Македонски атлетичари на Европското првенство во Белград - Канал 5

Македонски атлетичари на Европското првенство во Белград

Атлетската федерација на Македонија ќе настапи со двајцата најдобри натпреварувачи во атлетика на претстојниот европски шампионат во сала, што од 3 до 5 март годинава ќе се одржи во Белград и на кој ќе учествуваат 600 натпреварувачи од 51 држава членки на ЕАА.

Македонски атлетичари на Европското првенство во Белград

Директорот на Агенцијата за млади спорт Марјан Спасески, по тој повод денеска се сретна со претседателот на Атлетска федерација на Македонија Крсте Серафимовски и двајцата најдобри млади атлетичари по постигнати резултати за 2017 година Сашо Голубиќ (1995), кој ќе настапи на 60 метри и Мартина Мироска (1998), која ќе настапи во скок во далечина.

Спасески рече дека атлетиката во нашата земја е во континуиран развој, а Владата преку ресорните институции силно вложува и во делот на подобрување на спортската инфраструктура и овозможување услови за развојот на овој спорт.

- Се изгради најсовремена атлетска патека по сите светски стандарди на Националната арена „Филип Втори Македонски“, на која се одржа и Европскиот куп во трчање на 10 километри, изјави Спасески.

Посочи дека АМС има одлична соработка со Атлетската федерација на Македонија која финансиски ја поддржува со вкупно 1.660.000 денари за подготовки и учество на Светско првенство за сениори во Лондон, Европското првенство за сениори во сала во Белград, Светското првенство за млади во Најроби, Евроспкото првенство во планинско трчање во Камник и Светското првенство во планинско трчање во Прамена, Италија.
- Финансиска поддршка има и за Организација на системот на натпревари, за организација на меморијалниот атлетски митинг “Лазо Милошески”, за Скопскиот маратон, како и за спроведување на соодветни допинг-контроли. На нашите репрезентативци им посакувам успешен настап и се надевам дека во одлично светло ќе не претстават на ова Европско првенство, изјави Спасески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Пристапувањето на Канада кон ЕУ би можело да се смета за непријателски акт

Американскиот претседател, Доналд Трамп, навести дека, доколку Европската Унија ѝ дозволи на Канада да стане придружна членка, тоа би можело да се смета за „непријателски акт“.

Трамп: Пристапувањето на Канада кон ЕУ би можело да се смета за непријателски акт

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека сака да отвори можност Канада да стане првата „придружна земја-членка“ на Европската Унија.

Истовремено, Трамп се закани дека на таков потег би одговорил со воведување дополнителни царини за Унијата.

„Ако намерите се добри - добро. Ако се лоши, ќе воведеме многу високи царини за Европа“, изјавил Трамп по однос „намерите“ на европските лидери.

Тој исто така ја остави отворена можноста САД да ја прекинат трговијата со Европа во одредени сектори.

Трамп ја оцени можноста Канада да и се приклучи на ЕУ како „смешна“ и својот северноамерикански сосед го нарече „ужасен трговски партнер“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска на „Табановце“презентација на системот на телесните камери за царинските службеници

Според најавата, воведувањето на системот на телесни камери е дел од активностите насочени кон зајакнување на транспарентноста, интегритетот и професионалните стандарди во работата на царинските службеници.

Денеска на „Табановце“презентација на системот на  телесните камери за царинските службеници

Системот на телесни камери за царинските службеници, обезбеден како донација преку меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги во рамки на кривичниот оддел при министерството за правда на САД, денеска официјално ќе биде промовиран на Граничниот премин Табановце.

Како што соопшти царинската управа, на промоцијата ќе се обратат директорот на царинската управа Бобан Николовски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и вршителот на должност амбасадор на САД во земјава Никол Варнс.

Според најавата, воведувањето на системот на телесни камери е дел од активностите насочени кон зајакнување на транспарентноста, интегритетот и професионалните стандарди во работата на царинските службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство

Со средби со конгресмени, премиерот Мицкоски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави..

Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство

Мицкоски прво оствари средба со претседателот на Поткомитетот за Европа во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом на САД, Кит Селф, а на средбата како што информира Мицкоски на фејсбук, разговарале за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката.

На средбата со конгресменката Клаудија Тени, инаку копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД, се разговарало за традиционално силните и пријателски односи меѓу двете земји, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер