3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
КултураМакедонската музичка традиција одекна на Долни Сарај, Ана и Игор Дурловски приредија вечер за паметење на Охридско летоМакедонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапија врвните уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестар „Ајга“.Пред бројната публика, која со долг аплауз ја поздравуваше секоја изведба, беа оживеани некои од најубавите бисери на македонското музичко наследство, во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски. Концертот понуди внимателно осмислена музичка програма во која се испреплетоа традицијата, емоцијата и современиот сценски израз, создавајќи вечер исполнета со силни уметнички доживувања. „Ова е дел од нас, дел од нашата душа, дел од нашата култура – дел од нашиот идентитет како уметници. Станува збор за прекрасен проект кој е навистина уметнички издржан. Не само што нè исполнува како Македонци, туку нè исполнува и како уметници. Наша обврска и задача е секој македонски уметник да ги негува и изворното творештво и современата музика, која еден ден ќе стане дел од нашето историско и културно наследство. Тоа, во секој случај, треба да биде составен дел од програмата на секој македонски уметник“, вели Ана Дурловски. Публиката уживаше во безвременските песни „Си заљубив едно моме“, „Ленка Пингова“, „Што да правам, што да чинам“, „Нели ти реков моме Донке“, „Ој ти момче Охриѓанче“, „Невеста жито требеше“, „Дејгиди луди млади години“, „Излегу да се мамо рашета“, „Кажи Анѓо“, „Стојне бре Стојне“ и „Назад, назад Калино моме“, кои во интерпретација на Ана и Игор Дурловски добија нов сценски живот. „Размислувавме долго и на крајот дојдовме до заклучок дека „Македонски љубовни песни“ е најсоодветниот наслов за овој проект. Во почетокот тој го носеше работниот наслов „Песни од срцата“. Изборот на репертоарот беше навистина тежок, затоа што при истражувањето на македонските архиви увидовме дека преовладуваат песни со потешка тематика, а љубовните песни се значително помалку застапени. Сепак, се обидовме да ги одбереме најромантичните, најубавите и најмелодичните, и верувам дека направивме одличен избор“, вели Игор Дурловски. За Ана и Игор Дурловски, настапот на „Охридско лето“ секогаш претставува посебна чест и големо задоволство. Тие нагласуваат дека фестивалот има значајно место во нивните уметнички кариери и дека секое враќање на неговите сцени претставува вистинска привилегија. Концертот покажа дека македонската музичка традиција може да добие современ сценски израз, без да ја изгуби својата автентичност. Оркестар „Ајга“ со внимателно обликувана изведба и новите аранжмани внесе свежина во познатите мелодии, задржувајќи го нивниот препознатлив дух. Во единствениот амбиент на Долни Сарај, под отвореното охридско небо и покрај брегот на Охридското Езеро, концертот прерасна во вистинска прослава на македонската музичка култура. Публиката со стоечки овации и долг аплауз им се заблагодари на уметниците за исклучителната вечер, која ќе остане едно од највпечатливите музички случувања на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28