Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
Други спортовиМакедонската кик бокс и мау таи репрезентација на ЕП во УкраинаМакедонската кик бокс и мау таи репрезентација ќе настапи на Европското првенство во Мау таи, кое ќе се одржува од денеска до 26-ти август во Кхарков, Украина.Боите на Македонија ќе ги бранат искусните Мики Ивановски (81кг.) и Далибор Огненов (75кг). И двајцата претставници се носители на медали од претходните првенства и од нив се очекува да се закитат со злато.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во ЊујоркИнвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст.Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026) на Светскиот економски форум, што се одржуваат во Њујорк. На сесијата, на која учествуваа високи претставници на влади, меѓународни институции и бизнис-секторот, се разговараше за предизвиците и можностите што ги носи новата економија, со посебен фокус на обезбедувањето енергетска сигурност, пристапноста на енергијата и одржливоста како фактори за долгорочен економски раст и конкурентност. Во фокусот на дискусијата беа различните пристапи кон енергетската транзиција и начините на кои владите и бизнисите можат да воспостават рамнотежа меѓу економскиот раст и одржливоста, како и улогата на новите технологии, инвестициите и партнерствата во економската трансформација. Во тој контекст, беше истакната потребата од обезбедување соодветно финансирање и насочување на инвестициите кон капитални проекти што ќе придонесат за поголема енергетска сигурност и одржливост, при што ваквите инвестиции треба истовремено да бидат во функција на стабилен економски раст и јакнење на конкурентноста. „Економиите треба да се насочат на долгорочен раст, кој што ќе се заснова исклучиво на продуктивност. Понатаму, во рамки на дискусијата беше исто така заклучено дека на секоја економија ѝ е потребна што е поголема диверсификација по којашто ќе има и поголема додадена вредност. Исто така беше посочено дека треба да се креира што е можно повеќе високопродуктивни работни места и последно, но секако најзначајно, е тоа дека и понатаму треба да работиме на што е можна поголема енергетска независност, поголема одржливост и поголема стабилност во снабдувањето со енергенси“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска. Беше посочено дека новите глобални економски услови бараат поширок пристап кон политиките за раст, кој покрај продуктивноста ги опфаќа и диверзификацијата на економската активност, создавањето високопродуктивни и квалитетни работни места, енергетската сигурност и јакнењето на долгорочната конкурентност. За Македонија, овие прашања се особено значајни во контекст на заложбите за забрзување на економскиот раст и создавање услови за поголема конкурентност на домашната економија. Во таа насока, важна е поддршката на инвестициите и економската трансформација, како и создавањето услови за сигурно и одржливо снабдување со енергија, што е значајно и за граѓаните и за конкурентноста на компаниите. Учеството на вакви меѓународни форуми претставува можност за размена на искуства и добри практики и за позиционирање на Македонија во глобалниот дијалог за политиките што ќе го обликуваат економскиот раст во следната деценија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот Гоце Димовски на јубилејот на Гентерм МакедонијаДесет години успешен пример за партнерство помеѓу Дирекцијата за ТИРЗ и странските инвеститори.По повод 10 години од отворањето на Гентерм во ТИРЗ Прилеп, директорот Гоце Димовски денес присуствуваше на одбележувањето на јубилејот на компанијата, со кој се заокружува една деценија успешна работа, континуиран развој и партнерство во рамките на технолошките индустриски развојни зони. Присуството на директорот Димовски на јубилејот претставува потврда на континуираната соработка помеѓу Дирекцијата за ТИРЗ и компаниите кои работат во зоните, со фокус на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна средина за нивниот долгорочен развој. Во своето обраќање, директорот Димовски упати честитки до менаџментот и вработените на Гентерм Македонија за јубилејот, истакнувајќи дека десетгодишното присуство на компанијата во ТИРЗ Прилеп е пример за значењето на партнерскиот однос помеѓу институциите и странските инвеститори. Тој нагласи дека ваквите инвестиции имаат многу пошироко економско значење, не само преку отворањето работни места и зголемувањето на извозот, туку и преку создавањето можности за развој на домашната економија, унапредување на производствените капацитети и стекнување нови знаења и вештини. „Одлуката на една мултинационална компанија да инвестира во Македонија е важен чекор. Но, уште поважно е таа компанија да продолжи да работи, да се развива, да инвестира во луѓето и да ја гледа земјата како дел од својата долгорочна стратегија. Тоа е вредноста на континуитетот. И токму тоа го одбележуваме денес. За нашата земја, присуството на компании како Гентерм има значење што ги надминува рамките на една инвестиција.“ - кажа Димовски. Директорот Димовски, во насока на континуираниот раст и развој ја истакна и посветеноста на Владата. „Во оваа пригода, сакам да ја истакнам и посветеноста на Владата, предводена од премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, која активно работи на унапредување на инвестициската клима и создавање поволни услови за развој на домашните и странските компании. Поддршката за инвеститорите, стабилното и предвидливо деловно опкружување и континуираниот дијалог со компаниите се важен дел од политиките насочени кон економски раст и отворање нови можности за граѓаните.“ - додаде тој. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Фалат 1 милијарда евра за исплата на пензии а буџетската дупка продолжува да растеПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на трибината „За достоинствен живот и подобра иднина на сите генерации“, во организација на Општинската организација на СДСМ Аеродром, предупреди на алармантната состојбата со буџетската дупка во Фондот .Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на трибината „За достоинствен живот и подобра иднина на сите генерации“, во организација на Општинската организација на СДСМ Аеродром, предупреди на алармантната состојбата со буџетската дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Филипче посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ за две години е двојно зголемена и достигна една милијарда евра, со што власта ја става во ризик исплатата на пензиите. „Дупката во Пензискиот фонд, која за две години е дуплирана, од 500 милиони евра, сега е милијарда евра, милијарда евра фалат за да се исплатат пензиите. Ги нема во Пензискиот фонд. Треба да ги даде државата. Кога економијата не работи, од каде ќе ги најде парите? Од заеми“, рече Филипче. Тој додаде дека и дефицитот во централниот Буџет континуирано се продлабочува, а едиснтвен извор за да може Буџетот да ги сервисира обврските ќе бидат скапите задолжувања, со што власта свесно ја турка државата во уште подлабока економска криза. „Единствен извор на средства се само скапи заеми, скапи заеми со кои што ќе се пополнуваат дупките во Буџетот, за да се дадат плати, за да се дадат пензии. Никако скапи заеми кои што ќе придонесат за некаков раст на економијата. И ние одиме се повеќе и повеќе во дупка. Ризикуваме да завршиме со економска криза како Грција пред неколку децении. Тоа е неминовноста. И тоа го укажуваат економистите“, рече Филипче. Во тој контекст, Филипче предупреди дека и изолационистичката политика на власта дополнително го зголемува ризикот за економијата, бидејќи со оддалечувањето од европскиот пат ќе има сè помалку можности за европско финансирање. „На сите европски престваници многу добро им е јасно што прави Христијан Мицкоски, дека ги лаже. Дека зад наводните изговори за Бугарија, се кријат само нивните интереси, да не се случи ништо. Тоа не е изолирана работа која што се однесува само на напредокот на земјата. Тоа е директно поврзано со економската состојба во земјата. А ако кај нас ги снема европските пари, а постепено ги снемува, и уште помалку ќе ги има, и што ќе се случи? Ќе продолжи овој систем кој што сега се случува, а тоа е да сме доведени во ситуација да е единствен извор на средства ни се само скапи заеми“, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook