3Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели
КошаркаМакедонската 3Х3 репрезентација го освои петтото место во квалификациите за ЕПСо освоени 56 поени, македонската репрезентација во баскет 3x3 го освои 5. место во евро-квалификаациите.- Впрочем, тоа е напредок од дури пет позиции за нашата баскет селекција во однос на првобитното рангирање на ФИБА. Пред доаѓањето во главниот град на Словачка, Македонија беше поставена на десеттата позиција (зад нас беа само Грузија и Португалија), што говори дека учеството на овој собир можеме да го оцениме како успешно и позитивно. Македонија загуби од репрезентацијата на Австрија, која го освои и првото место на турнирот во Братислава, и од Чешка, која на крајот е „бронзена“, со обезбедено место на Европското првенство, откако во „малото финале“ ја совлада Полска. Тоа само говори за силината на ривалите кои ги имавме на турнирот на кој бевме подобри од Унгарија, но во клупнит меч, оној за пласман во полуфиналето, загубивме од Чешка, објави КФСМ. На турнирот во Братислава одржан викендот, македонските баскетџии имаа ефект од една победа и два пораза, односно 33.3 % на успешност, висок процент на реализирани поени, по 18.7, и вкупно 56. освоени бодови кои ја „сместуваат“ веднаш зад четирите полуфиналисти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноМаж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!Неидентификуван маж, кој скокнал во ограден простор со тигри во „Јоркшир вајлдлајф парк“ во северна Англија, починал од здобиените повреди, по нападот од животното. На социјалните мрежи се појави видео од инцидент што се случи денес претходно во парк за диви животни во Велика Британија. Имено, мажот – чиј идентитет не е соопштен и кој скокнал во оградениот простор со тигри во паркот „Yorkshire Wildlife Park“ во северна Англија – починал откако се здобил со тешки повреди. „Екипите за итна помош излегоа на местото на настанот, но мажот, и покрај напорите на медицинскиот персонал, почина на самото место“, се наведува во соопштението на полицијата. Тигарот не е повреден во оваа трагедија, соопшти полицијата, додавајќи дека семејството на загинатиот е известено. По инцидентот, паркот беше евакуиран, а тигарот остана во својата ограда. Полицијата апелираше до граѓаните да не ги споделуваат вознемирувачките снимки од инцидентот што кружат на интернет, а на кои се гледа како тигар напаѓа човек. Управата на паркот претходно потврди дека дошло до „сериозен инцидент“ во една од оградите за тигри и наведе дека веднаш биле активирани процедурите за итни случаи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветТрамп објави примирје. Зеленски изненаден, но се согласуваАмериканскиот претседател Доналд Трамп ненадејно објави дека „енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина „стапува на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го прекршувајте! Ви благодарам на вниманието. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша Трамп. Зеленски е изненаден, но го прифаќа примирјето , Путин молчи. TRUMP: Announces immediate energy ceasefire between Russia and Ukraine, says both parties agreed and must not break it https://t.co/rUWLuYL6Eh — Trump Truths (@trumptruthsbot) October 11, 2026 Најавата очигледно го затекна Киев неподготвен; Володимир Зеленски изјави дека објавата на Трамп за него претставува новина, но рече дека Украина би се согласила на договорот доколку и Русија го прифати. Москва сè уште нема дадено коментар за најавата на Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваФото: Секси новинарка со пет милиони фанови заведува во провокативен фустанОд скромна спортска новинарка до 5 милиони следбеници. Сите фудбалски ѕвезди подлегнуваат на нејзиниот шарм.Марија Луиза Јакобели повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, а најновите фотографии од Милано ја оставија машката публика без здив. Италијанската спортска новинарка се појави во елегантен син фустан од сатен, а нејзиниот изглед набрзо стана тема на бројни коментари на Инстаграм. Јакобели е едно од попознатите лица на италијанското спортско новинарство, но нејзината популарност одамна ги надмина границите на телевизијата. На Инстаграм ја следат речиси 5 милиони луѓе, па секоја нејзина објава привлекува огромно внимание. Таа влезе во светот на телевизијата во 2017 година; работеше за „Rai Sport“, беше дел од „DAZN“, а на крајот стигна до „Sport Mediaset“, каде што стана едно од препознатливите лица на фудбалската програма. Јакобели е ќерка на познатиот италијански спортски новинар Хавиер Јакобели, па така таа израснала со фудбалот и новинарството. Во последниве години, нејзиното име често се појавува во рубриките за познати личности, особено откако италијанските медиуми ја поврзаа со фудбалски ѕвезди. Меѓу најпознатите приказни беше поврзувањето со Килијан Мбапе, иако таа врска никогаш не беше официјално потврдена. Таа привлече уште поголемо внимание во 2024 година, кога нејзиното име се најде во центарот на медиумските написи за наводна романса со Франческо Тоти, што дополнително го зголеми интересот на јавноста за оваа италијанска новинарка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00