Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
3Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
КултураМакедонска премиера на филмот „Ескорт“ на Лукас Нола на фестивалот „Браќа Манаки“Филмот ќе биде прикажан како дел од програмата „Специјална селекција“ во Центарот за култура на 25 септември.Долгометражниот игран филм „Ескорт” на хрватскиот режисер Лукас Нола, направен во копродукциска соработка со Скопје Филм Студио ќе има македонска премира во рамките на годинешното 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, што почнува утре и ќе се одржува до 29 септември во Битола. Филмот ќе биде прикажан како дел од програмата „Специјална селекција“ во Центарот за култура на 25 септември. -Ароганцијата, примитивизмот и насилството – од институционален, политички, економски, верски и културен вид – доминираат во општеството и ги диктираат речиси сите негови правила. Оваа доминација не е секогаш гласна и очигледна; често е прикриена и речиси незабележлива, но секогаш е тука. Мојата немоќ и немоќта на луѓето околу мене ми создаваат премногу фрустрации. Мојот гнев кон себе што ја прифатив оваа ситуација е инспирацијата што ме натера да ја напишам и снимам оваа приказна, изјави Лукас Нола во режисерската експликација за филмот. Лукас Нола, покрај тоа што го режираше „Ескорт“, е исто така и автор на сценариото по кое е снимен филмот. Дипломирал филмска режија на Академијата за Драмски Уметности во Загреб. Неговата кариера ја обележуваат осум играни филмови и две мини ТВ серии. Авторски потпис на филмот ставаат и Фране Памиќ како кинематографер, Славен Зеќевиќ - монтажа, сценографијата е на Иван Вељача, костимографија –Жељка Франуловиќ, шминка – Мојца Горогранц Петрушевска, автор на оригиналната музика е македонскиот композитор Александар Пејовски, а дизајнот на звук е на Игор Поповски. Продуценти на филмот се Хрвоје Перван, Драган Јуриќ и Анкица Јуриќ Тилиќ, а како копродуценти се потпишуваат Томи Салковски и Фатмир Спахиу. Главните улоги ги толкуваат Живко Аночиќ, Крешмир Микиќ, Никша Бутијер, Хрвојка Беговиќ, Игор Ковач, Хрвоје Баришиќ, Пашко Вукасовиќ и Лена Медар. „Ескорт“ е копродукција на Кинорама од Хрватска со Скопје Филм Студио и Бука Продукција од Косово и е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија, Хрватскиот Аудиовизуелен Центар, ХРТ и Косовскиот Центар за Кинематографија. Светската премиера на „Ескорт“ се случи на 18 јули годинава на јубилејното 70. издание на Пулскиот филмски фестивал во Хрватска, каде доби две награди „Златна Арена“, за најдобра споредна машка улога на актерот Крешмир Микиќ и за Сценографија на Иван Вељача, додека на Лукас Нола му беше доделено Специјално признание од оценувачкиот суд на Кино Мрежа. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаАларм од природата: Популациите на диви животни се намалени за 73 отсто за 52 годиниСпоред најновиот извештај на Светскиот фонд за природа (WWF), бројноста на популациите на речиси 6.000 видови диви животни е намалена во просек за 73 отсто во периодот од 1970 до 2022 година. Индексот „Живот на планетата“ (Living Planet Index), изготвен од Зоолошкото друштво на Лондон и Светскиот фонд за природа, опфаќа вкупно 35.803 популации на 5.790 различни видови цицачи, птици, влекачи, водоземци и риби во текот на период од 52 години. Според проценките во извештајот, вкупната бројност на популациите опаѓала во просек за околу 2,5 отсто годишно во текот на тој период. „Глобалните популации продолжуваат да опаѓаат и сè уште нема докази за глобално закрепнување“, изјави Ендрју Тери, раководител за заштита на природата при Зоолошкото друштво на Лондон. Од Светскиот фонд за природа велат дека закрепнувањето на дивиот свет може да се случи „исклучително брзо“ доколку се преземат итни мерки, но предупредуваат дека би било погрешно да се мисли оти само заштитата на природата ќе овозможи глобално закрепнување. Потребни се големи промени во енергетскиот, прехранбениот и финансискиот систем, соопштија од организацијата за заштита на природата. Светскиот фонд за природа (WWF) забележа дека се преземаат позитивни чекори во областа на енергетиката. Во извештајот се наведува дека губењето и деградацијата на живеалиштата се најчестите регистрирани закани, но популациите на дивиот свет се загрозени и од прекумерно искористување, климатски промени, загадување, инвазивни видови и болести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Европа30 убиени во руски напад врз два автобуса во украинскиот град КраматорскНајмалку 33 лица се убиени во руски напад врз два патнички автобуси во Краматорск, во источна Украина.Најмалку дваесет луѓе се ранети во нападот, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител на Доњецк, регион каде се водат едни од најжестоките борби, а кој Русија сака да го анектира од Украина. Според украинските власти, руските сили гранатирале улица во Краматорск, кога биле погодени двата автобуса. Нападот следува ден откако откако повеќе од 20 луѓе беа убиени во руски воздушни напад и врз неколку украински градови, првенствено насочени кон енергетската инфраструктура..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЧетири клуба пред сите други дознале за одлуката за вината на Манчестер Сити?!Бурата околу скандалот поврзан со финансиското работење на Манчестер Сити не стивнува.Имено, четири клуба од Премиер лигата, пред сите останати, добија две важни известувања во врска со случајот што Премиер лигата го води против Манчестер Сити. Од сите претседатели на клубови било побарано да потпишат договори за доверливост пред да ги добијат документите поврзани со случајот на Премиер лигата против Манчестер Сити и одлуката на Независната комисија, која го прогласи Манчестер Сити за виновен по 114 точки за прекршување на правилата. Сепак, четири клуба ја добиле информацијата пред сите други. Оваа вест сега би можела да шредизвика земјотрес во англискиот фудбал. Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем биле информирани за одлуката на Независната комисија пред сите останати клубови. Исто така, истите четири клуба добиле известувања пред останатите, уште во 2024 година, за тоа како можат да поведат постапка за отштета против Манчестер Сити доколку Сити биде прогласен за виновен – што сега и се случи. Овие четири клуба се разликуваат и по тоа што претседателите на Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем не морале да потпишуваат договор за доверливост. Всушност, овие четири клуба биле информирани за одлуката порано од останатите токму затоа што пред две години им беше дадена можност да поведат правна постапка против клубот од „Етихад“. Се разбира, фактот што останатите клубови не добиле известувања за можното покренување на постапката во 2024 година, не значи дека не можат да го сторат тоа сега или откако ќе заврши жалбената постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook