Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураМакедонската филхармонија во новата сезона со нов имиџ и поинаков концептВрвни солистички имиња, диригенти, програми интересни и за публиката и за оркестарот, најавува Македонската филхармонија за претстојната нова сезона 2014/15 што почнува утревечер со спектакуларен концерт на кој ќе настапи солистот Даниел Милер-Шот под диригентство на маестро Борјан Цанев.Филхармонијата годинава одбележува јубилеј, 70 години постоење, а сезоната ја стартува со нов имиџ - женскиот дел од оркестарот, првпат, ќе биде унифицирано облечен, во фустани креирани од дизајнерката Тања Кокев. - Се обидовме да направиме атрактивна сезона бидејќи Македонската филхармонија со седум децении симфониско музицирање, го заслужува тоа. Флејтистот Емануел Пају, мецосопранот Ан Халенберг, Сергеј Накариаков, Тео Георгиу, Акико Суванаи, Сергеј Крилов, нашите солисти Владимир Костов, Игор Дурловски, ќе бидат само некои од нашите гости, рече директорката Маја Чанаќевиќ денеска на прес-конференција. Филхармонијата ќе има можност повторно да работи со диригентите Емил Табаков, Урош Лајовиц, Кристијан Мандеал, Пол Меккриш и нашите Цанев и Саша Николовски – Ѓумар. - Концептот сезонава ќе биде малку поразличен. Наместо циклусите „виртуози“, „кирилица“, „лауреати“, ќе има наслов за секој концерт кој ја навестува темата, „Месечина и минимализам“, „Ах тие летни ноќи“, „Бурлеска“,истакна Чанаќевиќ. Нестандардните симфониски концерти што се пракса на Филхармонијата, остануваат дел од програмата. Дуке Бојаџиев и неговите пријатели од САД настапуваат во февруари за Денот на вљубените, а во мај е концертот „Видео игра“ со музика од видео игри. Публиката ќе може да ужива и во Гала новогодишниот, едукативните и концертите за најмладите, како и во концертите со студентите и учениците од нашите музички училишта и факултети. Крајот на сезоната традиционално, завршува со големиот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ во Градскиот парк. - Продолжуваат и концертите во другите градови низ Македонија каде има прекрасна публика, подвлече директорката на Филхармонијата. Јубилејот ќе биде официјално одбележан на 18 декември со настап на еден од најголемите денешни руски пијанисти Борис Березовски, под диригентнство на маестро Дмитри Лис. На програмата се дела од Прокофјев и Чајковски. - Во контекст на јубилејот се и концертите со македонски уметници, Марија Ѓошевска, Божидар Пејиќ, дуото Стефановски, Ана Гацева, Петруш Петрушевски. Неизоставен дел се секако македонските композиции од кои и премиерни изведби на оние што произлегоа од минатата година, нагласи Чанаќевиќ. По повод јубилејот, ќе биде промовирана и монографија за Филхармонијата на авторите Тина Иванова и Роза Нолчева. На прес-конференцијата присуствуваше и германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот со чиј настап утревечер се отвора сезоната. Тој, како што рече, првпат настапува со Македонската филхармонија. -Голема чест е не само да се отвори сезоната, туку и да се биде дел од ваков јубилеј, 70 години постоење. Концертот на Лало што ќе го изведам утре ми е особено драг зашто пораснав со него, го свирев на 15 години кога учествував на натпреварот „Чајковски“ во Москва и е напишан точно 100 години пред да се родам, рече Милер-Шот. Изразувајќи задоволство од гостувањето на Милер-Шот, маестро Борјан Цанев посочи дека Филхармонијата ќе му даде максимална поддршка за што подобра изведба. На концертот утревечер со кој Македонската филхармонија на 6 октомври гостува во Загреб, се и дела од Шахов, Штраус и Барток. Дизајнерката Кокев заблагодари за соработката со Филхармонијата. Оценка за она што го сработила, за изгледот на дамите од оркестарот, рече, ќе даде публиката. - Да направам фустани за женскиот дел од Филхармонијата беше моја дамнешна, потајна желба. Секогаш кога ќе дојдев на концерт уживав, но како да недостасуваше нешто. Со новите креации останавме верни на класиката, доследни на црната боја и на француската тантела. Сепак, публиката ќе го даде последниот збор за тоа дали и колку успеавме во намерата, рече Кокев. Утрешниот концерт на Македонската филхармонија со кој почнува сезоната 2014/15 под мотото „Наостри ги сетилата“, ќе се одржи во новиот објект на МНТ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗаврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со деновиИлјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно. Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај. ,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува. ,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,, Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност. ,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,, Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина. 🚨Long queues of planes at US airports after the FAA grounded flights due to a glitch in the air traffic control system https://t.co/tU0nL9l4cy — The Tatva (@thetatvaindia) November 14, 2026 Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Македонија19-годишна скопјанка проговори за ужасот од семејно насилство - апелира насилството да се пријавуваПрвото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. „Утрата почнуваа со навреди од свекорот со плукање по мене и викање и клоци, зошто сум го јадела лебот во куќата, а не сум го купила. Попладне добивав шлаканици од сопругот зошто сум се скарала со неговиот татко, бидејќи не можев да ги трпам навредите и клоците“ ова е почетокот на приказната на млада скопјанка која на почетокот се радувала на бракот, а потоа и на нивниот син. А сега, раскажава за одлуката да стави крај на семејното насилство од сопругот и неговите родители. Првото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. По молбите и извинувањата таа ја повлекла пријавата, но теророт не престанал. „Зошто ве нападна свекорот? Бидејќи сум го земала лебот да го јадам. Ми рекоа тоа што ќе го купам тоа да го јадам. Вие сте сега на породилно имате деветмесечно бебе и не сте во работен однос? Не сум. Му се јавив на сопругот да му каже да не ме вреќа и да не плука додека јадам и да ме колца. Кога се врати се скаравме за сите случувања и ме истепа“, раскажува 19 годишната скпојанка. Спас од ќотекот бил девет месечниот син, кога го држела во раце не ја тепале. Но, заканите продолжувале да го остави детето, за да заврши „лекцијата“ со тепање кон неа. По оваа пријава во полиција сопругот добил мерки да не си доближува, а свекорот само усмен укор за што таа регира дека тој е исто насилен колку и сопругот. Полицијата регаирала веднаш на јавувањето, но проблемот продолжува во институциите, и лекциите што ќе прави сама со детето? „Првиот пат ме убедуваа и ми рекоа да не ја повлечам пријавата од полиција, во социјално лошо се однесуваа ми викаше што ќе направам ако јас се оставам со мажот“, објаснува младата жена. Таа со детето заминува од Македонија, не верува во заштита од институциите, бидејќи само усна опомена од полицијата кон свекорот не е доволно, а голем чекор тој повторно да ја нападне, со образложение “јадела леб во неговата куќа“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter