Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето - Канал 5

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

Македонската фудбалска репрезентација падна за две позиции и на денеска објавената ранг-листа на ФИФА се наоѓа на 65 место.

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

Македонските фудбалери по двата нерешени натпревари во октомврискиот циклус во мундијалските квалификации, против Белгија (0-0) и Казахстан (1-1) се наоѓаат на 65 место со 1390.06 поени, што е за 2.1 поени повеќе во однос на претходното рангирање во септември.

Шпанија го задржа и дополнително го зацврсти првото место на ФИФА ранг-листата, додека актуелниот светски шампион Аргентина се искачи на второто место, а Франција падна на третата позиција.

1.Шпанија 1.880,76

2.Аргентина 1.872,43

3.Франција 1.862,71

4.Англија 1.824,3

5.Португалија 1.778

6.Холандија 1.759,96

7.Бразил 1.758,85

8.Белгија 1.740,01

9.Италија 1.717,15

10.Германија 1.713,3

Следното рангирање ќе биде објавено на 21 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модели со вештачка интелигенција избегале од изолација и извршиле хакерски напад!?

Два модела на вештачка интелигенција од OpenAI независно излегле од изолирана средина и се инфилтрирале во системите на платформата „Hugging Face“ за да направат измама на еден внатрешен тест. 

Модели со вештачка интелигенција избегале од изолација и извршиле хакерски напад!?

OpenAI синоќа го пријави инцидентот, прецизирајќи дека во него биле вклучени комбинација од нивниот најнов јавно достапен модел, GPT-5.6 Sol, и еден уште помоќен модел кој не е достапен за јавноста. Овој настан поттикна дебата за безбедноста и сè поголемите способности на системите со вештачка интелигенција.

-Моделите беа дел од внатрешно тестирање чија цел беше да се проценат нивните способности во областа на сајбер-безбедноста. Тестирањето се спроведе без вообичаените безбедносни ограничувања кои инаку би ги спречиле да извршуваат такви операции. Тестот се одвиваше на ExploitGym, јавен систем за евалуација на сајбер-безбедноста, а моделите правилно заклучија дека решенијата за тестот се наоѓаат на серверите на Hugging Face, се наведува во соопштението на OpenAI.

„Моделите идентификуваа и искористија повеќе слабости во истражувачкото опкружување на OpenAI и во продукциската инфраструктура на Hugging Face за директно да ги преземат решенијата за тестот од базата на податоци“, соопштија од OpenAI.

„Сите докази укажуваат на тоа дека тие беа исклучително фокусирани на наоѓање решение за ExploitGym и презедоа екстремни чекори за да ја постигнат таа конкретна цел“, се додава во соопштението.

Од OpenAI изјавија дека инцидентот го сметаат за сајбер-напад од исклучителни размери, кој вклучува најнапредни офанзивни способности забележани досега, и дека нивниот одговор ќе биде соодветен на тоа. Експертите за сајбер-безбедност долго време предупредуваа на можноста за вакви напади.

За да се сфати сериозноста на овој инцидент, најпрво треба да се разбере што всушност претставува Hugging Face.

Станува збор за американска платформа со седиште во Њујорк, основана во 2016 година, која во заедниците за ИТ и вештачка интелигенција често се нарекува „GitHub за вештачка интелигенција“.

Таа служи како глобален центар каде што повеќе од милион експерти, истражувачи и компании разменуваат отворени модели на вештачка интелигенција, збирки на податоци и софтверски алатки.

YouTube video

Следствено, пробивот во моделите на OpenAI на нивните сервери не претставуваше само напад врз ИТ-компанија, туку и директен упад во критичен дел од глобалната инфраструктура врз која се потпираат современиот развој и тестирањето на вештачката интелигенција.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невремето предизика проблеми и на скопскиот аеродром

Невремето предизика проблеми и на скопскиот аеродром, каде поради протекување на кровот беше предизвикан прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу час и половина информираат од Министертвото за внатрешни работи.

Невремето предизика проблеми и на скопскиот аеродром

Во транзитниот центар Табановце се регистрирани оштетувања на дел од привремените објекти за сместување на мигранти на подрачјето на СВР Куманово пријавени се 9 оштетени возила и 3 оштетени кровови .

Во штипскиот регион регистрирани се 14 оштетувања на патнички возила и 6 оштетувања на кровни конструкции.На подрачјето на Тетово евидентирани се 5 настани, од кои 3 оштетувања на патнички моторни возила и 2 оштетувања на кровови.

Во Велес и околината пријавени се две оштетувања на патнички моторни возила предизвикани од паднати дрвја.Во струмичко пријавени се паднати електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин на снабдувањето со електрична енергија во селото Свидовица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати Скопје

Петнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати Скопје. 

Петнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати Скопје

Најсериозно е повредена повозрасна жена што се здобила со повреда на главата по пад на дрво.

100 тици дрвја беа откорнати низ целиот град, откорнати беа кровови од станбени објекти.

Летаа предмети од силниот ветер,според информациите ветрот достигнал брзина и до 90 километри на час, а на единствениот број за итни повици 112 штети пријавиле над илјада граѓани.

Невремето беше кратко, но многу интезивно за само 10 минути направи вистински хаос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер