КултураМакедонската литература на саемот на книга во Франкфурт Постојат многу причини да се биде овој октомври во Франкфурт и да се посети најголемиот саем на книгата во светот. Од 19 до 23 ова ќе биде местото каде издавачите, авторите и љубителите на книгата ќе доживеат една „поинаква страна на книгата“. Најголемиот саем на книгата во светот од денеска ги отвори вратите за издавачката фела, а од викендов ќе биде отворен за сите посетители. Македонскиот промотивен штанд е сместен во петтата хала за меѓународни учесници. На 32 метри квадратни се претставени 500 наслови од над стотина македонски автори меѓу кои и „130 тома македонска книжевност“ преведени на англиски јазик како и „Антологија на македонската литература“ преведена на германски јазик. Комесар кој годинава го подготви претставувањето на Македонија во Франкфурт е Асоцијацијата на македонски издавачи преку издавачката куќа „Арс Ламина“, а со поддршка на Министерството за култура. „Годинава на посетителите во Франкфурт им нудиме поинакво доживување од Македонија. Инспирирани од песната „Созвучја“ на Шарл Бодлер во која во еден стих се вели „...човекот низ шума од симболи е патник...“ (“…man passes there through forests of symbols…”), македонската литература и култура, а воедно и македонската издавачка дејност, се претставени токму преку специфични симболи. Оваа песна која е инспирирана од расказот „Крајслеријана“ на германскиот писател, композитор, диригент и музички критичар, Е.Т.А. Хофман метафорички е преточена во дизајнот на штандот. Преку буквите од македонската азбука, глаголицата и кирилицата, како симболи кои ги содржи секое македонско литературно дело, на несекојдневен начин сакаме да го претставиме патувањето и напорите на македонските автори и издавачки куќи за освојување на меѓународната книжевна сцена“, вели Бранка Бугариска од издавачката куќа Арс Ламина. Темата „Промоцијата на македонската литература и пробивот на македонските автори и издавачки куќи на меѓународната книжевна сцена“ е во фокусот и на главниот настан на македонскиот штанд, кој ќе се одржи во сабота на 22.10 под мотото „Созвучја“. Претставници од неколку македонски издавачки куќи како и познатите македонски автори Влада Урошевиќ, Гоце Смилевски и Ненад Јолдевски чии дела се веќе преведени на неколку светски јазици и ќе бидат промовирани на саемот, ќе говорат за своите искуства. Академик Влада Урошевиќ е еден од најзначајните преставници на македонскиот модернизам: поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач, Гоце Смилевски е претставник на помладата генерација македонски автори кој е веќе преведуван на повеќе странски јазици и има добиено повеќе европски награди кои сведочат за неговиот успех, како и младиот автор Ненад Јолдевски кој е добитник на овогодинешната награда за литература на Европската Унија. Во рамките на овој настан, на саемот ќе биде претставен и најобемниот и најмодерен Голем германско-македонски речник во 4 тома на авторите Нина Димитрова-Шмигер и Роланд Шмигер. Брачниот пар Шмигер, кој цели 18 години работел на неговата изработка ќе говорат за процесот на создавање на еден ваков голем проект и за нивната успешна приказна при пробивот на книжевната сцена во Германија. Претходниот ден, во петок на 21.10. ќе биде промовирана литература за деца од македонски автори меѓу кои и едицијата „Бајки од Македонија“. Саемот на книгата во Франкфурт е најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија со 7.100 излагачи од повеќе од 100 земји, околу 275.000 посетители, има повеќе од 4.000 настани и околу 10.000 акредитирани новинари, вклучувајќи и 2.000 блогери - соопштуваат од Македонската асоцијација на издавачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецотПремиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот. - И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки. Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје. - Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има. - Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара? - Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам. Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветТрамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната неделаДоналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември. „Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп. Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средбаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗСИнфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3 отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто. На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44