Македонската филхармонија со концерт „Егзил во Америка“ - Канал 5

Македонската филхармонија со концерт „Егзил во Америка“

Македонската филхармонија вечер ќе изведе концерт насловен „Егзил во Америка“, под диригентска палка на Тимоти Редмонд, шеф диригент на Филхармонијата на Кембриџ.

Македонската филхармонија со концерт „Егзил во Америка“
Солист ќе биде македонската пијанистка Марија Вршкова, добитник на првата награда „Виртуози“ за најдобар македонски изведувач, која беше воведена минатата година.

Ќе бидат изведени дела од композитори кои дел од својот живот и творештво поминале во Америка, па оттаму и насловот на овој концерт. На програмата се: Концертната увертира „Карневал“ од Антонин Дворжак, премиерните изведби на Симфонија Реквием од Бенџамин Бритен и „Ноќен лет“ од Семјуел Барбер, а солистката Вршкова ќе го изведе полетниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Бела Барток.

Диригентот на Тимоти Редмонд, конципирајќи ја програмата со тематски наслов „Егзил во Америка“, пред себе имал повеќе факти што него го оправдуваат. За изборот на делата на програмата тој напиша: „Денес, кога трансатлантските патувања станаа секојдневие, лесно се заборава дека и во минатото, неколку века наназад, Соединетите Американски Држави биле популарна дестинација за музичарите како што се и денес“.

Лоренцо да Понте, либретистот на некои од најдобрите Моцартови опери, бил професор на Универзитетот „Колумбија“ на почетокот од 19 век и дури организирал италијански пејачи да патуваат во САД, со цел да постигне автентична изведба на операта „Дон Џовани“.

Јохан Штраус во 1872 година бил на турнеја низ Америка, Густав Малер бил шеф-диригент на Њујоршката филхармонија на почетокот на 20 век, а за време на престојот во САД, Дворжак ги создал некои од своите најзначајни дела.

Сепак, многу европски музичари биле приморани на егзодус поради војните во првата половина на 20 век, што било и причина за комплетна промена на музичкото милје на САД. Некои композитори, како Рахмањинов и Стравински, останале да живеат и да творат во САД, додека, пак, други композитори се вратиле во Европа кога за тоа имало услови.

Бела Барток веројатно би се вратил во Европа, но поради неговата болест последните години од животот бил принуден да ги помине во егзил во Њујорк. Кога пристигнал во САД во 1940 година, тој бил разочаран бидејќи не наишол на голем интерес за неговата музика, но со помош на Кусевицки создал неколку ремек-дела, кои ги вклучуваат Концертот за оркестар, Шестиот гудачки квартет и токму Третиот концерт за пијано и оркестар што го напишал како роденденски подарок за 42-от роденден на неговата сопруга Дита.

Бенџамин Бритн ја напуштил родната Англија во 1939 година и заминал во САД од повеќе причини, но најмногу поради неговите пацифистички убедувања. Трите години што ги поминал во Америка биле многу значајни за неговиот композиторски развој бидејќи бил изложен на многу нова музика што го инспирирала да ги создаде некои од неговите најдобри композиции. Симфонијата била порачана од владата на Јапонија, но од политички причини порачката била повлечена, а Бритн, кој веќе го создал своето дотогаш најголемо оркестарско дело, го понудил за премиерна изведба на Њујоршката филхармонија под диригентска палка на сер Џон Барбироли.

Семјуел Барбер, единствениот американски композитор на програмата, живеел во Европа непосредно пред војната. По враќањето во САД од Париз, на крајот на август 1939 година бил регрутиран, и искуството како полковник во армијата го инспирирало да ја напише втората симфонија со наслов „Лет“.

Половина век пред Бритн, Барбер и Барток да ги создадат делата што се на вечерашната програма, Антонин Дворжак ја напуштил Европа и ја прифатил престижната и одлично платена позиција на директор на Националниот конзерваториум за музика во Њујорк. Трите години поминати во Америка ќе резултираат со компонирање на Американскиот квартет, познатиот концерт за виолончело и оркестар и, секако, прочуената симфонија „Новиот свет“. Но пред тоа, американската јавност го запознала како одличен диригент, а негово најпопуларно дело била концертната увертира „Карневал“.

Концертите на Македонската филхармонија од септември се изведуваат во Македонската опера и балет. Од Филхармонијата нагласуваат дека поради градежни работи околу МОБ единствениот пристап до влезот е подземната гаража од страната на аптеката „Зегин“. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво

Швајцарија размислува за намалување на максималната брзина на своите автопати од 120 на само 80 км/ч, наведувајќи ги сè понеизвесните резерви на гориво. 

Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво

Иако звучи како драстична одлука, властите во моментов ја разгледуваат оваа мерка исклучиво како одговор на евентуалниот сериозен недостиг на бензин и дизел.

Според швајцарскиот јавен радиодифузен сервис SRF, Федералната канцеларија за економски снабдувања веќе ја испитува можноста за привремени ограничувања на брзината, што треба да ја намали потрошувачката на гориво во случај на продлабочување на кризата.

Проблемот е предизвикан од комбинација на конфликтот на Блискиот Исток и тешкотиите во транспортот на нафтени производи. Ниското ниво на водата на Рајна сериозно го ограничи речниот сообраќај, кој инаку ја снабдува Швајцарија со значителни количини гориво, додека дополнителни тешкотии се забележани и на други транспортни правци.

Како резултат на тоа, швајцарските власти веќе почнаа повремено да користат задолжителни резерви на гориво. Сепак, ограничувањето од 80 км/ч би се вовело само ако се искористи значителен дел од резервите и доброволните заштеди не донесат резултати.

Логиката на оваа мерка е едноставна. При поголеми брзини, отпорот на воздухот се зголемува, а со тоа и потрошувачката на гориво. Намалувањето на ограничувањето на брзината од 120 на 80 км/ч би ја намалило потрошувачката на бензин и дизел, што би можело да помогне во зачувувањето на залихите на национално ниво.

Швајцарските власти нагласуваат дека снабдувањето во моментов е тешко, но дека засега нема драматичен недостиг. Затоа, ограничувањето на брзината од 120 км/ч останува на сила на автопатите, додека евентуалното воведување построги правила ќе зависи од понатамошниот развој на енергетската ситуација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Закопале нов автомобил и чекале 50 години- кога го отвориле бункерот, ги чекало непријатно изненадување (ВИДЕО)

Жителите на американскиот град Тулса, во Оклахома, учествувале во необичен проект кој требало да остави „трага за идните генерации“.

Закопале нов автомобил и чекале 50 години- кога го отвориле бункерот, ги чекало непријатно изненадување (ВИДЕО)

Сосема нов автомобил, модел Plymouth Belvedere и други предмети од секојдневниот живот се сместени во бетонско засолниште, со очекување дека некој ќе ги отвори во 2007. Кога дојде тој ден, илјадници луѓе се собраа за да бидат сведоци на настан што требаше да биде „патување низ времето“.

Бетонско засолниште пред судницата

Сè започна на 15 јуни 1957 година. По повод одбележувањето на 50-годишнината од основањето на државата беше организиран голем настан наречен „Тулсарама“, а најнеобичниот дел од него беше проектот наменет за луѓето кои ќе живеат половина век подоцна.

Пред зградата на градскиот суд е изграден бункер, дизајниран да издржи нуклеарен напад. Во него се наоѓало нешто што требало да стане „временска капсула“, сочувано од влијанието на надворешниот свет. Организаторите решија да го отворат дури на 15 јуни 2007 година.

Во центарот на проектот бил нов златно-бел автомобил, кој во моментот на сместувањето во бункерот поминал 6,4 километри, пренесува Parade.com.

Автомобилот го доби прекарот Мис Белведере, кој го осмисли организаторот на настанот Шерон Кинг Дејвис.

Очекувањата беа големи

Во исто време, се одржа необичен натпревар за жителите. Задачата беше да се погоди колку жители ќе има Талса во 2007 година. Кој ќе погоди најблиску до реалната бројка, ќе освои автомобил и штедна книшка со 100 долари.

Најуспешен бил Рејмонд Хамбертсон, кој предвидел дека градот ќе има 384.743 жители. Неговата проценка се покажа како исклучително точна, бидејќи Тулса имаше население од 382.457 во 2007 година.

Кога денот на отворањето конечно пристигна на 15 јуни 2007 година, настанот привлече илјадници љубопитни граѓани. По половина век работниците почнаа да ја отстрануваат бетонската конструкција и заштитните слоеви кои ја штитеа нејзината внатрешност.

Очекувањата беа големи. Многумина сакаа да видат како времето влијаело на она што останало во 1957 година и дали засолништето успеало да ја зачува својата содржина.

Историска и емоционална вредност

Меѓутоа, кога беше отстранета заштитната амбалажа покриена со дебел слој црвена кал, следеше големо разочарување!

Пред толпата се појави автомобил кој некогаш беше сосема нов, но сега беше покриен со 'рѓа и не можеше ни да започне. Со текот на годините во бетонското засолниште се насобрале околу 7.570 литри вода, што оставило сериозни последици.

Сепак, публиката не изгледаше разочарана. Напротив, сцената за многумина имаше посебна историска и емотивна вредност.

„Тоа е нашата гробница на кралот Тутанкамон. Тоа е како бајка“, изјави Дејв Страганд за локалните медиуми.

Приказната имаше и тажен пресврт

Иако автомобилот не успеа да ги преживее децениите поминати во влажна средина, не сите предмети од засолништето го дочекаа отворот во толку лоша состојба.

Внатре биле пронајдени плински канистер и рѓосани лименки пиво Шлиц. Сепак, уникатната „временска капсула“ сочувала многу повредни спомени од 1957 година.

Содржеше неизбледено американско знаме, историски документи и воздушни карти на градот, од кои сите беа во добра состојба.

Така, проектот, и покрај оштетениот автомобил, сепак успеа да зачува дел од секојдневието на едно време и да го пренесе на луѓето кои дошле половина век подоцна да погледнат во минатото.

Приказната имаше и тажен пресврт. Рејмонд Хамбертсон, чија проценка за населението на Тулса беше најблиску до вистинскиот број, почина во 1979 година, речиси три децении пред да се отвори бункерот. Поради ова, автомобилот отишол кај неговите наследници.

За да се зачува возилото што е можно повеќе, Двајт Фостер од работилницата „Ултра уан“ донирал околу 20.000 долари за негова реставрација. Од 2020 година, тој е изложен во музејот „Historic Auto Attractions“ во Рошко, во американската сојузна држава Илиноис.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите

„Новите сајбер напади врз фрижидерите во супермаркетите во неколку земји од ЕУ покажаа како дигиталните закани можат сè повеќе да влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните.“

 По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите

„Новите сајбер напади врз фрижидерите во супермаркетите во неколку земји од ЕУ покажаа како дигиталните закани можат сè повеќе да влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните и дека кибер нападите можат да ги нарушат услугите, да влијаат врз бизнисите и директно да влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните“, изјави портпаролот на Европската комисија, кој ја нагласи важноста од зајакнување на кибербезбедноста низ цела ЕУ.

Европскиот комесар за земјоделство и храна, Кристоф Хансен, предупреди дека сајбер нападите врз фрижидерите во супермаркетите во земјите од ЕУ се „намерен обид да се наруши“ снабдувањето со храна на ЕУ и да се поткопа довербата на потрошувачите.

Тој рече дека иако „безбедноста на храната во моментов не е во опасност, фрлањето храна и влијанието врз бизнисите се реални“. Европската комисија соопшти дека „продолжува да работи со земјите-членки за зајакнување на кибербезбедноста“.

„Го користиме CYCLON за координирање и споделување информации, бидејќи неколку земји-членки се погодени од ова“, изјави портпаролот на Комисијата, осврнувајќи се на европската мрежа на национални органи одговорни за справување со киберкризи.

Кибербезбедноста е првенствено одговорност на земјите-членки на ЕУ, но поради нејзината често прекугранична природа, во последниве години се усвоени и регулативи на европско ниво за поддршка на земјите-членки, вклучително и заштитата на критичната инфраструктура и софтверот и хардверот.

Зајакнување Кибербезбедноста е исто така мандат на сеопфатната европска агенција, ENISA, која, меѓу другото, управува со CYCLON.

Во кибер нападите што се случија преку ноќ во повеќе од 70 супермаркети во Белгија, Луксембург и Шведска, температурата во фрижидерите беше зголемена, а слични напади се случија денес во синџирот супермаркети „Селвер“ во Естонија, како и во Ирска, принудувајќи некои трговци на мало да уништат прехранбени производи.

Продавница на Икеа во југозападна Белгија беше исто така погодена од нападот.

Слични инциденти беа регистрирани и во Франција на 12 октомври, кога беа погодени околу 700 продавници, а канцеларијата на парискиот обвинител во тоа време објави дека станува збор за голем кибер напад врз мрежно поврзаните ладилници на големите малопродажни синџири.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер