„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката
2„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката
Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
2Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
КултураМакедонската литература на саемот во ФранкфуртМакедонската современа книжевност, можностите за соработка со странските партнери и промоција на Република Македонија како современа културна и книжевна средина ќе бидат претставени на Саемот на книга во ФранкфуртМакедонската современа книжевност, можностите за соработка со странските партнери и промоција на Република Македонија како современа културна и книжевна средина ќе бидат претставени на Саемот на книга во Франкфурт, кој годинава се одржува од денеска до 14 октомври. Оваа година Министерството за култура првпат се јавува во функција на комесар на националното претставување. Министерството за култура информира дека преку предвидените активности ќе се настојува да се обезбеди подобар пробив на авторите од Република Македонија и нивното творештво во меѓународен контекст, долгорочно. Република Македонија ќе биде претставена со свој национален штанд на кој ќе бидат презентирани изданија од продукцијата на голем дел од издавачите од државава, монографски изданија за Македонија, за културното наследство што го поседуваме, како и преводи на странски јазици. Во рамки на претставувањето, на 13 октомври во 12 часот ќе биде одбележено присуството на Република Македонија на овој саем со настан на кој ќе бидат поканети претставници на повеќе земји, автори, издавачи... На овој настан ќе бидат претставени неколку автори од Република Македонија од различни генерации кои припаѓаат на различни поетики, а е предвидено и претставување на Конкурсот за странски издавачи што го спроведува Министерството за култура веќе петта година. На Саемот на книга во Франкфурт ќе присуствува и министерот за култура Асаф Адеми, кој ќе оствари средби со Тобијас Вос, директор за меѓународна соработка на Саемот во Франкфурт; Јурген Бос, генерален директор на Саемот во Франкфурт, Антје Конциус, извршен директор на Традуки, Оливер Зиле, директор на Саемот во Лајпциг, како и со претставници на други држави кои го презентираат своето национално творештво на Саемот на книга во Франкфурт. Република Македонија оваа година ќе се претстави и на Саемот на книга во Тирана во ноември, а ќе биде и земја во фокусот на Саемот на книгата во Пула. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска пресуда за случајот со палење на дипломатски возила пред бугарската амбасадаДенеска треба да се донесе пресуда за случајот со палење на двете дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје инцидентот што се случи на 15 јуни годинава .За кривично дело насочено против безбедноста на лицата и објектите под меѓународноправна заштита 44-годишниот скопјанец претходно ја призна вината за делото, изјавувајќи пред судот дека сам ја донел одлуката да ги полее со бензин и да ги запали возилата.Тагови: Бугарска амбасада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публикатаВиртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ . Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона. Публиката имаше можност да ужива во внимателно одбран репертоар, кој понуди дела од различни стилски периоди и ја истакна виртуозноста и музичката интерпретација на двајцата уметници. Со својата извонредна техника, музикалност и сценска енергија, Патира и Курек ја воодушевија публиката, која нивната изведба ја награди со долги и громогласни аплаузи. Особено внимание предизвика музичката комуникација меѓу двајцата уметници, чии изведби се надополнуваа во впечатлива целина, оставајќи силен впечаток кај присутните. Мариуш Патира во 2001 година ја освои главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“, како прв полски виолинист кому му припаднало ова признание. Настапувал на престижни концертни сцени во Европа, Јапонија, САД и Мексико. Радослав Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на повеќе меѓународни признанија, а неговата концертна кариера опфаќа настапи во Европа, Америка, Азија и Африка. Со овој концерт „Охридско лето“ ја продолжува својата концертна дејност и надвор од редовните фестивалски денови, традиција започната минатата година. Овој концерт се реализираше со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје, а влезот за посетителите беше бесплатен како израз на благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и како придонес кон создавање достапни и квалитетни културни содржини. По синоќешниот концерт, концертната програма продолжува на 4 декември во Музејот на македонската борба за самостојност, со настап на извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСи Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со ТрампКинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон. 🇷🇺🇨🇳 Putin and Xi continue talks in Shenzhen over working breakfast https://t.co/5PBewbY0ay — Sputnik (@SputnikInt) November 18, 2026 Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00