Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта
ЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани, но победата не е извојувана од Владата на „машкиот надзор“
1Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта
2ЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани, но победата не е извојувана од Владата на „машкиот надзор“
3Манасиевски: Фактите докажуваат дека немало забрана за Алта банка за работење во ЕУ, а Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура, СДС повторно фатени во лага
КултураMакедонската современа уметност во Софија во чест на 20-годишнината на македонскиот Културно-информативен центарВо време кога светот се распаѓа во фрагменти на брзина, загуба на смисла и гласна безначајност, македонската современа уметност во Софија проговори со еден моќен глас, како сведоштво од длабочините на колективната меморија и визијата на новото времеИ со такво длабоко возвишено чувство на почит, уметничка гордост и инспирација, на 7-ми август 2025 година, Македонскиот културно-информативен центар во Софија ги отвори вратите за изложбата „Простори на конјункција“, кураторски проект на: д-р Ана Франговска, Горанчо Ѓорѓиевски, Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделкоска-Брзанова, кустоси во Националната галерија на Македонија, кој со својата силна концептуална и визуелна енергија ги исполни просториите со духот на една современа, самосвесна, мислечка уметност, се наведува во соопштението од Националната галерија, што МИА го пренесува интегрално. Настанот не беше само културна манифестација, тој беше чин на уметничко сведочење, на прекугранична духовна размена, на градење мостови преку моќта на сликата, симболот, гестот и мислата. Со оваа изложба, Македонија не само што се претстави пред бугарската јавност – таа се вкорени како културен субјект што зборува преку уметноста, што гради идентитет не само во политички или историски рамки, туку преку формата на уметничкиот израз, преку етичката сила на современиот визуелен јазик. Изложбата „Простори на конјункција“ е деликатен и моќен простор на преклопување, каде личното се сретнува со колективното, интимното со општественото, локалното со глобалното. Во неа се претставени дваесет македонски уметници, секој со свој уникатен визуелен ракопис, внатрешен универзум и аналитичка сила. На изложбата учествуваат: Роберт Јанкулоски, Кристина Пулејкова, Велимир Жерновски, Георги Десподов, Моника Мотеска, Дарко Алексоски, Методи Ангелов – Мето (постхумно), Шќипе Мехмети, Ирена Паскали, Михаела Јовановска, Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Станковски, Жанета Вангели, Верица Ковачевска, Иванчо Талевски, Марија Сотировска, Игор Сековски, Славица Јанешлиева, Мариго Исеини и Кристијан Јовановски. Нивните дела, како што велат кураторите, не се само естетски објекти, тие се простори на дијалог, на сеќавање, на отпор и разбирање. Преку медиуми како графика, фотографија, видео-арт, колаж, инсталација и цртеж, изложбата го трасира патот на македонската уметност низ современите прашања на идентитет, историја, тело, меморија, миграција и граници. Како што пишува Лиотар, во ерата на постмодерноста големите наративи паѓаат, но токму затоа малите, искрени, автентични гласови стануваат важни. Уметниците во оваа изложба не се само хроничари – тие се визионери, оние кои го реконструираат нашето разбирање за светот. Нивната уметност не е бегство од стварноста, туку храбро соочување со неа. Во Софија, оваа изложба доби посебен сјај. Не само заради уметничкиот избор, туку и заради начинот на кој беше пречекана со внимание, восхит и почит. Како директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, со искрена културна визија, го отворив настанот, истакнувајќи ја важноста на културната дипломатија како мост меѓу народите. Со свој говор настапи и Али Синани, директор на Националната галерија на Македонија, кој со институционална одговорност, го истакна значењето на презентирањето на македонската уметност надвор од државните граници. Потоа се обрати Маја Крстевска, виш кустос, која како програмски раководител даде глас на кураторската визија зад изложбата. Горанчо Ѓорѓиевски, претставник на кураторскиот тим сподели свои видувања за процесот на селекција и концептите што стојат зад делата. Во овој значаен миг се приклучија и Снежана Јовева, директорка на Државниот културен институт на Бугарија, и македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси-Поповска, кои го поддржаа настанот, што ја потврдија силата на културната соработка и духовната размена меѓу двете земји. По повод 20-годишнината од македонскиот КИЦ во Софија, им доделив благодарници „Мостови на културата“ на тројцата гости од Националната галерија, Али Синани, Маја Крстевска и Горанчо Ѓорѓиевски, како симбол на признание за соработката и претставувањето на македонската уметност пред меѓународната публика. И за крај да издвоиме дека кураторите сметаат дека „Простори на конјункција“ не е само изложба, таа е територија на соочување, на препознавање, на поврзување. Таа е повик да не бидеме само гледачи, туку учесници во процесот на уметничко создавање, на критичко размислување, на културно градење. Таа нè повикува да ги изградиме мостовите не само како симболи, туку како живи патишта низ кои духот на едно време може да се движи, да комуницира, да се трансформира. Во едно време на фрагментирани реалности, македонската уметност, како што ја видовме во Софија, го носи потенцијалот да биде токму тоа: мост меѓу луѓето, културите, сенките и светлината на човечкото постоење. Превземено од профилот на г-дин Зоран Пејковски, директор на македонскиот Културно-информатицен центар во Софија.Тагови: Софија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска кантаФејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата. Тагови: Сашка Цветковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотГолем пресврт на светскиот пазар на нафтаСветскиот пазар на нафта влегува во нова фаза по неколкумесечните нарушувања предизвикани од војната на Блискиот Исток. Цените на суровата нафта нагло се намалија, но европските економии и понатаму се соочуваат со исклучително скап дизел, кој ги зголемува трошоците за транспорт и производство. Според најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија, објавен денеска, 13 ноември, цената на северноморската сурова нафта паднала за дури 32 проценти, од 136 долари за барел на почетокот на октомври на околу 93 долари. Причина за ваквиот пресврт е обновувањето на испораките од земјите во Персискиот залив, кои постепено се зголемуваат и покрај нападите врз танкери и енергетска инфраструктура. Глобалното производство на нафта во октомври достигнало 105,4 милиони барели дневно, што е зголемување од 2,3 милиони барели во споредба со септември. Ваквото закрепнување довело до ситуација во која понудата повторно ја надминува побарувачката, првпат од почетокот на војната со Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани, но победата не е извојувана од Владата на „машкиот надзор“Овозможија дузина загубени животи на наши сограѓанки и голем број на човечки трагедии. Свесно и искалкулирано одлучија да ги отфрлат предлозите од април 2025 и март 2026 година за електронски нараквици за насилниците, предложени од ЛДП.Овозможија дузина загубени животи на наши сограѓанки и голем број на човечки трагедии. Свесно и искалкулирано одлучија да ги отфрлат предлозите од април 2025 и март 2026 година за електронски нараквици за насилниците, предложени од ЛДП преку лидерката Моника Зајкова. Сега Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера призна јавно дека електронски нараквици за насилниците и сторителите на семејно насилство би дале позитивни резултати и најави усвојување на истата мерка на ЛДП што досега двапати ја предложи како закон во Собранието. Признание добивме, вината е дефинирана, а одговорност за загубените животи и трагедиите? Денес, по собрани 17.500 потписи на граѓанки и граѓани и огромниот јавен притисок, власта објави капитулација и свое законско решение. Но, ова не е победа на Владата, ова е задоцнета реакција на институциите пред барањата на жртвите и насобраниот гнев на граѓаните. Росица, Ивана, Катја, Рамајана и Билјана се само некои од имињата кои не смеат да бидат заборавени. Нивните имиња се потсетник дека за институционалното доцнење се плаќа застрашувачка цена. ЛДП најавува дека после собраните потписи и огромната поддршка за оваа иницијатива уште завчера и по трет пат го поднесе Законот до пратениците и овој пат, нема веќе простор за оправдувања и нови грешки. Заштитата на жените не смее да зависи од ничиј политички рејтинг и нивната безбедност не е политички маркетинг, туку јасно утврдена обврска на државата и институциите. Можеа да послушаат и да спречат. Одлука донесоа, кобна! Бараме одговорност сега! Иако ви се фотељите слатки сепак мора да постои во политиката нешто што се вика морал, етика и поклон пред грешката и жртвите. Преголема грешка прават ако мислат дека без одговорност ќе им биде заборавено!!!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook