3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаМакедонска пошта доби 100 нови возилаВладата преку Министерството за транспорт реализира набавка на 100 нови возила за потребите на „Македонска пошта“. Ова не е случајна одлука, ова е одговор на реална потреба. 100 нови возила беа промовирани за потребите на АД „Пошти на Македонија“ .На настанот присуствуваште и претседателот на владата, Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски. Денеска зборуваме за една важна инвестиција, која не значи само нови возила, туку значи нов почеток, нова енергија и нова функционалност за еден систем кој со години беше оставен да се справува сам со предизвиците - изјави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на новиот возен парк за потребите на АД „Македонска пошта“. - Владата преку Министерството за транспорт реализира набавка на 100 нови возила за потребите на „Македонска пошта“. Ова не е случајна одлука, ова е одговор на реална потреба. Просечната старост на возилата со кои досега работеше „Македонска пошта“ е околу 15 години, тоа значи застарена опрема, чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност. Тоа значи доцнење на пратките, незадоволство кај граѓаните и намалена доверба на системот. Решивме да ставиме крај на тоа - рече Мицкоски. Нагласи дека оваа набавка е дел од поширока стратегија, да ги обновиме инситуциите, да ги модернизираме јавните услуги и да ги направиме функционални за граѓаните затоа што, посочи, инстиуциите постојат за да служат, а не да бараат оправдување. На промоцијата на новиот возен парк на АД „Пошта“ се обратија и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, и директорот на АД „Македонска пошта“. - Сега работите се менуваат и времињата се менуваат. Го гледате првиот голем чекор, а тоа е како да го подобриме начинот на фунционирање на „Пошта“. Тоа се преку една сериозна поддршка од Владата, при што се набавени 100 возила, од кои 90 се мали комерцијални или популарно наречени пикапи, а 10 се големи комерцијални возила или комби. Малите возила се со носивост од 750 килограми, а големите се со носивост од 1.800 килограми и ќе помогнат многу во забрзувањето на доставувањето на пратките, што е основната дејност на „Пошта“ - информира Николоски. Она на што особено се гордеам, додаде тој, е што од проценета вредност од 130 милиони денари без ДДВ, на електронска аукција цената се намали за цели 25 милиони денари, што значи, нагласи, дека заштедивме некаде над 400.000 евра само при оваа јавна набавка. - Финалната цена е 104 милиони денари без ДДВ, што прави ова да е најевтина набавка на овој тип на возила реализирани во државата, некаде просечно доаѓа 15-16.000 евра за возило, што е далеку најевтино од она што може да се најде на пазарот. Имајќи предвид дека возниот парк на „Македонска пошта“ е застарен, оваа набавка на возила е неопходна и заради извршување на основната дејност на Акционерското друштво, а тоа е давање универзална поштенска услуга - дециден беше Николоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамВолво губи 333 милиони евра и најавува нов бран откази- укинуваат уште 2.500 работни местаАкциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година .Акциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година и најави елиминација на дополнителни 2.500 работни места, претежно во Шведска. „Волво Карс“ објави прилагодена оперативна загуба од околу 333 милиони евра во третиот квартал од 2026 година, во споредба со профит од околу 522 милиони евра во истиот период минатата година, објави „Ројтерс“. Аналитичарите анкетирани од „Ситибанк“ очекуваа многу помала загуба од околу 65 милиони евра. Компанијата се соочува со нееднаква побарувачка за електрични автомобили, растечки притисок од царините и влошување на пазарните услови во Кина. „Третиот квартал од 2026 година беше многу разочарувачки и одразува година што стана многу попредизвикувачка отколку што првично очекувавме“, рече главниот извршен директор Хакан Самуелсон. Новите отпуштања во „Волво Карс“ ќе влијаат на околу 2.000 работни места во Шведска и уште 500 низ целиот свет. Намалувањето на персоналот, што одговара на приближно шест проценти од вкупната работна сила, ќе се спроведе преку раскинување на договорите со консултанти, природно отпуштање на вработените и целни пакети за доброволно заминување. Волво, покрај претходно најавените заштеди од околу 2,07 милијарди евра, постави цел да ги намали индиректните трошоци и варијабилните трошоци за дополнителни околу 450 милиони евра до крајот на следната година. Акциите на Волво Карс достигнаа рекордно ниско ниво оваа недела и изгубија повеќе од две третини од својата вредност од почетокот на годината. Тагови: Волво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЕУ загрижена поради насилните инциденти на изборите во СрбијаШефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас Фон Бекерат, изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места за време на денешните предвремени парламентарни избори во Србија.„Длабоко сме загрижени поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места“, порача Фон Бекерат. Неговата реакција доаѓа во текот на изборниот ден, кога од повеќе локации во Србија пристигнуваат информации за инциденти и нарушувања на гласачкиот процес. Изјавата претставува реакција на Европската Унија на пријавите за изборно насилство, но во засега достапниот дел од соопштението не се наведени конкретните избирачки места на кои се однесува загриженоста, ниту дополнителни детали за инцидентите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканЈотова со неочекувано слаб резултат, оди во втор изборен круг со ЃуровАктуелната бугарска претседателка Илијана Јотова има мала предност во првиот круг од претседателските избори во Бугарија пред поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, покажаа излезните анкети.Анкетите покажуваат дека Јотова добила помеѓу 35 и 36,5 проценти од гласовите, а Ѓуров помеѓу 32,2 и 32,5 проценти. Разликата меѓу двајцата кандидати е значително помала од она што го покажаа предизборните анкети, според кои се предвидуваше дека Јотова ќе добие повеќе од 40 проценти од гласовите, а Ѓурова малку повеќе од 28 проценти. Доколку тврдењата на анкетите се потврдат со официјални резултати, двајцата ќе се соочат во вториот круг на 1 ноември. Јотова се залага за дијалог со Москва, додека Ѓурова е поддржана од прозападната опозиција. Бугарите избраа нов претседател од 27 кандидати. Претседателската функција е претежно церемонијална, но изборите добија на значење по серијата напади со беспилотни летала врз трговски бродови по должината на бугарскиот брег на Црното Море, во кои загинаа околу дваесет морнари од различни земји. Бугарија е во незгодна ситуација Тие напади предизвикаа низа осуди од меѓународната заедница, како и загриженост за ширењето на руско-украинската војна. Затоа, бугарската влада побара помош од сојузниците на НАТО за зајакнување на поморската безбедност. Двајцата водечки претседателски кандидати ги осудија нападите. Андреј Ѓуров, кој привремено беше премиер оваа година, ужива поддршка од прозападните, реформистички партии. Тој отворено ја поддржува Украина, а како премиер потпиша договор за безбедносна соработка со Киев. Илијана Јотова беше потпретседател на земјата, а функцијата претседател ја извршува од јануари, кога Румен Радев поднесе оставка за да се натпреварува на парламентарните избори. На тие избори, Радев победи, а политичките аналитичари го сметаат за про-Кремљ. Доколку Јотова победи во вториот круг, таа ќе стане првата жена претседател на Бугарија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter