Македонската дипломатија во ЕУ сака да ја стави културата во прв план - Канал 5

Македонската дипломатија во ЕУ сака да ја стави културата во прв план

 „Дигиталниот вкус на културата" е името на иновативниот план за дигитална промоција на богатата културна понуда на Македонија што го осмисли и спроведе македонската Мисија при ЕУ во Брисел, јави дописничката на МИА од Брисел.

Македонската дипломатија во ЕУ сака да ја стави културата во прв план

Првичниот план на Мисијата беше да се организираат концерти, изложби и проекции на македонските филмови пред бриселската публика но пандемијата и понатаму е пречка за физички настани.

Така, Мисијата одлучи да не се откажува од своите планови за промоција на културата и, со помош на македонската фирма Катавеј, изработи интернет платформа.

Програмата на платформата на гледачите им презентира повеќе играни идокументарни филмови, театарски претстави и концерти.

Амбасадорката Агнеза Руси-Поповска за МИА вели дека е значајно да се покаже богатството на македонската култура а особено во оваа 2021 година кога Северна Македонија одбележува 30 години независност.

– За жал, не успеавме да ги реализираме нашите минатогодишни планови за промоција на културата поради пандемијата. Единственото решение за годинава беше дигиталната презентација и одлучивме дека вирусот нема да не спречи да прикажеме барем мал дел од македонската културна ризница. Нашето културно наследство е производ на вековите на испреплетеност на различностите и традицијата. Тие се исто така посебен дел од заедничката европска цивилизација и историја, вели Руси-Поповска.

Таа додава дека може да се каже дека културната разновидност и повеќе јазичноста на нашата земја се всушност Европа во мало.

Така, тука се филмовите „Исцелител" од Ѓорче Ставревски, „Врба" на Милчо Манчевски, „Ефектот на среќата" на Борјан Зафировски, „Незаборавна пролет во заборавено село" на Куштрим Бектеши, а во текот на септември, по повод Денот на независноста, ќе бидат додадени „Медена земја" и „Стела" на Стојан Вујичиќ. Од театарските претстави засега се предвидени „Љубовници" од Драмскиот театар и „Магбет" на Албанскиот театар. Тука се и класичната музика и фолклорот преку концерти на Филхармонијата, Танец и Албанскиот државен ансамбл за песни и ора на Северна Македонија. Со помош на Музејот за македонската борба платформата содржи и повеќе куси документарни филмови за за историската улога на жените во изградбата на државата.

Оваа презентација на културата ќе биде достапна за европските функционери што работат на македонското досие, за дипломатските претставништва на земјите членки на ЕУ, новинарите што пишуваат за нашата земја но и за дијаспората во Белгија.

Платформата може да се гледа само во Белгија поради авторските права за некои од филмовите.

Реализацијата на овој проект беше овозможена со помош и поддршка од Министерството за култура и Министерството за надворешни работи, Агенцијата за филм, продуцентите и авторите на играните филмови, Музејот на македонската борба, Филхармонијата, Танец, Албанскиот ансамбл за песни и ора, Албанскиот и Драмскиот театар. Платформата ќе биде достапна за бриселската публика до крајот на оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи

Јавно објавени фотографии и видео на кое се гледаат лица во костими за капење како се качуваат по надворешниот ѕид на потонатата црква Свети Никола во Маврово предивикаа бура од реакции на социјалните мрежи.

Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи

Авторот на фотографиите вели дека станува збор за претежно странски туристи кои пристигнале организирано со комбиња и се качиле директно на црквата, при тоа облечени несоодветно за црковен простор.

Она што особено загрижува е тоа што ваквото однесување може да доведе до оштетување на самиот објект, се вели во објавата, во која се повикуваат надлижните да реагираат за да се заштити еден од најмаркантните објекти во Маврово и Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Атрактивна фудбалерка добива критики поради шминка и танга: Не се вознемирувам од глупави коментари.

Животната приказна на Алекса Зајлер, 26-годишна германска голманка, не е обична спортска приказна.

Фото: Атрактивна фудбалерка добива критики поради шминка и танга: Не се вознемирувам од глупави коментари.

Родена во мало место во близина на Карлсруе, Зајлер ја градела својата кариера на два континента, соочувајќи се со длабоко вкоренети предрасуди покрај вообичаените спортски предизвици.

Нејзината преселба во САД – каде што поминала четири години – ја обликувала и како спортистка и како личност, давајќи ѝ сила да се справи со критиките по враќањето дома и да изгради кариера под сопствени услови.

За млада жена од мирен германски град, одлуката да се пресели во Чикаго била тешка.

Во интервју за еден универзитетски подкаст, таа го опишала тој процес како „мачен“, истакнувајќи дека претходно никогаш не патувала надвор од Европа. Сепак, желбата да се докаже и да ги усоврши своите спортски вештини надвладеала над стравовите.

Таа се запишала на Државниот универзитет во Чикаго, каде што веднаш станала прв голман на тимот „Кугарс“ (Cougars). Овој потег барал не само прилагодување кон нов јазик и култура, туку и градење нов идентитет, далеку од семејството.

Нејзиното искуство во Америка опфаќало многу повеќе од само фудбал. За време на четирите години поминати на универзитетите „Чикаго Стејт“ и подоцна „Индијана Стејт“, Сајлер стекнала самодоверба што се покажала како клучна за нејзината понатамошна кариера.

Таа научила да биде независна, да се справува со притисокот и да ја сфати сопствената вредност надвор од спортскиот терен.

Сега атрактивната Алекса полна со самодоверба е многу активна на социјалните мрежи каде објавува и сексапилни фотки кои ја воодушевуваат нејзината машка публика.

Во интервју за германскиот медиум BNN, таа изјави: „Не се вознемирувам од глупавите коментари за женскиот фудбал и за фудбалерките“.

Критиките не се однесуваа само на нејзината игра, туку и на нејзиниот изглед – вклучително и коментари за тоа дека се шминка за време на натпреварите, додека истовремено често објавува фотографии во оскудни костими за капење на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер