Македонската амбасада во Белград за сообраќајката во која загина македонски државјанин: Во контакт сме со семејството - Канал 5

Македонската амбасада во Белград за сообраќајката во која загина македонски државјанин: Во контакт сме со семејството

До Амбасадата на Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода што се случила во близина на Суботица, во која животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година. 

Македонската амбасада во Белград за сообраќајката во која загина македонски државјанин: Во контакт сме со семејството

Во незгодата е повредено уште едно лице, исто така македонски државјанин, кое со тешки повреди е хоспитализирано на одделението за реанимација во клиничкиот центар.

Амбасадата е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел навремено завршување на сите неопходни административни постапки за транспорт на посмртните останки во Македонија, соопштуваат од МНРиНТ.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Голем пожар се случи синоќа во Злокуќани во општина Карпош, на улицата „Скупи“, при што беа зафатени неколку куќи.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Нема сериозно повредени во пожарот, освен неколкумина кои вдишиле чад.

На местото на опожарените домови е Здравко Димитров.

Здравко повели со информациите колку куќи беа зафатени од пожарот ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

Во  мај годинава се издадени  469  одобренија за градење, што е за  80.4  проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика.

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146, по што следуваат Скопскиот, 86, Вардарскиот, 84, Југоисточниот, 67, Југозападниот, 32, Пелагонискиот, 26, Источниот регон, 22. Во Североисточниот регион има најмалку одбреија, шест.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 868 401 000 денари, што е за 34,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Најголем број од издадените одобренија, 255 (54,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 110 (23,5 проценти) се за реконструкција, а 104 (22,2 проценти) за нискоградба. На 232 (49,5 проценти) инвеститори се физички лица, а на 237(50,5 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 037 станови со вкупна корисна површина од 90 813 метри квадратни. Од вкупниот број станови, во Скопскиот регон се 441, во Полошкиот 295, во Југоисточниот и во Вардарскиот по 120, во Југозападниот 39, ..

Црн викенд на Егејот: Три лица се удавија во еден ден на лазлични дестинации во морето во Грција

Вчера во различни делови од Грција, се удавиле три лица.

Црн викенд на Егејот: Три лица се удавија во еден ден на лазлични дестинации во морето во Грција

Според крајбрежната стража, во недела напладне, пристанишните власти во Солун биле информирани дека во морскиот дел на пристаништето А е пронајдено тело на жена. Жената била на возраст од околу 50-55 години, но не се познати повеќе детали. Не е познато од која националност е жртвата.

Прелиминарната истрага ја спроведува Централната пристанишна управа на Солун.

Во недела попладне, 82-годишен Грк бел пронајден во несвест на плажата Плака на Тилос. Тој веднаш бил пренесен со брза помош од ЕКАБ во болницата Ливади на Тилос, каде што бил прогласен за мртов, пишува Прототема.

Кратко потоа, друг граѓанин на 88 годишна возраст е пронајден во несвест на плажата Микиверна во Полигирос, Халкидики. Во тек е прелиминарна истрага за причината за смртта.

Летната сезона е во полн ек во Грција, па затоа на туристите им се препорачува да бидат внимателни.

притисни ентер