Македонската ракометна репрезентација полека се комплетира - Канал 5

Македонската ракометна репрезентација полека се комплетира

Машката ракометна репрезентација на Македонија полека почнува да се комплетира. На денешниот тренинг во СЦ „Јане Садански“ беа присутни 13 ракометари, кои ги започнаа подготовките за Европско првенство кое во јануари ќе се одржи во Хрватска.

Македонската ракометна репрезентација полека се комплетира
Комплетирањето на тимот се очекува во понеделник, за кога е закажана и првата прозивка на селекторот Раул Гонзалес.

Откако пред неколку дена со тренинзи започнаа Столе Стоилов, Гоце Ојлески, Горан Крстевски и Мартин Поповски, од денеска ним им се приклучија и голманите Борко Ристовски, Мартин Томовски, Златко Даскаловски и Никола Митревски.

На Гарсија Парондо асистентот на селекторот Гонзалес, на располагање му се ставија и интернационалците Гоце Георгиевски и Велко Маркоски, како и играчите на Металург, Филип Кузмановски, Мартин Велковски и Жарко Пешевски

„Нашата група е многу тешка, а за неа се збори долго време и постојано се прават комбинации. Сите мислат дека најважна е средбата со Црна Гора, но јас мислам дека грешат, треба максимално да влеземе на секој натпревар. Ќе бидеме незгоден противник и мислам дека можеме да дојдеме до изненадување“, изјави Пешевски.

Европското првенство репрезентацијата на Македонија ќе го отвори со дуелот против Словенија (13 јануари 2018), по која ќе следуваат натпреварите против Црна Гора (15 јануари), па актуелниот европски шампион Германија (17 јануари ).

Македонија натпреварите ќе ги игра во рамките од Ц групата во Загреб./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светот се воодушевува на синоќешно спектакуларното затамнување на сонцето

Mилиони луѓе вчера го следеа затемнувањето на Сонцето од неколку делови во Европа. 

Светот се воодушевува на синоќешно спектакуларното затамнување на сонцето

Во поголемиот дел од Европа имаше делумно затемнување, а целосното затемнување беше видливо од делови во северна и централна Шпанија, Гренланд и Исланд, каде што илјадници туристи се собраа за да го набљудуваат реткиот феномен.

Патеката на целосното затемнување помина низ голем дел од северната половина на Шпанија, од Галиција на запад, преку внатрешноста на земјата, па сè до источниот брег и Балеарските Острови.

Меѓу градовите што се најдоа на патот на целосноста беа А Коруња, Овиедо, Билбао, Леон, Сарагоса, Валенсија и Палма. Во остатокот од земјата, затемнувањето беше делумно. Локацијата на Шпанија им даде на сцените дополнителна драма. Затемнувањето се случи во вечерните часови, додека Сонцето веќе се приближуваше кон хоризонтот, па целосен мрак се случи непосредно пред зајдисонце.

Во Англија, Месечината покриваше и до 90% од Сонцето.

И експедиција од Скопското астрономско друштво вчера во Шпанија посведочи на соларното затемнување, кога денот на неколку минути се претвори во ноќ.

Метеж се направи и во Скопје, поточно надвор од градот на Козјак. Стотици возила кои се искачиле на повисоко и неосветлено место за да можат поубаво да го видат затемнувањето но и метеорскиот дожд Персеиди, синоќа истовремено тргнаа од подрачјето на Козјак кон Скопје, создавајќи долги колони на патот од Брезница кон главниот град.

На повеќе делници возилата се движеа бавно, а колоните се протегаа во должина од повеќе километри. Возачите беа повикувани на трпение, одржување безбедно растојание и внимателно возење додека траеше расчистувањето на колоните.

И на Скопското Кале имаше голем број посетители кои чекаа да го видат затемнувањето, кое над Македонија се случи речиси истовремено со зајдисонцето.

Последното целосно затемнување на сонцето што ја погоди Европа се случи на 11август 1999 година кога. Тогаш во Македонија, Месечината го покри сончевиот диск со висок процент — помеѓу 85% и 90% додека додека во Војводина, Бугарија и Романија, затемнувањето беше целосно.

Иако Европа чекаше повеќе од 20 години за ваков настан, следната можност нема да бара децении чекање. Според податоците на НАСА, веќе на 2 август 2027 година ќе се случи ново целосно соларно затемнување, кое повторно ќе помине преку јужна Шпанија, а потоа ќе продолжи преку Северна Африка, Саудиска Арабија и Јемен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ММА: Последен поздрав до нашиот колега и пријател Лирим Хајредини

Хаjредини беше 16 години оперативен директор на Алсат.

ММА: Последен поздрав до нашиот колега и пријател Лирим Хајредини

Со тага и болка ја примивме веста за смртта на оперативниот директор на Алсат, нашиот колега и голем пријател, Лирим Хајредини. Хаjредини беше 16 години оперативен директор на Алсат , работеше и во невладиниот сектор а беше искусен професионалец во областа на менаџментот и маркетингот. Заедно со него како еснаф се боревме за професионализација и подобри услови на сите наши колеги во медиумскиот простор.

Вработените во националните комерцијални ТВ станици изразуваат длабоко сочуство до семејството и најблиските .

ММА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Исланд пред клучна одлука: Дали земјата се враќа на патот кон Европската унија?

За прв пат по Брегзит, Европската Унија има сериозна можност повторно да расте. 

Исланд пред клучна одлука: Дали земјата се враќа на патот кон Европската унија?

Додека Црна Гора е блиску до членство, Албанија брзо напредува, а Украина и Молдавија амбициозно ги почнаа процесите, Исланд по повеќе од деценија откако ги напушти амбициите, повторно се враќа на голема врата. Но пред нив е референдум за две недели, на кои Исланѓаните ќе се изјаснат дали се за рестартирање на напуштените пристапни преговорите. Пред клучниот 29-ти август, нацијата е поделена, иако последните анкети покажуваат предност на проевропски настроените граѓани со 53 наспрема 47.

-Мислам дека Исланд е многу блиску до ЕУ. Некои ќе речат дека сме 75% во ЕУ. Никогаш не сме гласале за ова. Граѓаните никогаш не добија можност да се изјаснат дали сакаат целосно да се приклучат кон ЕУ или не. Ова е референдум за постигнување договор. На пример: „дали сакате повторно да ги отвориме преговорите и да ги завршиме“, а потоа штом имаме договор, ќе имаме уште еден референдум на кој ќе кажеме „да“ или „не“. , изјави Катрин Гунардотир, премиерка на Исланд.

Исланд ги напушти преговорите со Еу во 2013-та година откако тогашните власти по финансискиот колапс пет години претходно оценија дека економијата закрепнала и островската држава може да се потпре на сопствените сили. За само три години од 33 поглавја, успеа да отвори дури 27, а да затвори 11. Затоа, не случајно, во случај на позитивен референдум, Брисел не исклучува можност Исланд со популација од само 400 илјади жители, но стратешка положба и економија силно повзрана со остатокот на светот, во пакет со Црна Гора да стане членка на ЕУ во наредните две години.

-Сега го имате Балканот како тропа на врата, други источноевропски земји, дури и Украина. Мислам дека овој вид проширување е многу поразличен. Се работи за северозапад. Исто така со економијата, земја која има висок БПД по глава на жител, ниска невработеност, високи стандарди за социјална помош. Се справуваме добро со сите работи и веројатно ќе биде брз процес. , вели Катрин Гунардотир.

Темпото на проширување во најголем дел ќе зависи и од новите правила кои ги крои Европската Унија, поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето на клучните одлуки во блокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер