Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ
Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
1Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ
2Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
РакометМакедонската ракометна репрезентација подобра од Црна ГораРакометната репрезентација на Македонија вечерва во салата „Парк“ во Струмица забележа победа против Црна Гора со 26:21.Првото полувреме заврши нерешено 11:11. Македонија во почетната фаза имаше минимално водство, потоа Црногорците го контролираа резултатот, имаа и плус три (6:3), за во 24.минута нашите ракометари да го вратат водството. Сепак на паузата се отиде без предност на било која репрезентација (11:11). Во второто полувреме 15 минути се играше „егал“, а потоа при резултат 18:18 избраниците на селекторот Ивица Обрван направија серија од 6:0 и до крајот рутинирано ја одржуваа предноста до конечна победа. Најефикасни кај „црвено-жолтите“ беа Кирил Лазаров со 8 погодоци, Наумче Мојсоски постигна 7, а Гоце Георгиевски 4. На голот Борко Ристовски имаше 6, а Никола Митревски 5 одбрани со напомена дека Митревски имаше помала минутажа. Во репрезентацијата на Црна Гора најефикасен беше Васко Шеваљевиќ 4 погодоци. Ова беше контролен натпревар за двете репрезентации пред настапот на Европското првенство во Данска во јануари следната година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаВиктор Петровски е нов селектор на женската сениорска репрезентација на МакедонијаКошаркарската федерација на Македонија започнува ново поглавје во развојот на женската сениорска репрезентација, со именувањето на младиот и трофеен тренер Виктор Петровски за нов селектор на националниот тим.Со оваа одлука Федерацијата ја потврдува својата определба за постепено подмладување на репрезентацијата, воспоставување континуитет меѓу младинските и сениорската селекција и создавање нова генерација кошаркарки кои во наредните години треба да бидат носители на македонската женска кошарка. Именувањето на новиот селектор следува по повлекувањето на досегашниот предводник на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов, кој од лични причини одлучи да ја заврши својата селекторска функција. Ашаданов ја предводеше репрезентацијата во изминатите пет години, почнувајќи од 2021 година, период во кој со посветеност, професионалност и одговорност работеше на зачувување на репрезентативниот континуитет и развојот на женската кошарка. Кошаркарската федерација на Македонија му изразува искрена благодарност за вложениот труд, професионалниот однос и придонесот во работењето со националниот тим. Федерацијата ја почитува неговата одлука и му посакува многу здравје, лична среќа и понатамошни професионални успеси. ВИКТОР ПЕТРОВСКИ – МЛАДОСТ, АМБИЦИЈА И ВЕЌЕ ДОКАЖАНИ РЕЗУЛТАТИ Новиот селектор Виктор Петровски, роден во 2001 година, и покрај својата младост, зад себе веќе има исклучително успешна тренерска кариера, исполнета со значајни резултати во младинските и сениорските натпреварувања. Неговата тренерска биографија претставува потврда дека возраста не мора да биде пречка за постигнување врвни резултати, доколку е проследена со знаење, посветеност, амбиција и професионален пристап. Уште во 2019 година, како тренер на селекцијата до 14 години, Петровски освојува бронзен медал на завршниот турнир, додека во 2021 година со селекцијата до 18 години стигнува до златниот медал. Во 2022 година првпат ја презема функцијата главен тренер на сениорски тим, а уште во својата дебитантска сезона е прогласен за најдобар тренер во регуларниот дел од првенството, остварувајќи серија од девет последователни победи. Во наредните сезони продолжува со континуирани успеси. Во 2023 и 2024 година обезбедува пласман во полуфиналето на националното првенство, а во 2025 година го предводи својот тим до финалето. Круна на неговата досегашна работа е 2026 година, кога ја освојува титулата национален шампион на Македонија, како и трофејот во Суперкупот. Во сезоната 2025/2026 го добива и признанието „Тренер на неделата“ во регионалната WABA лига. Петровски е носител и на посебни признанија како најмлад главен тренер во македонската кошарка кој освоил сениорска национална шампионска титула, како и најмлад тренер освојувач на Суперкупот. Но, за Кошаркарската федерација, покрај неговите трофеи, особено значајна е неговата досегашна успешна работа со младите кошаркарки. Петровски веќе има воспоставено соработка со генерацијата до 18 години, од која дел од кошаркарките во наредниот период ќе бидат вклучени и во сениорската репрезентација. Токму тој континуитет, познавањето на нивните квалитети, можности и потенцијал, претставува една од клучните причини за довербата што Федерацијата му ја укажува. Веруваме дека со изборот на Виктор Петровски не добиваме само нов селектор, туку и тренер кој има можност да расте и да се развива заедно со новата генерација македонски репрезентативки. БЛАГОДАРНОСТ ДО КОШАРКАРКИТЕ КОИ ГО ЗАВРШУВААТ СВОЈОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН АНГАЖМАН Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска репрезентација се соочува и со значајни промени во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот период беа дел од националниот тим одлучија да го завршат својот репрезентативен ангажман. Станува збор за: Анџелика Митрашиновиќ Александра Стојановска Мерит Хемпе Ивана Кметовска Илина Селцова Кошаркарската федерација на Македонија на сите пет кошаркарки им изразува искрена и голема благодарност за нивниот придонес во националниот тим. Носењето на репрезентативниот дрес претставува особена чест, но и голема одговорност, која подразбира бројни одрекувања, патувања, подготовки и натпревари во интерес на националната селекција. Нивното искуство, вложениот труд и годините поминати во репрезентацијата заслужуваат почит и признание. Без оглед на резултатите и предизвиците низ кои минувала репрезентацијата, нивниот придонес останува дел од историјата на македонската женска кошарка. Федерацијата им посакува многу здравје, лична среќа и успех во нивните понатамошни спортски и животни предизвици. Вратите на македонската кошарка секогаш треба да останат отворени за оние кои со чест и посветеност го носеле националниот дрес. ГЕНЕРАЦИСКА СМЕНА – ХРАБРА, НО НЕОПХОДНА ОДЛУКА Со повлекувањето на дел од поискусните репрезентативки, како и со привремената недостапност на одредени кошаркарки кои настапуваат и се школуваат во Соединетите Американски Држави, македонската женска репрезентација влегува во период на значително подмладување. Во претстојниот ноемвриски квалификациски прозорец, националниот тим ќе настапи со состав во кој важна улога ќе добијат млади кошаркарки, од кои дел сè уште немаат доволно меѓународно сениорско искуство. Свесни сме дека ваквата промена носи сериозни предизвици. Свесни сме дека младоста сама по себе не гарантира резултати, дека искуството не се стекнува преку ноќ и дека на новата генерација ќе ѝ бидат потребни време, трпение и многу работа. Но, истовремено сме убедени во една едноставна вистина: ЗА ДА СЕ СТИГНЕ НЕКАДЕ, МОРА ОДНЕКАДЕ ДА СЕ ПОЧНЕ! А секој почеток, особено во спортот, е тежок. Ниту една успешна репрезентативна генерација не е создадена преку ноќ. Зад секој голем спортски резултат стојат години систематска работа, вложување, доверба, дисциплина, но и подготвеност да се помине низ периоди на неизвесност и резултатски неуспеси. Затоа, одлуката за подмладување не треба да се толкува како откажување од спортските амбиции. Напротив, таа претставува определба за создавање нова, долгорочно конкурентна репрезентација. Не бараме од младите кошаркарки веднаш да ги достигнат резултатите на своите претходнички. Бараме од нив со работа, дисциплина и љубов кон националниот дрес да создадат услови еден ден да ги надминат. За тоа ќе биде потребна поддршка не само од Федерацијата и стручниот штаб, туку и од клубовите, спортската јавност и сите оние кои искрено ја сакаат македонската женска кошарка. НОЕМВРИСКИОТ КВАЛИФИКАЦИСКИ ПРОЗОРЕЦ – ПРВ СЕРИОЗЕН ТЕСТ ЗА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА Првиот предизвик за новиот селектор Виктор Петровски и подмладената репрезентација ќе бидат двата натпревара во ноемврискиот квалификациски прозорец. Македонија најпрвин ќе гостува на селекцијата на Романија во Букурешт, а потоа на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Естонија. Овие натпревари ќе претставуваат сериозен тест, но истовремено и исклучително значајна можност за младите кошаркарки да го почувствуваат вистинскиот предизвик на сениорската меѓународна кошарка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЗдравјеКлековски: Со низа активности за подигнување на свесноста и превенцијатаСо низа активности за подигнување на свесноста и превенцијата, заедно со Клиниката за неврологија работиме на спасување што повеќе животи и намалување на попреченоста од мозочен удар.Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на централното одбележување на Светскиот ден на мозочниот удар, во организација на Клиниката за неврологија, посветено на превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредувањето на здравствената грижа за пациентите. – При мозочен удар посебно значајни се превенцијата и навремениот третман, бидејќи времето за реагирање е неколку часа и за тоа се потребни достапна радиолошка дијагностика и можност за брзо почнување со терапија. Оваа акција за подигнување на свесноста и превенцијата е само еден чекор. Заедно со Клиниката за неврологија работиме и на унапредување на патеките на движење на пациентите со мозочен удар, со цел да спасиме што повеќе животи и да ја намалиме попреченоста. Истовремено, сакам да го изразам моето задоволство од успешната работа на Клиниката за неврологија, која успева да отвори теми многу значајни за нашето здравство, посочи министерот Клековски. Тој појасни дека Клиниката за неврологија е една од најкомплексните клиники и потсети на процесот на децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза, која почна во ГОБ „8 Септември“, Клиничката болница Штип и болницата во Охрид, а веќе се прават чекори за вклучување на болниците во Тетово, Прилеп и Струмица. Во наредните денови ќе има информации и за напредокот кај Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест, во соработка со Универзитетскиот клинички центар Љубљана. Директорот на Клиниката за неврологија, д-р Јован Божиновски, истакна дека акциите се реализираа во повеќе градови во државата и постигната е целта на настанот. – Во рамки на акцијата за бесплатни превентивни прегледи на плоштадот во Скопје беа прегледани 147 граѓани и направени 160 доплер-прегледи, при што еден пациент е хоспитализиран поради значаен наод. Кај околу 50 отсто од прегледаните имаше некаков наод, а околу 30 отсто ќе ги повикаме на дополнителни испитувања на Клиниката за неврологија. Секоја минута е важна, времето е мозок – навременото препознавање на симптомите прави разлика меѓу животот и смртта, меѓу попреченоста и физичката и психичката благосостојба. Подеднакво е важна соодветната превенција, затоа што во 90 отсто од случаите мозочниот удар може да се спречи, истакна д-р Божиновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваБизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради! Кризата во англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед се продлабочува, а незадоволството на навивачите достигна точка во која тие прибегнуваат кон многу необични методи за вршење притисок врз управата.Меѓу најгласните е познатата навивачка на клубот, Скајлар Скај, која најави радикален протест – таа секојдневно ќе објавува фотографии од голи гради сè додека Мајкл Керик не си замине од тренерската клупа. Оваа необична кампања брзо привлече внимание на социјалните мрежи, па неутралните љубители на фудбалот веќе се шегуваат дека Керик би требало да остане на „Олд Трафорд“ што е можно подолго. Сепак, за навивачите на овој англиски великан, ситуацијата е далеку од забавна, бидејќи „Јунајтед“ се наоѓа во сериозна резултатска криза. Последната победа на „Црвените ѓаволи“ беше забележана на 10 септември, кога во Лигата на шампионите го совладаа азербејџанскиот тим „Сабах“ со 4:0. Потоа следеше црна серија без триумф – пораз во градското дерби против „Манчестер Сити“ (1:0), нерешени резултати против „Тотенхем“ и „Фулам“ (двата натпревари завршија 1:1), како и неуспех во Мадрид против „Атлетико“ (2:0). Лошата форма продолжи со уште едно реми во првенството против „Лидс“ (1:1), дебакл во Лигата на шампионите против „Комо“ (4:1) и тежок пораз од „Борнмут“ (0:3). Сепак, Керик досега ја има добиено довербата на раководството пред натпреварите против Челси и Рома, но не би било изненадување доколку тој стане поранешен тренер во случај на неуспех. Во таков случај, англиските медиуми го спомнуваат Јулијан Нагелсман како потенцијален кандидат.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook