КултураМакедонската гајда шестото нематеријално културно добро впишано на листа на УНЕСКОМакедонската гајда шестото нематеријално културно добро впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО„Традиционалната изработка и свирење на гајда“ е шестото нематеријално културно добро впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, со што, македонската гајда, официјално е на светската културна мапа, заедно со „Чет'рсе", „Копачката", „Гласоечкото пееье", „Х'дрлез" и „Мартинките", соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков, денеска на прес-конференција заедно со директорката на Управата за заштита на културно наследство Весела Честоева, професорот за народни инструменти од Факултетот за музичка уметност при УКИМ, Драган Даутовски, како и советникот за култура и информации во Амбасадата на Република Турција во земјава, Махир Енес Оздемир. Министерот посочи дека годинашната номинација е мултинационална, заедно со Република Турција, бидејќи како што рече, турските пријатели партиципирале со нивниот тип гајда именуван како „тулум“. – Македонската гајда, од 5 декември и официјално е на светската културна мапа, заедно со „Чет'рсе", „Копачката", „Гласоечкото пееье", „Х'дрлез" и „Мартинките". Ова е многу важен момент за македонската култура, бидејќи по седум години пауза, повторно сме дел од големото семејство на УНЕСКО, во кое нашата земја членува од 1993 година. Во тој контекст сакам да потенцирам дека од вкупниот број наши впишани нематеријални добра, две се заеднички со Република Турција, тоа се „Пролетните празнувања на турската заедница од Југоисточна Македонија - Х'дрлез", елемент впишан во 2017 година и годинашнава, успешна номинација, на народниот музички инструмент гајда, со која аплициравме како мултинационална номинација, задно со Република Турција во која нашите турски пријатели партиципираа со нивниот тип гајда, именуван како „тулум", рече Љутков. Директорката на Управата за заштита на културно наследство истакна дека македонската гајда е впишана меѓу репрезентативните елементи на светската културна мапа, како што се јапонското саке, унгарскиот чардаш, босанската севдалинка, кинеската нова година и други елементи кои, исто така, годинава се ставени на репрезентативната листа на УНЕСКО. – Македонската гајда, благодарение на неколкумина професионални музичари од Народниот оркестар на македонската радио и телевизија и од Ансамбл Танец, од втората половина на 19 век на наваму, преку семинарите од меѓународен карактер, го проширија значењето и вештината на свирење македонска гајда на три континенти. Денес ќе најдете нејзини поклоници и на американско, и на Европско, и на австралиско тло. Таа стана и студиски музички инструмент, кој е дел не само од фолклорната музичка сцена, но и од поп, рок и другите жанрови на музичката култура. Со впишувањето во УНЕСКО македонската гајда добива на својата видливост на светската сцена, ја подига свеста за нашата македонска посебност и пред се, ги отвара портите за уметничка размена со еден широк пункт на култури кои имаат слични музички инструменти, а кои се веќе вмрежени во Светската федерација на гајдаџии, рече Честоева. Според советникот за култура и информации во турската Амбасада во земјава, Махир Енес Оздемир, успехот не значи само промовирање на културите на двете земји, туку и значаен чекор кон дополнително зајакнување на културните врски кои двете земји заеднички ги презентираат во светот. – Овој успех не значи само промовирање на културите на двете земји, туку оваа номинација воедно претставува значаен чекор кон дополнително зајакнување на нашите културни врски кои заеднички ги презентираме пред целиот свет. Турските елементи впишани во списокот на културно наследство на УНЕСКО се искачија на 31, со што Турција е веќе рангирана на второ место во ранглистата на земји со запишано културно наследство во УНЕСКО. Продолжуваме да работиме согласно договорот од 2003 година, развиен од страна на турското Министерство за култура и туризам, кој има за цел да придонесе кон мирот, меѓукултурниот дијалог, почит на културната разноликост и подигнување на меѓусебното разбирање на соседите. Четиринаесет елементи на културно наследство, од вкупните 31, се регистрирани како мултинационални елементи и ова претставува значаен доказ за успешната соработка со регионите со кои делиме заеднички вредности, рече Енес Оздемир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаВучиќ во телефонски разговор со Путин ја договорија цената на гасот Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговараше по телефон со претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин, и нагласи дека имале добар и суштински разговор.Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговараше по телефон со претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин, и нагласи дека имале добар и суштински разговор, како и дека разговарале за продолжувањето на гасниот аранжман што истекува на 30 септември и за прашањето на Нафтената индустрија на Србија (НИС), објави Телеграф. „Верувам дека, по денешниот разговор, тој (гасниот аранжман) ќе биде продолжен и дека ќе обезбедиме стабилно снабдување со гас. Граѓаните на Србија треба да знаат дека ќе продолжиме да имаме добра, ниска цена на гасот од 318 евра за 1.000 м3, наместо да плаќаме пазарна цена, која денес е 868 евра“, рече Вучиќ на Инстаграм buducnostsrbijeav. Тој рече дека за време на долгиот, едночасовен разговор, опфатиле голем број теми - билатералните односи, ситуацијата во регионот, конфликтот во Украина, како и сите други од значење за Србија и Русија. „Разговаравме и за прашањето на Нафтената индустрија на Србија, со надеж за решение што е добро за двете страни“, нагласи Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) Тој изрази благодарност до претседателот Путин за испраќањето помош во гаснењето на пожарите во Србија и со тоа спречување на поголеми штети. Тој додаде и дека го информирал Путин дека утре ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија. „Го информирав претседателот на Руската Федерација дека утре поднесувам оставка и изразив благодарност за досегашната соработка, која трае четиринаесет години, со надеж дека идните претседатели на Србија ќе знаат како одговорно да ја водат надворешната политика на нашата земја, одржувајќи некаков баланс кон сите фактори на меѓународната сцена“, рече Вучиќ.Тагови: Александар Вучиќ Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаИлјадници демнонстранти во Мадрид бараат оставка од Санчез поради мигрантите на СеутаИлјадници луѓе, носејќи шпански знамиња, се собраа денес во центарот на Мадрид за да протестираат против начинот на кој левичарската влада на премиерот Педро Санчез ја управува ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка.Илјадници луѓе, носејќи шпански знамиња, се собраа денес во центарот на Мадрид за да протестираат против начинот на кој левичарската влада на премиерот Педро Санчез ја управува ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка, каде што пред два месеци влегоа 72.000 мигранти од Мароко. Демонстрантите, собрани од конзервативната платформа Sociedad Civil Española под слоганот „За достоинство и одбрана на Шпанија“, побараа оставка од премиерот и распишување предвремени избори. Лидерите на десничарските опозициски партии Partido Popular (PP) и Vox учествуваа на состанокот. „Сеута е сè уште окупирана затоа што Санчез е сè уште марокански слуга“, рече шефот на Vox, Сантијаго Абаскал. Демонстрантите го поздравија со аплауз и извици „Претседател, претседателе!“. „Денес сме на улица заедно со граѓанското општество“, рече тој додека се обраќаше пред медиумите. Околу 8.300 мигранти се сместени во различни прифатни центри во Сеута Демонстрантите се упатија кон Триумфалната капија, која се наоѓа во близина на владината зграда. Маршот се одржа во време на заострена политичка и социјална дебата за ситуацијата во градот Сеута, каде што сè уште има голем број мигранти кои влегоа во градот за време на масовниот прилив на крајот на јули. Околу 8.300 мигранти се сместени во разни прифатни центри во Сеута, додека околу 4.000 сè уште живеат на улиците и плажите. На почетокот на септември, на официјалниот Ден на Сеута, илјадници луѓе учествуваа во протести низ цела Шпанија во поддршка на локалните жители. Тагови: Мадрид Сеута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЗабаваРијана позира во црвена чипка од својата нова колекција на долна облека (ФОТО)Ријана продолжува да ја промовира својата линија долна облека Savage X Fenty. Пејачката и претприемачка објави серија нови фотографии на Инстаграм на кои позира во црвен чипкаст ансамбл од свој бренд. На фотографиите, таа носи црвен чипкаст градник и соодветни гаќички. Станува збор за модели во нијанса Timeless Red, а градникот е направен од еластична чипка, нема постава и има прилагодливи ремени и копче на задната страна. Колку чини комплетот? Цените на производите на Savage X Fenty варираат во зависност од членството и тековните промоции. Сличен црвен чипкаст модел од понудата на брендот, кој е означен и како „Rihanna's Pick“ на нивната страница, чини 56,95 евра за клиенти кои не се членови, додека новите членови моментално можат да го купат за 22,78 евра. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Таа постојано ја промовира својата облека на Инстаграм Новите фотографии се само продолжение на промотивната стратегија на Ријана. Таа редовно ги претставува своите колекции долна облека лично, па неодамна објави фотографии во црно-бел сет со огрмушки, како и во жолто летно издание. Пред тоа, таа позираше во неглиже со животински принт и сет од три дела во корално црвена боја со цветен дезен. Нејзините објави редовно го привлекуваат вниманието на нејзините следбеници. „Токму тоа ни требаше“, е еден од коментарите. Други напишаа: „Го испуштив телефонот! Ни треба предупредување за оваа голема жештина!“ и „Кралицата се врати“.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook