Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
1Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
МакедонијаМакедонската амбасада во Тирана ги повика нашинците да аплицираат со проекти на јавниот повик на МНРиНТ Македонската амбасада во Тирана ги информира нашинците во Албанија дека е објавен јавниот повик за доставување проектни апликации наменети за правни и физички лица од редовите на дијаспората за 2026 година. -Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци од редовите на дијаспората, да достават проектни апликации со идеи и иницијативи од нивен интерес, насочени кон унапредување на врските со матичната држава и поддршка на активностите на дијаспората, стои во објавата на Амбасадата. Се додава дека рокот за поднесување на апликациите е 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот на веб страната на МНРиНТ, и се нагласува дека предлог - проектите пристигнати по овој датум нема да се бидат разгледани. -Проектите во скенирана форма се доставуваат до Министерството за надворешни работи преку електронската пошта на Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство, од Република Албанија на: [email protected] и паралелно, на e-mail: [email protected], се наведува во објавата. Доколку апликантот не е во можност да го достави проектот во скенирана форма, истиот може да го испрати по пошта до надлежното ДКП. Тагови: МНРиНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЧекор наназад за Индија: Врховниот суд го отфрли барањето за забрана за ритуално убивање животни Според извештаите во медиумите, Врховниот суд на Индија ја отфрли петицијата против убивањето животни за време на религиозни ритуали! Судиите Викрам Нат, Р. Махадеван и Апареш Кумар Синг (Индија) ја отфрлија петицијата и барањето на адвокатот Шрути Бишт за измена на Законот за спречување на суровост кон животните од 1960 година, како и за забрана за убивање животни за време на религиозни церемонии и ритуали, објави Вердиктум. Врховниот суд во среда (18 ноември 2026 година), откако ги сослуша аргументите на подносителот на петицијата, ја отфрли поднесената парница од јавен интерес и побара забрана за убивање животни за време на религиозни церемонии и ритуали. Петицијата поднесена од адвокатот Шрути Бишт бараше измени на одредбите од Законот за спречување на суровост кон животните од 1960 година, вклучително и жртвување животни. Судот, исто така, одби да им дозволи на другите страни да се приклучат на случајот, истакнувајќи дека можат да поднесат посебни барања. Петицијата имаше за цел да ги принуди властите да го спречат убивањето животни за време на религиозни ритуали. Врховниот суд претходно побара одговор од Министерството за сточарство на Унијата. Подносителот на барањето тврдеше дека практиката на жртвување животни - иако во еден момент била во опаѓање - сè уште се практикува во некои делови од Индија. Тој посочи на практиките во хималајскиот регион, североисточна Индија, делови од државите Одиша и Западен Бенгал, Махараштра, како и во јужна Индија, тврдејќи дека убивањето животни во име на религијата го крши нивното право на живот, загарантирано со член 21 од Уставот.Тагови: животни Индија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Македонија Скандал во Гостивар: Непознати лица го кинат македонското државно знаме (ВИДЕО)Непознати лица денеска го кинат македонското државно знаме од центарот на Гостивар, каде што се веат илјадници албански знамиња, без ниедно македонско, спротивно на кој било закон или правило. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа симнување и кинење на македонското знаме. Според информациите, настанот се случил пред општинската зграда во Гостивар и е пријавен во полиција. Полициска екипа извршила увид на местото на настанот, а од МВР велат дека се преземаат мерки за негово расчистување. Засега нема дополнителни информации за тоа кој го отстранил знамето и под кои околности се случил настанот. View this post on Instagram A post shared by Патриотско Друштво (@patriotskodrustvo) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредношколците со бизнис идеи се борат за награда од милион денариМинистерката за образование Весна Јаневска, денеска ги посети средношколците кои учествуваат на натпреварот на идеи за идни бизниси... Имаат по 16,17 или 18 години, а веќе развиваат бизнис-идеи, создаваат прототипи и размислуваат како да заработат од сопствените производи. Платформа за краткорочни работни ангажмани за средношколци, апликација која треба да го реши проблемот со наоѓање мајстори и организирање на реновирањето и дитигален асистент за учење со помош на вештачка интелигенција, се само дел од креативните идеи на средношколците кои се натпреватуваат на „Средношколец милионер“, натпревар чиј победник освојува милион денари за реализација на и развој на својата бизнис-идеја. На денешното полуфинале средношколците ги посети министерката за образование Весна Јаневска, која слушна дел од нивните иновативни решенија... Натпреварот се одржува втора година по ред, а годинава како што истакнаа организаторите учеството е зголемено за 40%. Од над 600 пријавени тимови од 110 средни училишта, избрани се 60 полуфиналисти. Околу десет инвеститори покажале интерес да вложат во дел од идеите, а утре на финалето ќе одберат кој ќе ја освои главната награда. Лани победи тим од тројца средношколци од Битола, кои со својот проект „Систем 4“ развија пакет ВИ-решенија за хотели и ресторани, меѓу кои и виртуелен телефонски агент кој може да прима повици и резервации.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter