Македонската книжевност за деца во фокусот на Филозофскиот факултет во Љубљана - Канал 5

Македонската книжевност за деца во фокусот на Филозофскиот факултет во Љубљана

Вчера на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана за првпат се одржаа предавања посветени на развојот на македонската книжевност за деца од нејзините почетоци во XIX век до денес. 

Македонската книжевност за деца во фокусот на Филозофскиот факултет во Љубљана

Неполн месец по одбраната на докторската дисертација за заемното меѓукултурно посредување меѓу словенечката и македонската книжевност за деца од Бисерка Бобнар, вчера на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана за првпат се одржаа предавања посветени на развојот на македонската книжевност за деца од нејзините почетоци во XIX век до денес. Предавањата ги одржаа истакнати посветеници и автори на книги за деца од земјава – Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и Ана Голејшка-Џикова.

Предавањето на Антоновски беше посветено на развојот на македонската книжевност за деца до почетокот на новиот милениум. Преку него, дел од словенечката академска јавност за првпат се запозна со почетоците на македонската книжевност за деца – фолклорот, Џинот, Прличев, Цепенков, како и за остварувањата во периодот меѓу двете светски војни, со посебен акцент на творештвото на Брадина, Киров-Мајски и Вапцаров, како и објавата на „Абецедарот“ во Атина пред 100 години, а во целост и компаративно и културолошки беше претставен книжевниот контекст во овој период, со посебен акцент на развојот на свеста за потребата од одделна книга за деца во Македонија или на македонски јазик. Средишниот дел на предавањето беше посветен на македонската книжевност за деца по ослободувањето на Македонија и по кодификацијата на македонскиот јазик, при што беа презентирани најзначајните објави во периодиката, првите книги за деца и клучно – појавата и развојот на списанијата за деца во Македонија. Антоновски се осврна и на развојот на македонската книжевност за деца преку одделните жанрови, а одделно се анализираа спецификите на сите периоди на книжевниот развој до 2000 година, преку „клуч“ за одделните генерации македонски автори за деца. Притоа, акцент беше ставен и на одделни канонски дела и автори на македонската книжевност за деца – од Јаневски, Николески, Куновски, преку Андреевски, Смаќоски, Подгорец, Николова, Донев, Тарапуза, Петревски, вклучително и влијанието на другите медиуми во осумдесеттите години... Предавањето ги опфати и состојбите во македонската книжевност за деца во првата деценија од македонската самостојност, кога се случи недостиг од нови автори што го прифаќаат предизвикот да пишуваат за најмладите.

Ана Голејшка-Џикова одржа предавање за книжевноста за деца во Македонија во периодот од 2010 до 2025 година, со оглед на интензитивниот развој на продукцијата во последните 15 години. Притоа, таа не само што ја анализираше промената на интересот на издавачите и авторите што доведе до новиот бран поетики и дела во македонската книжевност за деца, туку и компаративно се осврна на спецификите на новите автори и дела наспрема остварувањата во периодот на осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век, како и на почетокот на 2000-тите. Посебен акцент беше ставен и на развојот и влогот во книжевноста за деца, особено од поновите македонски автори во периодот на ковид-пандемијата, а со тоа и на промената на дискурсот и наративот во комуникацијата на книжевниот текст со детето, како и на враќањето на некои изворни, примарни форми за детскиот развој. Голејшка-Џикова одделно се осврна на новите теми во македонската книжевност за деца, коишто претходно не биле обработувани од македонските автори, а сега се присутни преку книги од новиот бран автори, при што и одделно се задржа на дел од позначајните објави. Таа ги презентираше и тенденциите и натаму во македонската книжевност за деца да бидат присутни т.н. „класични теми“, но со нов пристап и израз, при што посочи и конкретни римери од македонската книжевна продукција. На предавањето се говореше и за другите жанровски форми: епска поезија, басни, куси куси приказни за деца и фикционални романи. Голејшка-Џикова пред словенечките слависти и македонисти, говореше и за значајноста на влогот на илустраторите во поновата македонска книжевна продукција за деца, а во целост го делови и амбиентот во којшто се случува актуелната голема присутност на книгата за деца во македонскиот книжевен простор.

Студентите на Филозофскиот факултет во Љубљана имаа можност одблиску да се запознаат и со книгите за деца на Антоновски и Голејшка-Џикова.

Пред три години, токму како резултат на работата на Катедрата за македонски јазик и книжевност на љубљанскиот Филозофски факултет, за првпат од 1991 година беше објавена книгата со превод на македонска поезија за деца на словенечки јазик „Смешна случка во зоолошката градина“ и во неа се објавени поетски текстови на дел од поновите автори што го поттикнаа и предизвикаа раздвижувањето на македонската книжевност за деца изминатава деценија. Вчера, по предавањата, во Словенија, веќе е разговарано и за продлабочување на соработката и за нови проекти.

Вчера вечер пак, настанот „АД ХОК“ во градската библиотека „Отон Жупанчич“ во Љубљана беше посветен на поезијата на Ана Голејшка-Џикова, а денес активностите ќе продолжат во Македонскиот културен центар во Крањ, со централната манифестација „Прешерново оро“ – проект којшто веќе 20 години го спроведуваат МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ и Филозофскиот факултет во Љубљана, при што ќе се чествува и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон „избира“ минувачи и им фрла пари, никој не знае кој го управува (ВИДЕО)

Мистериозен жител на американската држава Делавер одлучил да им го олесни животот на своите сограѓани на необичен начин.

Дрон „избира“ минувачи и им фрла пари, никој не знае кој го управува (ВИДЕО)

Познато е дека работи во ИТ секторот преку ден, додека во слободно време лета дрон кој им испушта пари на случајно избрани минувачи! На интернет е познат под прекарот 302 Cashcopter.

Најчесто испушта 20 долари (но и поголеми суми), додека банкнотите се внимателно завиткани и прикачени на дронот. „Пакетот“ содржи порака: „Добивте подарок. Парите се внатре - ваши се“.

Непознатиот донатор не сака вниманието да биде насочено кон него, па затоа не го открива својот идентитет и се надева дека неговите постапки ќе ги инспирираат другите да „шират добрина“, објавува Дејли Меил.

Тој ја започна кампањата пред неколку недели, откако неговиот роден град Вилмингтон се најде во центарот на негативни вести и лоши коментари на интернет.

Тој сакаше да најде начин да ги насмее луѓето и, како што вели, да ја врати вербата во својот град.

„Возбудливо е да се знае дека се надевам дека ќе му го разубавам денот на некого“, изјави тој за локалните медиуми.

На почетокот, тој главно користел свои пари, но оттогаш основал фонд за „спонзорирани подароци“ што граѓаните можат да ги донираат.

Според него, фондот моментално има околу 275 долари.

Мистериозниот донатор верува дека досега дистрибуирал околу 800 долари преку околу триесет „достави“ и додава дека не остварува никаква добивка.

И не одлучува однапред за кого ќе одат парите. Еден ден го избира првиот човек што ќе го види на улица, друг ден може да биде некој што едноставно ќе му мавне.

Се обидува, вели, изборот да биде случаен, за да имаат сите шанса да бидат изненадени, без оглед каде се наоѓаат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гром уби 22- годишна кралица на родеото: Беше полна со соништа (ВИДЕО)

Ана Беатрис Араухо (22), која почина во саботата откако беше удрена од гром во градот Алмас, во југоисточната бразилска држава Токантинс, беше опишана како „радосна, полна со соништа и многу посветена“. 

Гром уби 22- годишна кралица на родеото: Беше полна со соништа (ВИДЕО)

Младата жена, која некогаш беше избрана за кралица на родеото на градот, неодамна се запиша на колеџ и зад себе остави син.

Кумата на Ана, Марсела Батиста, рече дека ја следела младата жена во текот на целиот свој живот и нагласи колку била посветено нејзиното кумче.

Ана Беатрис била пред својот дом во градот Алмас во саботата кога почнал да врне и била удрена од гром. Таа била лекувана и однесена во болница во Порто Насионал, но им подлегнала на повредите, објавува „Глобо“.

Според Марсела, Ана Беатрис имала големи надежи за иднината. Неодамна се запишала на првиот семестар физиотерапија и ги балансирала универзитетските обврски со грижата за своето семејство.

Кумата рекла дека Ана имала силна личност и знаела како да ги насмее луѓето.

„Таа беше млада жена полна со соништа и планови. Нејзините одлики беа веселоста и шегите. Засекогаш ќе биде запаметена по својата автентичност, интелигенција и волја“, рече кумата.

Покрај тоа што беше посветена на студиите, младата жена беше и мајка и многу се грижеше за своето семејство.

„Таа беше примерна и грижлива мајка. Беше многу приврзана кон своето семејство. Секогаш доаѓаше да ги поминува викендите со својата мајка, се грижеше за своите сестри, им ја средуваше косата и подготвуваше вкусна храна“, се присети Марсела.

Откако ја потврди нејзината смрт, Синдикатот на земјоделци од Алмас издаде соопштение со сочувство за нејзиното ненавремено заминување и изрази солидарност со нејзините пријатели и семејство.

Според Секретаријатот за јавна безбедност, околностите на смртта ги истражува 100-тата полициска станица во Алмас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)

Книгата „Откровение“, објавена во 1958 година од издавачот Жозеф Форе, а чија бронзена корица ја изработил шпанскиот надреалист Салвадор Дали, била украдена од Центарот за современа уметност во Изоар, во департманот Пи ду Дом, во централна Франција.

Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)

Обвинителството во Клермон-Феран го опиша делото како „исклучително и единствено“, наведувајќи дека украдената корица на книгата била украсена со злато, скапоцени камења и школки.

Книгата го обиколила светот

Само корицата тежи околу 150 килограми, додека целото дело тежи околу 210 килограми.

„Откровение“ е замислено во 1958 година од издавачот Жозеф Форе, врз основа на текстот од Книгата на Откровението на Свети Јован, и е илустрирано на огромни пергаменти од 14 големи уметници и писатели од 20 век, меѓу кои Жан Кокто, Бернар Буфе и Жан Жионо.

Дали ја изработил бронзената корица украсена со злато, скапоцени камења и школки.

Делото било изложено на речиси 150 изложби низ целиот свет помеѓу 1961 и 1972 година, по што било изгубено некое време.

YouTube video

Неспоредлива вредност

Бело чувано во Швајцарија, а потоа продадено на јапонски купувачи, кои имале намера да го продадат на делови на аукција.

Во 2003 година, го купил Кристијан Каруцос, директор на компанија за реставрација на уметнички дела во Исоарес.

Каруцос во тоа време рекол дека книгата е проценета на два милиони франци, или околу 304.900 евра, што ја прави најскапата книга во светот.

Регионалните власти на регионот Оверњ-Рона-Алпи наведуваат дека „Откровение“ била најтешката и најскапата книга во светот во 1960 година.

„Дело на еден живот“

Градоначалникот на Исудар, Бертран Баро, рекол дека делото му припаѓало на приватен сопственик кој чувал и други, помалку вредни дела во својот мал музеј на современа уметност.

Тој го опиша украденото дело како „непроценливо“ и додаде дека претставува „дело на целиот свој живот“.

Баро рече дека сопственикот, кој бил длабоко погоден од кражбата, го опишал како „француско културно наследство“. Тој не можел да каже дали тој бил крадецот или крадците го ограбиле музејот.

Истрагата ја води истражната единица на жандармеријата Клермон-Феран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер