Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните
1Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните
КултураМакедонската гајда шесто нематеријално културно добро впишано на листа на УНЕСКОМакедонската гајда шестото нематеријално културно добро впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО.Од Управата за заштита на културно наследство истакна дека македонската гајда е впишана меѓу репрезентативните елементи на светската културна мапа, како што се јапонското саке, унгарскиот чардаш, босанската севдалинка, кинеската нова година и други елементи кои, исто така, годинава се ставени на оваа листа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓанитеОпштина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“, кај слаткарницата „Малага“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење.„Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона и го попречуваше нормалното движење во строгиот центар на градот. Општина Центар продолжува со инспекциски контроли и активности за отстранување на бесправно поставени конструкции и објекти, со цел заштита на јавниот простор и непречено движење на граѓаните. Општина Центар - СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во СкопјеНоќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, лишени од слобода повеќе лица, меѓу нив и малолетници.Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници. Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина АеродромСе уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило. На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување. Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење. Општина АеродромКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook