Македонската статистика осум децении сведок на општествените и демографски промени - Канал 5

Македонската статистика осум децении сведок на општествените и демографски промени

 Осум децении официјалната статистика е сведок на општествените промени, на економскиот раст, на демографските промени, на социјалните текови и на секој обид како држава да изградиме подобро утре. 

Македонската статистика осум децении сведок на општествените и демографски промени

Од рачно собрани податоци, до дигитални платформи, од статистички годишник во хартиена форма до отворени бази на податоци достапни за сите граѓани, вели директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков, во МИА Интервју по повод 80 години од основањето на Државниот завод за статистика.

2025 е прогласена за година на македонската статистика и по тој повод во МИА Интервју директорот на статистика Станков, вели дека паралелно во текот на оваа година се организраат повеќе настани, активности и работилници со цел да се зголеми свесноста за важноста на официјалните статистички податоци и нивната употреба во носењето на одлуки и стратегии.

Прашан зошто е важно користењето на официјални статистички податоци, Станков, вели дека добрата одлука почнува со точна статистичка анализа.

-Нашите одлуки во секојдневниот живот, и како сопственици на компании, како дел од академската заедница добро е да ги носиме врз основа на докази и факти, а нема поверодостојни факти од тоа што Државниот завод за статистика го произведува и објавува на својата веб страница, рече Станков.

Со цел статистичките податоци да бидат препознаени како прв избор при користење на податоци, Станков, посочува дека ДЗС од неодамна има нова модернизирана веб страница, пресонализиран пристап на прибирање и управување со податоците, ребрендирање и нов визуелен идентитет.

-Истовремено сме присутни на социјалните медиуми и работиме на зајакнување на партнерскиот однос со студентите. Наши експерти се присутни на предавањата на факултетите, а заедно со студентите и во соработка со академската заедница изработивме ново лого и нов слоган по повод 80 години. Паралелно започнавме со градење на еден нов визуелен идентитет кој што означува покрај новата веб страница и нов урл, нашиот домејн е stat.mk, и сето ова е дел од процесот на доближување на статистичките податоци до јавноста, вели Станков.

Потврда за квалитетот и усогласеноста на нашите статистички податоци со европските, Станков вели дека е фактот што нашите податоци подлежат и на процес на трансмисија и валидација од страна на Евростат, што значи дека станува збор за податоци со соодветен квалитет компаративно со земјите членки на ЕУ, а истовремено како земја сме членкa на највисокиот статистички стандард на Меѓународниот монетарен фонд.

-Во делот на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата за 2024 година за Поглавјето 18, е констатирано дека земјата во областа на статистиката е помеѓу умерено и добро ниво на развиеност, а е детектирана висока усогласеност во делот на статистичката инфраструктура и констатиран дополнителен напредок, нагласува Станков.

Статистиката е движечка цел, постојано се менува и барањата на ЕУ во областа на статистичките податоци се зголемуваат, и посочува дека традиционално во извештаите на ЕК се нотира дека потребно соодветно екипирање на Заводот за статистика и дополнително вложување на ресурси.

-Факт е дека во изминатиот период институционалниот капацитет на заводот е намален, како резултат на одлив на кадар поради објективни и субјективни причини. Тоа е еден од најголемите предизвици за заводот во идниот период, меѓутоа и потребата од соодветно инвестирање во статистичка и информатичка инфраструктура и детектирање на оние можности кои што сега ги нуди процесот на дигитализација, изјави Станков.

ДЗС, Станков нагласува дека, се труди да фати чекор со модерните европски земји, и посочува дека годинава започнуваат процес на целосна обнова на информатичката инфраструктура во заводот.

Во рамки на одбележувањето на овој значаен јубилеј, Државниот завод за статистика, утре на 2 јуни организира свечена академија на која, како што е најавено, ќе учествуваат претставници на 12 европски статистички уреди.

Настанот е поделен на две панел дискусии. Првата панел дискусија се однесува за процесот на хармонизација и усогласување на домашното законодавство со европската легислатива од областа на статистиката и важноста на официјалните статистички податоци во процесот на пристапување на ЕУ, додека втората панел дискусија се однесува на тоа каде се движи националната и европската статистика во следните децении во процесот на дигитализација и можностите кои што ги нуди вештачката интелигенција. /МИА

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брутални воздушни напади во Газа, најмалкуи пет загинати (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа убиени во израелски воздушен напад врз станбена зграда во западна Газа.

Брутални воздушни напади во Газа, најмалкуи пет загинати (ВИДЕО)

Најмалку шест други се сериозно повредени, објави Ал Џезира, повикувајќи се на медицински персонал во болницата Ал-Шифа во Газа.

Нападот наводно ја погодил зградата Ал-Асала во населбата Ремал рано утрово без предупредување.

Ремал е една од најгусто населените станбени области во Газа, дом на илјадници раселени лица кои се засолнуваат во импровизирани кампови низ населбата.

Репортер на Ал Џезира на местото на настанот изјави дека нападот се случил среде ноќ, додека жителите спиеле.

„Ги слушнавме воените авиони како стануваат погласни, а потоа следеа три удари, погодувајќи го станот и убивајќи ги оние внатре“, рече тој.

Нападот го пробил целниот стан и ги пробил катовите подолу, предизвикувајќи понатамошно уништување низ повеќекатната зграда.

Пожарите гореле најмалку еден час пред палестинските тимови за цивилна одбрана да можат да ги изгаснат.

Екипите на цивилната одбрана сè уште го пребаруваат местото за исчезнати лица и тела, рече тој, додека израелските беспилотни летала продолжуваат да летаат над областа, а борбени авиони може да се слушнат како летаат ниско над Газа.

Болницата Ал-Шифа соопшти дека меѓу загинатите има четири жени, вклучувајќи една постара христијанка и нејзината ќерка.

Шестмина од ранетите се однесени во болница на лекување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм во Британија: Двајца Иранци обвинети за заговор за тероризам

Британската полиција соопшти дека двајца ирански државјани се обвинети за подготовка на терористички напад врз еврејска заедница во северна Англија пред Јом Кипур.

Аларм во Британија: Двајца Иранци обвинети за заговор за тероризам

Рахман Салехи, 35-годишен, и Салам Ахмадџан, 36-годишен, се обвинети за подготовка за извршување терористички чин или помагање на друго лице да изврши терористички чин на или пред 20 септември 2026 година, соопштија полицијата и обвинителите, објави Ројтерс.

Британските детективи за борба против тероризмот изјавија дека двајцата мажи се осомничени дека биле во контакт со трето лице од странство, потенцијално во Иран, во врска со заговорот.

Вики Еванс, виш национален координатор за борба против тероризмот, изјави во соопштение дека станува збор за „исклучително сериозни обвинувања“.

Истрагата за наводниот заговор е во тек.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Две години работа, две години резултати

Отчет на Злате Мехмедовиќ, Дитектор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитација

ЗНАМ: Две години работа, две години резултати

Една љубов – Македонија

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот

отчет на своите избрани и именувани функционери, затоа што за нас

јавната функција не е привилегија, туку обврска да се работи и да се

испорачуваат резултати.

Отчетот на директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина

и рехабилитација, Злате Мехмедовиќ, покажува дека и институција со

сериозно наталожени проблеми може да се трансформира кога има одговорно

раководење, јасна визија и политичка поддршка.

Во изминатите две години Клиниката е значително модернизирана.

Реконструирани се амбулантите и повеќе кабинети, воведена е

ехо-дијагностика, повторно е ставен во функција кабинетот за лимфна

дренажа, а посебен фокус е ставен на развојот на роботската

рехабилитација за возрасни и деца.

Во нова медицинска и роботска опрема се инвестирани околу 700.000 евра,

а обезбеден е и нов инвестиционен циклус од дополнителни 450.000 евра за

современа опрема и натамошен развој на роботскиот кабинет.

Особено важен доказ дека јавната здравствена институција мора да биде

подготвена да реагира кога е најпотребно беше трагедијата во Кочани, по

која Клиниката презеде значаен дел од рехабилитацијата на повредените

преку организиран мултидисциплинарен пристап.

Работата не се однесува само на медицинските услуги.

Решен е и долгогодишниот проблем со употребата на мазут, со што е

намалено загадувањето во центарот на Скопје.

Најголемата трансформација допрва следува.

Со поддршка од Светска банка е обезбеден грант од 1,5 милиони евра за

целосна реконструкција и енергетска трансформација на Клиниката,

вклучително и енергетска санација, нова фасада, замена на прозорците,

топлотни пумпи и напуштање на фосилните горива.

Ова е разликата меѓу политика на зборови и политика на резултати.

ЗНАМ не влезе во Владата за да биде нем набљудувач на состојбите, ниту

само коректор на туѓите политики.

Нашата цел беше програмата на ЗНАМ да стане дел од владините политики и

да се реализира преку институциите.

Денес, овие резултати покажуваат дека таа политика може да се претвори

во конкретна промена.

Не велиме дека сите проблеми се решени.

Велиме дека проблемите се преземаат, се решаваат и зад резултатите се

застанува со име и презиме.

За ЗНАМ, јавната функција значи одговорност.

Политиката значи работа.

А отчетот значи да се покаже што е направено.

Две години работа.

Две години резултати.

Една обврска – отчет пред граѓаните.

Една љубов – Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер