КултураМакедонска премиера на филмот „Приказната за Силјан“ од Тамара КотевскаЗа денеска е закажана македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ од режисерката Тамара Котевска. Премиерата на македонскиот кандидат за Оскар ќе се одржи во Македонскиот народен театар од 20:30 часот. На премиерата пред домашната публика, најавено е присуство на целата филмска екипа која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија. Доказ за тоа се наградите што ги пронижа филмот на меѓународните фестивали и откупувањето на филмот од страна на National Geographic. Филмот досега доби голем број значајни и релевантни награди и номинации на фестивалот во Венеција, NYDOC, IDA, Spirit, PGA Award, Eye Cinema Audience Award и други. „Приказната за Силјан” е филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Земјоделецот Николa случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му ја враќа смислата на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
СветКрвопролевање на фестивал во Торонто: Пукање меѓу 13.000 луѓе (ВИДЕО)Шест лица беа пронајдени со прострелни рани, а две лица починаа на местото на настанот по пукањето на фестивалот во Торонто.Полицијата во канадскиот град доби пријава за активен стрелец на салса фестивалот кратко по 20 часот по локално време во саботата. 2 people have been killed and 4 others have been injured after a mass shooting at Salsa in Toronto Festival on St. Clair Ave W in #Toronto. @TorontoPolice pic.twitter.com/tphn5KxZV4 — JCE (@JCEPhoto) July 12, 2026 Полицијата соопшти дека имало размена на оган меѓу две лица, а на местото на настанот биле пронајдени две огнени оружја. Не се извршени апсења, а потрагата е во тек. 2 people have been killed and 4 others have been injured after a mass shooting at Salsa in Toronto Festival on St. Clair Ave W in #Toronto. @TorontoPolice pic.twitter.com/tphn5KxZV4 — JCE (@JCEPhoto) July 12, 2026 Заменик-шефот на полицијата во Торонто, Франциско Баредо, ја опиша сцената како „многу хаотична“. Тој рече дека околу 13.000 луѓе биле на фестивалот кога се случило пукањето. Toronto Police attend to a man shot at the scene of the Salsa on St Clair Avenue festival. pic.twitter.com/w2U76B1tVA — Leviathan (@l3v1at4an) July 12, 2026 Канадскиот премиер Марк Карни рече дека е „вџашен“ од смртоносното пукање. Тој се помоли за „семејствата кои тагуваат по своите најблиски, оние кои се во критична состојба и сите оние кои се погодени од овој ужасен настан“.Тагови: пукање Торонто Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураДоделени наградите на ИТФ „Актерот на Европа“Со доделување на фестивалските признанија свечено беше затворено 24. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“Со свеченото доделување на фестивалските награди и признанија, синоќа во Преспа беше затворено 24. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Актер на Европа“, кој и оваа година обедини истакнати театарски уметници и ансамбли од повеќе европски земји, потврдувајќи ја својата мисија да биде простор на културен дијалог, уметничка слобода и меѓусебно разбирање. Во текот на фестивалските вечери публиката имаше можност да проследи селекција на современи театарски остварувања кои, секое на свој начин, сведочеа за богатството на европската театарска мисла и за универзалниот јазик на сценската уметност. Меѓународното жири ги донесе своите одлуки за годинашните фестивалски признанија. Наградата за најдобра претстава му беше доделена на Алтернативниот театар „Пробатон“ за претставата „Камења во неговите џебови“, која, според оценката на жирито, претставува исклучително заокружено сценско остварување во кое актерската виртуозност, прецизната драматуршка структура и современиот сценски јазик се обединуваат во силна и длабоко хумана театарска целина. Признанието „Преспански Дионис“ годинава ѝ припадна на претставата „Кученцето се насмеа“, во продукција на „Спам студиос“ од Софија, Република Бугарија. Жирито ја истакна нејзината современа авторска визија, чувствителниот сценски пристап и способноста преку суптилен театарски јазик да отвори простор за дијалог, емпатија и преиспитување на универзалните човечки вредности. Наградата за Најдобра сценска интерпретација ѝ беше доделено на Снежана Коневска – Руси за нејзината улога во претставата „BIVIR… (Да се преживее)“, во продукција на Македонскиот народен театар и АРТ-КУЛТ-УРА! Во образложението се наведува дека станува збор за актерско остварување со исклучителна уметничка зрелост, емотивна длабочина и сценска сугестивност, кое ја потврдува моќта на актерската уметност да ја пренесе најсуштинската човечка вистина. Наградата „Жак Лакариер“ за најдобра режија му беше доделена на Горан Бјелановиќ за режијата на претставата „Aurora Amoris“. Жирито ја оцени неговата режиска концепција како оригинална, прецизна и високо естетизирана, истакнувајќи го успешното обединување на музиката, движењето, актерската игра и сценскиот простор во единствено поетско и визуелно впечатливо дело. Традиционалното фестивалско признание, „Актер на Европа 2026“, ѝ беше врачено на Александра Војводиќ Јововиќ за нејзината извонредна изведба во претставата „Aurora Amoris“. Според жирито, нејзината интерпретација претставува редок спој на врвна вокална техника, сценска експресија и уметничка чувствителност, создавајќи силно и незаборавно театарско доживување. Затворањето на фестивалот уште еднаш ја потврди вредноста на „Актерот на Европа“ како значајна меѓународна културна манифестација која веќе повеќе од две децении ги поврзува европските театри, уметници и култури преку универзалниот јазик на сценската уметност. Годинешното издание донесе високи уметнички дострели, разновидни сценски естетики и инспиративни средби меѓу творци од различни културни средини, оставајќи силен впечаток кај публиката и потврдувајќи дека Преспа останува едно од препознатливите европски места на театарската уметност. Организаторите упатија искрена благодарност до сите учесници, членовите на жирито, селекторот, партнерите, соработниците и бројната фестивалска публика, чија доверба и посветеност се нераскинлив дел од успехот на фестивалот. Посебна благодарност беше изразена до Министерството за култура и туризам, Општина Ресен и Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“, чија континуирана поддршка овозможува Интернационалниот театарски фестивал „Актер на Европа“ да ја продолжи својата мисија како значајна меѓународна платформа за афирмација на театарската уметност, културниот дијалог и европските вредности.Тагови: Актерот на Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолацијаПослените пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека Македонија повеќе не е на европската агенда.Додека Европската Унија на таканаречениот „супер вторник“ отвора нови кластери и поглавја со земјите кандидати, Македонија повторно останува надвор од европскиот пат. Украина и Молдавија ги отвораат преговорите, Црна Гора и Албанија напредуваат, а нашата држава не е дел од европската динамика. Ова е директна последица на однапред смислените политики на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Наместо напредок, Македонија денес е заглавена, заложник на лажните ветувања на Мицкоски, неспособноста за државна политика и криминал. Оваа политичка изолација што ја направи Мицкоски има и сериозни економски последици. Додека земјите што напредуваат кон Европската Унија добиваат милијарди евра неповратна европска поддршка за развој, Македонија се задолжува со нови милијарди евра кредити, а граѓаните живеат со сè пониски плати, пад на инвестициите и сè послаба економија. Црна Гора добива 3,2 милијарди евра, Хравтска досега има добиено 30 милијарди евра. Toa се пари за подобро образование, здравство, поддршка за земјоделците, силна економија и подобар животен стандард. Со блокада на европската иднина, Македонија ризикува да остане последна во регионот поради интересите на една криминална група која се плаши од правда и од Европа. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter