот Хуракан да го продолжи успехот на своите претходници.

Втората половина од годината ќе биде обележана со почетокот на продажбата на новиот „Urus SE Performante“, кој користи „plug-in“ хибриден погон со 4,0-литарски V8 битурбо мотор и електричен мотор. Вкупната моќност е 812 КС, забрзувањето до 100 км/ч трае 3,3 секунди, додека максималната брзина достигнува 312 км/ч.

И покрај помалите испораки, Ламборџини оствари приход од 1,74 милијарди евра, што е зголемување од 7,4 проценти во однос на претходната година.

Оперативниот профит изнесуваше 395 милиони евра.

Главниот финансиски директор Паоло Пома изјави дека резултатите се постигнати и покрај предизвикувачките глобални економски услови, при што повисоките американски царини и неповолните девизни курсеви негативно влијаат на бизнисот, но не ја оштетуваат позицијата на брендот во луксузниот сегмент.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата

Акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење.

МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли.

Акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици.

Имајќи предвид дека се наоѓаме во период на летни одмори, кога е зголемена фреквенцијата на возила на патиштата, сообраќајната полиција ќе спроведува засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патните правци низ целата држава.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја приспособат брзината на условите на патот и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер