Македонската филхармонија ќе настапи во „Музикферајн“ во Виена - Канал 5

Македонската филхармонија ќе настапи во „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври 2025 година ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена, каде секој 1 јануари се одржува Новогодишен концерт.

Македонската филхармонија ќе настапи во „Музикферајн“ во Виена

Како што информира Македонската филхармонија, настапот во Виена претставува заокружување на прославата на 80-годишнината од формирањето на оркестарот, а ќе се одбележат и 30 години од воспоставување на дипломатски односи меѓу Австрија и Македонија.

На концертот во Виена, како што е најавено, како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски, а диригент ќе биде маестро Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се „Македонска парафраза бр.2“ од Бете Илин, „Тешкото“ од Глигор Смокварски, Пет традиционални македонски песни во оркестарски аранжмани на композиторот Сони Петровски и Симфонијата бр.8 од Антонин Дворжак. Програмата претставува спој на македонската музичка традиција и фоклор и европската класика.

- Културата е најсилeн дипломатски инструмент на една држава. Македонската филхармонија, со својот настап во „Музикферајн“ ќе ја презентира македонската традиција пред меѓународната јавност и ќе придонесе за подобрување на имиџот на земјата и нејзино поврзување со светските културни и уметнички центри. Концертот на Македонската филхармонија во „Музикферајн“ не е само уште еден настап на нашиот оркестар. Станува збор за историски момент за македонската култура кој докажува дека нашата земја има вреден уметнички потенцијал кој ќе отвори нови перспективи за македонската музика на меѓународната сцена. Не постои подобра завршница на годината во која нашата институција прослави 80 години од формирањето, од настап во овој светски „храм на музиката“ и една од најпрестижните музички сцени во светот, вели Александар Котевски, в.д. директор на Македонската филхармонија.

„Музикферајн“ во Виена е една од најзначајните концертни сали во светот. Лоцирана во срцето на Виена, таа е дом на Виенската филхармонија, место на кое секоја година се одржува и традиционалниот Новогодишен концерт на 1 јануари. Концертната сала датира од 1870 година и е дело на данскиот архитект Теофил Хансен чиј дизајн е инспириран од грчката и римската архитектура. Централно место зазема „Златната сала“ со капацитет од 2000 седишта, која е позната по својата неверојатна убавина и исклучителна акустика. „Музикферајн“ не е само симбол на Виена и нејзиното богато музичко наследство, туку и центар на светската класична музичка култура. На сцената на „Музикферајн“ низ историјата настапиле најзначајните светски солисти и диригенти (Херберт фон Карајан, Леонард Бернштајн, Клаудио Абадо, Артур Рубинштајн, Владимир Хоровиц, Даниел Баренбојм, Сајмон Ратл, Рикардо Мути, Густаво Дудамел, Ана Софи Мутер, Ланг Ланг, Јо-Јо Ма...), но, и композитори како Јоханес Брамс, Антон Брукнер, Густав Малер и Рихард Штраус кои токму на оваа сцена ги воделе првите изведби на многу од своите музички ремек-дела.

Концертот на Македонската филхармонија во „Музикферајн“ е поддржан и е дел од Годишната програма за 2025 година на Министерството за култура и туризам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во Гостивар

Гостиварци извесно е дека од денеска ќе имаат безбедна  вода од градскиот водовод. Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките пар

Од денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во Гостивар

Од локалниот кризен штаб за Канал 5 вчера потврдија дека до примероците земени вчера се добри и доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува денеска да биде укината забраната за нејзино користење за пиење.-трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа.

Резултатите што ги добиле се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште едни резултати.

Од кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од институтот за јавно здравје и агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобрена

Во моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобрена, информираа властите во Грција во однос на големиот пожар кај Сивири, посочувајќи дека по морски пат било евакуирано 481 лице, пренесува МИА.

Во моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобрена

Со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, но и со траект што сообраќа од Солун до островите од групата споради, туристи и жители успешно, по морски пат беа евакуирани од Сивири.

YouTube video

Сивири е целосно евакуирано, а според информациите на МИА не е дозволено никој да се врати во градот, а во прекин е сообраќајот во поширокиот регион.

Оние кои не го напуштија Сивири по копнен пат, беа евакуирани од плажа, земајќи ги со себе само основните неопходни работи.

Од МНР велат дека по избувнувањето на пожарот во Сивири на првиот крак на полуостровот Халкидики во Грција, македонски државјани телефонски се обратиле до нашето дипломатско-конзуларното претставништво во Солун од каде што им биле пренесени упатствата и насоките издадени од надлежните грчки власти.

+389 75 268 736, КОНЗУЛАТОТ ВО СОЛУН: +30 694 526 8068 И +389 71 323 001“, [email protected]

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до 34 степени

Според извештајот на УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до 34 степени

Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа во (l/m2)

13 Виница, 8 Штип 4 Берово, 2 Битола.

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер