Македонска пошта: Обезбедена е плата за сите вработени, штрајкот е политички мотивиран - Канал 5

Македонска пошта: Обезбедена е плата за сите вработени, штрајкот е политички мотивиран

Македонска пошта соопшти дека го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организиарање штрајк во услови кога е обебзедена плата за сите вработени.

Македонска пошта: Обезбедена е плата за сите вработени, штрајкот е политички мотивиран

-Крајно тенденционо и несериозно е органирањето на штрајк од страна на еден од Синдикатот на вработените во Македонска пошта, во услови кога за сите вработени платата е веќе обезбедена. Од тие причини веруваме дека штрајкот е политички мотивиран, а вработените се изманипулирани со што се нарушува нормалното функционирање на претпријатието, порачуваат од Македонска пошта.

-Би сакале да потенцираме дека Синдикатот е навремено информиран, уште еднаш потенцираме „навремено информиран” дека проблемот е решен и дека за сите вработени има обезбедено плата. Но во разочарување мораме да констатираме дека вработените се злоупотребени од одредени политички структури кои тенденциозно се обидуваат да го нарушат работењето на Македонска пошта, информираат од Македонска пошта.

Оттаму посочуваат дека се во постојана комуникација и координација со Владата и со „заедничка соработка, во континуитет ги наминуваме сите проблеми кои настануваат во тековното работење“.

-Залагајќи се за разрешување на сите настанати состојби, упатуваме апел до сите синдикални организации да се вклучат во решавањето на сите предизвици со кои се соочува нашето претпријатие, без да бидат провоцирани и манипулирани. Уште еднаш потенцираме дека Македонска пошта работи со полн капацитет, а во наредниот период ќе работиме на подигнување на ефикасноста на Македонска пошта и услугите кон сите комитенти, потенцираат од Македонска пошта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат истражувањата на праисториската наколна населба во Дојран

Дојран продолжува да го открива своето богато археолошко наследство.

Продолжуваат истражувањата на праисториската наколна населба во Дојран

Праисториската наколна населба кај Мрдаја, во Стар Дојран ќе се истражува и оваа година. Според информациите од Националната установа „Завод и музеј - Струмица", археолошките истражувања се реализираат со учество на археолошки тим од оваа институција, предводен од м-р Зоран Рујак, археолог советник кустос, а се поддржани од Министерството за култура и туризам.

Годинашната кампања е насочена кон истражување на праисториската наколна населба на брегот на Дојранското Езеро, со посебно внимание на содржините и просторните габарити на населбата, како и на временската рамка во која се одвивал животот во неа.

- Уште на самиот почеток, истражувањата дадоа непроценливи сознанија со кои животот во населбата започнал многу порано отколку што досега се мислеше. Досегашните сознанија зборуваа дека наколната населба е од доцното бронзено време и преодниот период помеѓу бронзеното и железното време. Со новите истражувања, се појавија докази, за почетоците на животот во населбата, уште во текот на средното бронзено време. Со ова, почетокот на животот во населбата се враќа во првата половина на вториот милениум пред н.е. - се вели во објавата на НУ „Завод и музеј - Струмица".

Според археолошкиот тим, одредени наоди укажале на широка трговска активност со далечните региони, па дури и со бронзанодобската населба на локалитетот Цареви Кули, Струмица. Заедно со неолитската населба на локалитетот Споменикот-Атици, кај Црничани, праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран продолжува да биде место каде што археологијата се среќава со богатото културно наследство на Дојран и Југоисточниот Регион на земјава, велат тие.

Покрај археолошките истражувања на праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран, во тек е и изработка на Основен проект за Музеј на вода, во водите на Дојранското Езеро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.

Поранешниот англиски фудбалски репрезенативец Андрос Таунсенд (35), кој настапуваше за Тотенхем, Њукасл, Кристал Палас и Евертон, доживеа неверојатен инцидент додека се загреваше во Тајланд. 

Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.

Таунсенд се загреваше за време на полувремето од натпреварот меѓу неговиот тим, Прачуап, и Патани. Додека се обидуваше да ја удри топката, тој излезе од просторот предвиден за загревање.

Во тој момент, кон него се движеше валјак за рамнење на теренот, а возачот не го забележа навреме.

-Валјакот го удри Таунсенд во нозете, го собори на земја, а потоа продолжи да се движи преку неговото тело, стигнувајќи сè до половината. Возачот потоа ја запре машината, а соиграчите на Таунсенд веднаш притрчаа да му помогнат. За среќа, Таунсенд помина без сериозни повреди. По инцидентот, тој го продолжи загревањето, па дури и влезе во игра. Тој ја одигра последната минута од натпреварот, во кој неговиот тим, Прачуап, победи со 3–0.

По бизарниот настан, Таунсенд очигледно одлучи сè да претвори во шега. Тој објави видео од инцидентот на социјалните мрежи и се пошегува на сметка на својот поранешен клуб Стоук Сити, познат по својот физички напорен фудбал. „Стоук не беше толку лош“, рече Таунсенд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Синдикална минимална кошница за месец септември 2026 година

Сојуз на синдикатите на Македонија  денеска ја објави Синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година.

ССМ: Синдикална минимална кошница за месец септември 2026 година

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година изнесува 69 432,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2026 год. која изнесува 68 675,00 денари е зголемена за 757,00 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец септември изнесува 84 807,00 денари.

Структура на новата СMK за месец септември 2026 година

03. Станарина, вода, електрична енергија 21.754

и греење ( со изнајмен стан 60м2 )

Синдикална минимална кошница вкупно: 84.807 100 %

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер