КултураМакедонската филхармонија добила поддршка од колегите од Белградска филхармонијаВработените во Македонската филхармонија, денеска добија поддршка од своите колеги од Белградска филхармонија да истраат во борбата за законски избор на најквалификуван, а не партиски договорен кандитат за директор. Во моментов и музичарите од Белградска филхармонија се во штрајк, и тие, како и нашите вработените во Филхармонија бараат транспрентен конкурс за избор на директор, но и поголеми плати. „Музичарите од Белградската филхармонија им даваат целосна поддршка на своите колеги од Македонската филхармонија во нивната борба за законски и транспарентно спроведен конкурс за избор на директор. Сосема ни е јасна вашата битка, зошто во моментов со ист проблем се соочуваме и ние. И нашата држава, како и вашата треба да бидат свесни дека не може да постои здраво општество, доколку граѓаните ја изгубат својата верба во институциите на системот и ако културата и уметноста постојано се туркаат на маргините. Многу добро знаеме и ние, и вие, колку е важно кој ќе застане на чело на нашите институции, зошто тоа го одредува патот по кој ќе се движиме во иднина. На вашата држава треба да и биде јасно дека Македонска филхармонија не е прекрасната нова концертна сала, на која ви завидуваат колегите од регионот, туку музичарите кои работат во неа. И дека вам, а не на концертната сала, ви е потребен квалификуван и вешт менаџер, а не партиски поставен директор без критериум и со заобиколување на законските нормативи. Се надеваме дека ќе истраете во вашата борба и дека ќе се изборите Македонската филхармонија да добие нов директор на законски и транспарентен начин.“ Македонска филхармонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМадуро повторно пред судот во Њујорк- му се заканува доживотен затвор Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро повторно ќе се појави на суд во Њујорк, што ќе биде негово трето рочиште по апсењето во јануари. Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, кои се во притвор во Бруклин, се обвинети за трговија со дрога, поседување оружје и други кривични дела. Двајцата се изјаснија за невини, пишува Euronews. Предлог за започнување на судење Во судскиот поднесок поднесен доцна во вторникот, обвинителството и одбраната заеднички предложија судењето да започне во јуни 2027 година. Се очекува судијата Алвин Хелерштајн да го потврди тој датум на процедуралното рочиште во среда. Обвинувања и правни предизвици Мадуро и Флорес се соочуваат со доживотен затвор доколку бидат осудени од порота за учество во организација за шверц на кокаин во Соединетите Држави. Обвинителите тврдат дека Мадуро се заговарал со венецуелските службеници за спроведување на законот за да им помогне на нарко-картелите да шверцуваат илјадници тони кокаин во Соединетите Држави. Адвокатот на Мадуро, Бери Полак, објави дека ќе ја оспори легалноста на апсењето, кое го нарече „воено киднапирање“. Одбраната нагласи дека постојат сложени правни прашања што мора да се решат пред да започне судењето. Досега, Мадуро и Флорес не побарале кауција. Различни толкувања на апсењето Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја опиша операцијата на апсење како „хируршки прецизна полициска операција“ како дел од гонењето започнато пред шест години. Мадуро, од друга страна, го смета своето апсење за киднапирање и се нарекува себеси „воен заробеник“. „Не сум виновен. Јас сум чесен човек, уставен претседател на мојата земја“, рече Мадуро на првото рочиште во јануари. Во исто време со денешното рочиште, демонстрантите се собраа пред зградата на судот и ја изразија својата поддршка за Мадуро и неговата сопруга со транспаренти.Тагови: Николас Мадуро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСпасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт„Случајот со загадената вода во Гостивар е уште една потврда дека институциите под оваа власт не функционираат кога се најпотребни за граѓаните. По трагедијата во Кочани, до денес ништо суштински не е променето. Еве, сега го имаме и Гостивар, каде повторно гледаме задоцнета реакција, институционален молк и избегнување одговорност“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5. Тој посочи дека одговорноста мора да ја понесат сите надлежни институции – од Владата и здравствените власти, до Институтот за јавно здравје и сите институции кои имале законска обврска навремено да реагираат. „За ова што се случува во Гостивар, одговорноста е на сите нивоа – од централно до локално. Досега не слушнав дека некој од министрите чувствува одговорност. Зошто затајувањето на здравствените власти не понуди никаква одговорност? Моментот кога првите 200 граѓани од Гостивар се пријавиле во болница не значел ништо ниту за здравствените власти, ниту за Владата. Првичната реакција следува дури по пет или шест дена“, нагласи Спасовски. Спасовски потенцираше дека токму ваквото институционално постапување покажува како оваа власт ја води државата. „ Треба да се признае. Да се признае дека ни се случи Кочани и дека нема никаква промена во системот. И дека сега ни се случува ова што се случува во Гостивар, а институциите една недела молчат и ништо не прават во тој момент“, рече Спасовски. Тој нагласи дека јавноста сè уште нема одговори на најважните прашања – каков бил квалитетот на водата, колку испитувања биле направени и какви биле резултатите од нив. „До ден-денеска немаме никаков одговор во однос на тоа каков бил квалитетот на водата, колку испитувања биле направени и така натаму. Ако мострите покажале дека водата била исправна, тогаш треба да се утврди што се случило, како се направени тие испитувања и дали извештаите реално ја отсликувале состојбата“, рече Спасовски. Спасовски посочи дека Институтот за јавно здравје има законска обврска континуирано да ја следи исправноста на водата за пиење и да постапува навремено. „Што правел Институтот за јавно здравје? Тие се обврзани да ја прават контролата на водата, не само во еден град, туку во сите градови“, истакна Спасовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЕУ го предупреди Косово: Престанете со уривање на викенд куќите на Србите (ВИДЕО)Мисијата на ЕУ во Приштина ги повика косовските власти да го запрат уривањето на викенд куќите околу езерото Газиводе, во сопственост на Срби од северно Косово, предупредувајќи на непочитување на законските процедури.Вработените во компанијата Ибар-Лепенц со седиште во Приштина вчера, потпомогнати од силни полициски сили, почнаа да уриваат викенд куќи на брегот на езерото Газиводе, а беше објавено дека ќе бидат урнати 11 објекти во сопственост на Срби, наводно изградени без дозвола, пренесе Индекс. Официјален Белград го нарече ова „нов чин на беззаконие од страна на косовскиот премиер Албин Курти“. Владината канцеларија за Косово и Метохија оцени дека уривањето е „извршено без никаква судска одлука, незаконски и срамно, со цел одмазда против Србите“. Србија не ја признава независноста на Косово, прогласена во февруари 2008 година, и го смета за дел од својата територија, нарекувајќи го Косово „јужна српска покраина“. „Размислете за правни решенија“ Мисијата на ЕУ во Приштина повикува на „итно прекинување на сите понатамошни рушење, присилно отстранување на згради или стекнување имот“ сè додека „не се решат соодветно загриженостите во врска со почитувањето на законската постапка, пропорционалноста, имотните права, човековите права и ефикасните правни лекови“. ЕУ очекува косовските власти „без одложување“ да стапат во контакт со засегнатите жители и општини „и да разгледаат правни решенија“, а Мисијата им предлага на полицијата да „останат строго во рамките на нивниот законски мандат“, врз основа на „јасни барања или соодветно документирани одлуки на надлежните органи“. Додаде дека „неповратните мерки“ на тековните рушење и спорните имотни побарувања против сопствениците „предизвикуваат сериозна загриженост за владеењето на правото“. „Во согласност со европскиот пат на Косово, ЕУ очекува властите итно и транспарентно да одговорат на овие загрижености и да обезбедат слични дејствија да не се повторат“, беше истакнато во соопштението за медиумите на Мисијата на ЕУ во Приштина. Мисијата, исто така, забележува дека во последните месеци „недостаток на почитување на правичната постапка е забележан во други случаи во северно Косово“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook