Македонска делегација на „Џифони“ фестивалот во Италија - Канал 5

Македонска делегација на „Џифони“ фестивалот во Италија

Македонска делегација од денеска до петок учествува на најголемиот филмски фестивал за деца и млади „Џифони искуство“ во Италија

Македонска делегација на „Џифони“ фестивалот во Италија
Покрај врвната уметничка и едукативна програма, во рамки на Фестивалот ќе биде организирана и Македонска вечер. Учесниците ќе имаат можност да уживаат во вкусот на нашите домашни, традиционални производи, ајвар, слатко, сирење, вино, како и во музиката на Мухамед Ибраими.

Отворена ќе биде и изложбата „Запознај ја Македонија низ фотографија”, а ќе бидат поделени и брошури „Filming in Macedonia”, како и каталози на македонски филмови во периодот 2013/2014.

Според агендата, ќе се одржи и прес-конференција по повод воспоставената соработка меѓу Италија и Македонија на која ќе биде најавено и второто издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија” што треба да се одржи во првата половина на октомври 2014.

Предвидена е и ревија на македонски филмови. Прикажани ќе бидат краткиот анимиран „Алерик“ на Вук Митевски, како и кратките играни „Мангава Диско Панк“ на Саша Станишиќ, „Бардо“ на Марија Апчевска и „За Ангела“ изработен лани за првиот „Џифони“ во македонско-италијанска копродукција.

Годинашното 44. издание на „Џифони искуство“ се одржува од 18-27 јули под мотото „Биди различен“. Програмата е составена од 163 долгометражни и краткометражни филмови.

Натпреварувачкиот дел има повеќе категории зависно од возраста на децата, „елементс“ +3 за 3-5 години, „елементс“ +6 за 6-9 години, „елементс“ 10 за 10-12 години, „генератор“ +13 за 13-15 години, „генератор“ +16 за 16-17 години, и „генератор“ +18 за над 18 години.

Програми надвор од конкуренција се Рилоуд/Парентал контрол и три Фокуси посветени на Катар, Македонија и Грузија.

Првпат годинава се воведува и мастеркласа за кратки филмови на која преку дебати ќе се оценуваат краткометражни филмови на темата „Биди различен“.

Предвиден е и дел за документарни филмови за деца и млади, како и за краткометражни на млади филмаџии и студенти, поддржани од училиштата и културните здруженија, поделен на три дела, од 6-10 години, од 11-13 години и од 14-20 години.

Предавања за сценарио, глума, новинарство и специјални ефекти, како и состаноци на кои стотина млади секој ден, во попладневните часови, ќе дискутираат со гости од италијанската уметничка и културна фела, се исто така во агендата на „Џифони искуство“.

Сегмент од програмата е и „Мојот Џифони“ во чии рамки ќе може да се погледнат краткометражни филмови на студенти, здруженија и млади италијански филмаџии.

Фестивалот најавува и премиери, на „Ајрон мен“, „Икс мен“, „Тор“, „Капетан Америка“, „Осветници“, но и на последното остварување на Хајао Мијазаки „The Wind Rises“.

Во меѓународното жири со 3.500 членови од 41 земја, 12 се деца од Македонија што е рекорден број или четири пати повеќе од вообичаениот - по три претставници од секоја држава-учесник. Прв пат членови на жирито се и деца од Азербејџан и Либан.

Гости на „Џифони искуство“ ќе има многу, но најатрактивно за учесниците е најавеното присуство на холивудската ѕвезда Ричард Гир, како и на актерската легенда Изабела Ферари. Дилан О Брајан, ѕвездата на серијата „Тин вулф“, Роберт Данц и Франческо Арка исто така ќе чекорат на синиот тепих.

Орнела Мути и Паоло Контицини се специјални гости, за затворање на Фестивалот.

Годинава, актерот и режисер Алан Рикман ќе ја добие наградата „Франсоа Трифо“ за животно достигнување.

Музичкиот дел е исто така импозантен и ќе се одвива на стадионот „Џузепе Троиси“ во Џифони.

Македонската делегација што ќе учествува на „Џифони искуство“ ја сочинуваат преставници од Агенцијата за филм на Република Македонија, Министерството за култура и Здружението за ширење на филмска култура Џифони М. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер