КултураМакедонската книжевност претставена на Саемот во Париз Од огромно значење е што Македонија првпат се претставува на Меѓународниот саем на книгата во Париз. Ова синоќа го заклучија учесниците на трибината „Македонија како книжевна и духовна дестинација на Европа“, што се одржа во рамки на саемот.Модератор на трибината беше Јордан Плевнеш, а учествуваа и авторите Луан Старова, Владимир Мартиновски и професорот на универзитетот Сорбона Фабрис Д’алмеида, јави известувачот на МИА. Имаше претставници од реномирани книжевни институции, како интернационалниот поетски фестивал „Пролет на поетите“, кој секоја година се одржува во Париз, поетското биенале на Франција, познати француски поети, издавачи, новинари, претставници од францускиот ПЕН центар. Се одржа и поетско читање „Македонија, светски центар на поезијата“ на кое учествуваа поетите Владимир Мартиновски, Никола Маџиров и други француски автори. - Македонија првпат се појавува на овој саем и тоа само по себе претставува успех. Вечерашново претставување во секој поглед беше прекрасен успех зошто беше одбележано со присуство на еминентни француски писатели, наши пријатели, поголем дел учесници на „Струшките вечери на поезијата“. Се читаа песни од нивното творештво, имаше богата размена на мислења и една пријателска атмосфера што ретко е забележана на некои од досегашните саеми на кои сме учествувале, како во Гетеборг, Франкфурт или Истанбул, рече Старова. Штандот, како што рече, е многу вкусно уреден, прегледен и поставен на релативно добро место. Според Старова, дел од учесниците кои се интересираат за Македонија, тука ќе најдат доста богата литература. Со оглед на тоа што многу од современите и француските класици се преведни на македонски јазик сега, како што рече Никола Маџиров, во ред е да се одговори и со превод на македонски автори на француски јазик. – Ова е исторсики миг бидејќи Македонија е првпат на Меѓународниот саем на книгата во Париз, рече Мартиновски и изрази задоволство што може да придонесе во презентацијата на македонската современа литература. Според него, трибината покажала дека имаме еден круг на поддржувачи и пријатели на македонската култура и литература, еминенти писатели, теоретичари, пријатели на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“. Искрени пријатели кои, како што рече, можат да помогнат во перцепцијата на македонската литература во Франција. На македонскиот штанд, преку комесарите - издавачките куќи „Три“, „Арс Ламина“ и „Култура“ се претставени над 400 вредни книги на македонски автори, монографии и публикации на повеќе издавачи и на повеќе институции од Република Македонија, кои го презентираат богатото културно наследство, македонската традиција, историја, уметност, култура и туристичките потенцијали. Пред посетителите е претставена и капиталната едиција „Превод на 135 тома македонска книжевност на англиски јазик“ и Антологијата на македонската книжевност во шест тома, објавена на француски јазик во издание на НУБ „Св. Климент Охридски“. Бојан Саздов, главен уредник на издавачката куќа „Три“ изјави дека се изненадени од интересот што го има француската публика за македонската книжевност, за тоа кои писатели се претставени на саемот, за книгите, за културното наследство и за Македонија како дестинација која вреди да се посети. - Искуството е навистина позитивно, а интересот е голем. Сметам дека до крајот на саемот ќе успееме да ја оствариме нашата мисија - да ја презентираме македонската книжевност и да оствариме конкретни контакти со издавачките куќи од Франција и на тој начин да ја пласираме македонската книжевност, рече Саздов. Тој информира дека вниманието подеднакво е насочено и кон книжевноста, особено оние книги кои се на француски јазик. - Секое учество на саем е вредно. Книгите се прелистуваат. Луѓето се интересираат што има Македонија да понуди, како културно наследство и локации, додаде Саздов. Габриел Атанасов, вршител на работите во Амбасадата на Република Македонија во Париз рече дека Амбасадата е вклучена како поддржувач на сите проекти кои се врзани со промоцијата на македонската култура, уметност и со севкупната промоција на Македонија во Париз. На саемот на книгата, што се одржува во парискиот центар Порт де Версај, годинава учествуваат повеќе од 1.200 издавачи, претставници на 50 држави од Европа и светот и над 4.500 автори. Саемот е едно од најзначајните средишта за претставување на издавачката индустрија од целиот свет. Саемот го посетуваат над 200.000 посетители. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДецата кои консумираат повеќе ултра-преработена храна покажуваат поинакви мозочни реакции на неаСпоред студија објавена во списанието „JAMA Network Open“, децата кои консумираат повеќе ултра-обработена храна може да покажат посилни мозочни реакции кога гледаат слики од примамлива храна.Во истражувањето учествувале 46 деца на возраст од 7 до 10 години, кои биле дел од долгорочната студија „BrainChild“, која го испитува ризикот од дијабетес и дебелина. На почетокот на студијата, сите деца имале здрава телесна тежина. Истражувачите извршиле магнетна резонанца (МРИ) на мозокот на децата додека тие гледале слики од примамлива храна, како што се колачиња и помфрит. Исто така, биле собрани податоци за нивната исхрана, индексот на телесна маса (ИТМ), процентот на телесни масти и обемот на половината. По една година, истражувачите повторно ги измериле ИТМ, процентот на телесни масти и обемот на половината кај децата. Резултатите покажале дека децата кои консумирале повеќе ултра-преработена храна покажувале поголема активност во дорзалниот стриатум – мозочен регион поврзан со наградување и мотивација – кога гледале слики од храна. Истражувањето продолжува Зголемената активност во овој регион, исто така, била поврзана со зголемување на ИТМ и процентот на телесни масти во текот на следната година. Понатаму, истражувачите откриле дека земањето предвид на разликите во мозочните реакции на сликите од храна ја намалило забележаната поврзаност помеѓу консумирањето ултра-обработена храна и ИТМ за 31%. Поврзаноста со процентот на телесни масти се намалила за 44%. Наодите од истражувањето сугерираат дека реакцијата на мозокот на храна може делумно да ја објасни врската помеѓу консумирањето ултра-преработена храна и зголемувањето на телесната тежина. Студијата не може да докаже дека ултра-преработената храна директно предизвикува промени во мозочната активност или доведува до зголемување на телесната тежина, бидејќи таа само ги набљудувала постоечките обрасци. За подетално да ја истражат оваа поврзаност, истражувачите планираат да спроведат интервентна студија во која децата што редовно консумираат ултра-обработена храна ќе бидат поттикнати да преминат на помалку обработена храна. Потоа, истражувачите ќе испитаат дали нивните мозочни реакции на сликите од храна се менуваат и дали тие промени се поврзани со помал пораст на телесната тежина со текот на времето. Извор: Индекс.хрТагови: ултра-преработена храна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛукаревска до Славески: Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?„Половина милион луѓе го виделе ова видео и слушнале од телевизиска дебата дека името Алта доаѓа од Александар Вучиќ и Тамара, неговата втора сопруга, верувам сте го виделе и вие“- му рече Лукаревска на Славески: Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, му презентираше видео на гувернерот Трајко Славески. „Половина милион луѓе го виделе ова видео и слушнале од телевизиска дебата дека името Алта доаѓа од Александар Вучиќ и Тамара, неговата втора сопруга, верувам сте го виделе и вие“- му рече Лукаревска на Славески: „Може ли еден ситен сопственик на една менувачница да стане милијардер? Може, ако татко на таа банка е Александар Вучиќ. Сега ќе кажам една атомска бомба од извори од Белград. Што е тоа Алта – Александар и Тамара, втората жена на Вучиќ“, се наведува во видеото. Лукаревска отвори прашања за издадената согласност за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка АД Белград, посочувајќи дека постојат сериозни сомнежи во однос на репутацијата на сопственикот и исполнувањето на законските услови. „Имате издадено согласност за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка АД Белград на лице кое не поседува репутација, со што се загрозува сигурноста на банката, кршејќи го Законот за банки“, рече Лукаревска. Таа посочи и на постапувањето на Европската централна банка во врска со поврзани лица на сопственикот на Алта банка, наведувајќи дека во август 2024 година биле изречени мерки за одземање на управувачките и гласачките права во Адико банка, како и парични глоби и забелешки за транспарентноста на сопственоста и потеклото на средствата. „Решението за купување на Стопанска банка АД Битола е ваша одговорност во загрозувањето на работењето на банката спротивно на закон, спротивно на забелешките од австрискиот надзорен орган на финансискиот пазар“, нагласи Лукаревска. Таа го отвори и прашањето за информациите за приведувањето и истрагата против официјалниот сопственик на Алта банка, Давор Мацура, кој, според нејзините наводи, е и член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола. „Официјалниот сопственик на Алта банка, Давор Мацура, е приведен во Србија, има истрага, се споменуваат 380 милиони евра, а тој е воедно и член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола. Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?“, праша Лукаревска. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисЗавршниот мастерс за првпат по 2017 без Новак ЃоковиќНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Завршниот мастерс во Торино, за првпат по 2017 година, со што завршува неговата деветгодишна низа. Српскиот тенисер не успеа да се квалификува за завршниот турнир во сезоната, откако во второто коло на Мастерсот во Париз загуби од Австралиецот Ринки Хиџиката со резултат 2:6, 6:3, 6:3. Ѓоковиќ го освои првиот сет против 83-тиот тенисер во светот, но потоа неговата игра опадна. Хиџиката го подигна нивото на својата игра, ги искористи укажаните шанси и оствари една од најголемите победи во својата кариера. За српскиот ас, ова значеше крај на сите надежи за пласман меѓу осумте најдобри тенисери кои ќе се борат за титулата во Торино. Ова е само вторпат во последните 20 сезони Ѓоковиќ – иако е физички подготвен – да не настапи на Завршниот мастерс. Претходно тоа се случи во 2017 година, кога го пропушти натпреварувањето поради повреда на лактот. Седумкратниот победник на овој турнир, по долго време, ќе го следи крајот на сезоната надвор од терените. Зад него е бурна година, одбележана со проблеми што влијаеја врз континуитетот на неговите настапи. На почетокот на ноември, Ѓоковиќ изјави дека е блиску до решение за здравствените проблеми што го следеа во текот на изминатите 12 месеци. Тој нагласи дека неговите проблеми не се резултат на недоволен тренинг или подготовка, туку на здравствени околности. „Оваа година фокусот беше на тоа да се чувствувам добро на теренот, а не толку на добрата игра. Во последно време се чувствувам подобро и верувам дека сме поблиску до решавање на проблемите со кои се соочувам“, изјави Ѓоковиќ. Иако не успеа да обезбеди учество во Торино, Ѓоковиќ ја освои титулата во Пекинг во 2026 година, што беше 102-ри трофеј во неговата кариера. Сезоната ја одбележаа и пласманот во финалето на Австралија Опен, како и во полуфиналето на Вимблдон.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook