3Срамен потег на Белата куќа: Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да поништи црвен картон!
Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
2Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
КултураМакедонска литературна вечер во МоскваПразникот 8 март е добар повод за пошироко презентирање пред руската читателска публика на литературни творби на македонските жени-писатели. Олга Панкина, претседател на невладината организација „Македонски културен центар” во Москва, вчера во Библиотеката „А.Н. Толстој” во главниот град на Русија, организира литературната средба во рамките на неjзиниот проект „Читај ја Македонија!” коj успешно го реализира од 2014 година. Првиот дел на литературната средба, како што информира Панкина, му беше посветен на современото женско писмо во Македонија. - Празникот 8 март е добар повод за пошироко презентирање пред руската читателска публика на литературни творби на македонските жени-писатели. За жал, не можев да ги претставам сите (над 50) авторки кои ги имам преведено на руски. Затоа морав да направам избор, рече Олга Панкина. Таа ги запозна читателите со романите „Омраза – длабоко” и „Друга мајка” на Драгица Најческа, „Аквамарин” на Тања Урошевиќ, „Вежби за ибн Пајко” на Оливера Николова, „Доилката” на Лилјана Пандева и „Незадоволна” на Ксенија Николова. Потоа следуваше поетското читање. Песните на македонските поетеси почнувајќи од Светлана Христова-Jоциќ и Гордана Михајлова-Бошнаковска до Елена Пренџова во изведба на артистите на театарот „Город” ги восхитија присутните. Посебно внимание им беше доделено на поетските книги „Кога ни гореше под нозе” на Катица Ќулавкова и на најновата, објавена во 2022 година, поетска збирка под наслов „8 поетики” - двојазична антологија во која се застапени осум современи писателки членки на Битолскиот книжевен круг. Такво групно претставуање на битолските писатели во странство е направено за прв пат. Во вториот дел на настанот посветен на Светскиот ден на поезијата (се одбележува на 21 март) Олга Панкина ја претстави поезијата на Блаже Конески - уникатен творец и во науката за македонскиот јазик, и како раскажувач и, пред се, како поет. Присутните имаа можност да слушнат песни на Конески како во превод на руски, така и во оригинал благодарение на краткиот филм за поезијата на Конески презентиран на екранот. - Блаже Конески е фигура од џиновска димензија, а делото на Блаже Конески е значајно и вредно остварување во рамките на светското културно наследство и треба нашироко по светот да се наведува како силен аргумент за значењето и суштината на македонскиот јазик, за македонскиот национален идентитет, истакна Панкина. Настанот предизвика голем интерес на публиката, траеше над два часа и помина во топла, навистина пролетна, атмосфера. На крајот Олга Панкина на сите заинтересирани им подари книги на македонските автори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏорџ и Амал Клуни пристигнаа на Брач, летото ќе го поминат во својата вилаХоливудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни, утрово пристигнаа на островот БрачСпоред локалните медиуми, холивудската ѕвезда, актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал планираат летово, поточно целиот јули да го минат на Јадран во својата куќа на островот Брач во Хрватска. Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни, утрово пристигнаа на островот Брач, каде што ќе престојуваат во својата вила во текот на наредните недели. Според извештаите на локалните медиуми, двојката планира да остане на островот во текот на целиот јули, а можеби и до средината на август. Додека Џорџ ќе го помине времето работејќи на своите мемоари, Амал наводно има намера да се посвети на градинарство и релаксација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРоналдо: Ова е моето последно Светско првенствоКапитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, потврди дека ова Светско првенство е негово последно. Роналдо има 41 година; тој повеќе нема да настапува на Светското првенство, додека за Европското првенство (ЕУРО) останува да видиме. – Ова ќе биде моето последно Светско првенство. Што и да се случи, ќе си заминам со чиста совест бидејќи на репрезентацијата ѝ го дадов сето она што го имав – изјави Роналдо. Вечерва од 21 часот во европскиот судир на гигантите Португалија на Роналдо игра против актуелниот европски шампион Шпанија. – Да не верувавме дека можеме да го освоиме Светското првенство, немаше ни да бидеме овде. Ова беше убаво искуство и напредуваме од натпревар во натпревар. Невозможно е да се игра врвно на секој меч, што може да се види и од тимовите кои веќе се елиминирани. Тимот е смирен, добро трениравме и подготвени сме за многу тежок противник.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
ЕвропаЕвропската комисија за системот EES: Најавени се промени поради застојот на границитеПортпаролот на Европската комисија, Маркус Ламер, денес на редовната прес-конференција изјави дека Комисијата воведува дополнителна флексибилност и поддршка за членките на ЕУ во спроведувањето на системот EES .Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламер, денес на редовната прес-конференција изјави дека Комисијата воведува дополнителна флексибилност и поддршка за членките на ЕУ во спроведувањето на системот EES со цел да се ублажат, како што изјави, привремените застои на границите. Ламер, исто така, изјави дека ЕУ веќе работи со земјите-членки за решавање на оперативните проблеми, вклучително и недостатокот на персонал и потребата од повеќе техничка опрема на граничните премини. Според него, придобивките од воведувањето на системот EES се веќе видливи. „Имаме нов систем што ни помага да ги идентификуваме биометриските податоци и да ги вкрстиме. Ова не беше можно со претходниот систем, кога се користеа печати. А сега, за само неколку месеци, веќе имаме 1.000 лица идентификувани како безбедносни ризици, кои како резултат на тоа не влегле во ЕУ. Сепак, секако внимателно следиме како новиот систем функционира во пракса и вложуваме максимални напори за да го ограничиме влијанието врз патниците кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ“, рече тој. Ламер ги отфрли наводите на новинарите дека новиот систем систематски го продолжува времето на чекање за патниците и создава проблеми и за граѓаните на ЕУ, нагласувајќи дека многу проблеми на границите постојат независно од примената на EES, додека во исто време рече дека тоа носи значајни придобивки за безбедноста на граѓаните на ЕУ. Во случаи на пренатрупаност, националните власти имаат овластување привремено да ја суспендираат дополнителната биометриска регистрација на лице место, како што се фотографирање и земање отпечатоци од прсти, но со задолжителна имплементација на стандардни гранични контроли, забележува Ламер.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07