Избраничките на селекторот Никола Златев и стручниот тим тренери, Белеѓковски и Георгиева кои од 15 јули се подготвуваат за настапот на "Slovenia Ball 2019" турнирот во Словен Градец, Словенија, ќе одиграат два натпревара со врсничките од Бугарија, по што ќе следуваат финални подготовки за предвидениот турнир во Словенија.
Натпреварот е закажан за 17:30 часот, а ќе се одигра во спортската сала „Бранители 2001" во Крива Паланка, каде Македонската репрезентација ги врши подготовките во изминатите две недели.
Во тимот млади репрезентативки на нашата држава се вклучени кошаркарки од повеќе женски клубови во државата кои ги презентираат потенцијалите на нашата женска кошарка.
Сите љубители на кошарката имаат отворен повик за присуство на натпреварот, влезот е бесплатен, а поддршката на нашите спортисти, велат, секогаш им е добредојдена.