Други спортовиМакедонската одбојкарска репрезентација ослабена во Европската лигаБез најдобриот свој играч Јовица Симовски, македонската одбојкарска репрезентација доцна вечер тргнува за Варна, каде претстојниот викенд ќе одигра три натпревари на првиот од двата турнира во Европската лига. Селекторот Жарко Ристоски на денешната прес-конференција рече дека очекува добри изданија на неговите избраници и пласман на „фајнл-фор“ турнирот. - Се наоѓаме во група со репрезентации кои имаат големи амбиции да играат на завршниот турнир. Нам тоа ни успеа минатите две сезони, а сакаме и трет пат по ред да играме на „фајнл-фор“. Тоа нема да биде лесно, особено по откажувањето на Јовица Симовски што ќе придонесе да направиме значителни промени во нашиот систем на игра. Сите знаеме што загубивме со неговото откажување. Оваа загуба во моментов тешко е да се компензира. Покрај отсуството на еден од најдобрите наши играчи, имаме мали проблеми и со повредени играчи, но што е тука. Ќе комбинираме со неколку принудни рокади. Сите репрезентативци имаат голема желба да се продолжи континуитетот на добри игри. Одиме во Варна со амбиции да повториме еден од успесите од минатите две години, изјави Ристоски. Капитенот Никола Ѓорѓиев очекува тежок турнир, особено на физички план. - Ние сме малку дефицитарни со замени, а тоа на еден ваков турнир може да биде голема загуба за нас. Работевме напорно и очекувам младите наши соиграчи да ја искористат шансата и да покажат дека можат да го понесат товарот во Европската лига. Според мене првиот меч против Албанија ќе биде пресуден околу нашите амбиции во ова натпреварување. Целта е „фајнл-фор“ и ќе бидам тажен доколку не се случи тоа. На средбата со новинарите присуствуваше и Јовица Симовски кој даде поддршка за неговите колеги. Тој рече дека семејните проблеми што ги има не значат и дефинитивен крај на репрезентативната кариера и остави можност во квалификациите за Европското првенство повторно да го облече „црвено-жолтиот“ дрес. Македонија е во група со Бугарија, Албанија и Данска. Првиот натпревар го игра на 10 јуни (петок) од 15 часот против Албанија, в сабота се среќава со Данска, а во недела игра со домаќинот на турнирот Бугарија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени09:08Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степениСпоред УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Берово, -1 Лазарополе, Битола, 0 Попова Шапка, Струмица, Скопје – Петровец, 1 Демир Капија, Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, 2 Прилеп, Штип, Велес, Охрид, Крушево, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 4 Виница, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 6 Маврови Анови, 5 Охрид, 4 Попова Шапка, Прилеп, 3 Крушево, Лазарополе, 2 Битола, Струмица, Претор, Берово, 1 Пожаране, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а попладне наместа повремено засилен со силен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 22. ноември 2026 година Дневен хороскоп за недела, 22. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата фаза на ловечки приказни би можела да продолжи и денес. Бидете внимателни да не започнете да ги нервирате другите. Врските се добри. Кариера Веројатно ќе направите мал попис на една тема што ќе ви донесе мало задоволство. Здравје и совет Не претерувајте со колачи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои можеби се уморни од сè, некои се вкочанети и не очекуваат ништо повеќе, а некои уживаат во осаменоста. Кариера Целите кон високо ниво, за што се потребни одредени квалитети и квалификации. Бидете сигурни дека имате сè што ви треба. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да комуницирате со пријателите и да ги разрешите вашите љубовни грижи со нивна помош. Кариера Ќе се посветите на два фронта: оној редовен и оној што вклучува големи планови за иднината. Здравје и совет Обидете се да живеете поуредно, и тоа е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Покрај малите дневни задоволства во двојка, денеска заедно ќе разговарате за некои подлабоки филозофски теми. Кариера Вашата кариера веќе не е проблематична, туку напротив. Ова се вашите пет минути во деловното работење и искористете најголем дел од нив. Здравје и совети Спортувајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска ќе ве направи среќни чувството за дружељубивост, па доколку имате можност ,излезете меѓу луѓе. Кариера Сè што вклучува соработка, контакти и споделување на идеи, ќе ви биде подобро денеска од вообичаеното. Здравје и совет Ќе се чувствувате посилни. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе има мала привремена конфузија во комуникацијата со партнерот, и малку фрустрација. Сепак, ќе издржите сè херојски. Кариера Мали дискусии со претпоставените за поставување норми и работни критериуми. Бидете што е можно пореални. Здравје и совет Нервоза Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте колку што е можно поразумни, денеска ќе се потрудите да не зборувате премногу. Тежи секој збор. Кариера Вашите газди ќе бараат одредени активности за кои сметате дека се неразбирливи. Сепак, не се расправајте,туку прифатете. Здравје и совет Ќе бидете малку фрустрирани, но ќе помине. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ако сте во двојка ќе излезете и ќе си поминете одлично. Ако сте сами, излезете па макар и за момент. Кариера Ја сфаќате важноста од воспоставување добра соработка со другите. Тие ви даваат, но сега почнете и вие да давате. Здравје и совет Подобро е да верувате, отколку да се сомневате. Рак 22.6-22.7. Љубов Поканата за дружење ќе биде по ваш избор. Ако ја прифатите и излезете, добро ќе си поминете. Кариера Размислувате како да вклучите професионалци во бизнисот. Анализирајте ги можните кандидати. Здравје и совети Имате смисла за хумор. Лав 23.7-22.8. Љубов Малите фрустрации ќе бидат поврзани со истовремената потреба за интимност и социјализација, поточно со околината. Кариера Она што другите предлагаат, анализирајте го полека и во мир за да бидете целосно објективни. Здравје и совет Ослободете се од нездравата исхрана. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе најдете упориште во смислата за сочувство кон другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другите. Кариера Не сте сигурни дали отворено да кажете што мислите. Ви недостасуваат повеќе информации за да имате целосна слика. Почекајте Здравје и совет Бидете трпеливи. Вага 24.9.-23.10. Љубов Одличен ден за дружење, излегување и склопување нови познанства, па дури и преку интернет. Оние што се млади можат да поминат особено добро. Кариера Не двоумете се дали треба да воведете некои иновации во работниот процес. Во исто време, ќе биде важно да го направите тоа на убав начин. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени09:08Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33