Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаМакедонска берза: Со измени во легислативата и нови акции и обврзници до дополнителни средства за финансирање на компаниитеПовеќе од 240 учесници од седум држави овие два дена ќе можат да слушнат за најновите трендови од областа на стопанисувањето со комапниите.Перспективите на македонската и на економиите од регионот, можностите и предизвиците штои се исправени пред компаниите, развојот на пазарот на капитал, трендовите во дигиталната трансформација на компаниите, како и други теми од областа на финансиите и берзите ќе бидат во фокусот на дискусиите во рамки на 24. Конференција на Македонската берза што традиционално се одржува во Охрид. Повеќе од 240 учесници од седум држави овие два дена ќе можат да слушнат за најновите трендови од областа на стопанисувањето со комапниите, берзанското работење, светските движења на капиталот, искуствата на другите пред 36-те предвидени интервјуа, излагања, предавања, осврти на експерти по односната проблематика. Главниот и извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев, пред почетокот на собирот истакна дека во текот на првите три квартали од оваа година прометот на берзата е на ниво на ланската од некаде сто милиони евра што, според него, е добро постигнување. - Ценовните движења продолжија со бавен пораст, главниот берзански индекс МБИ10 оваа година е пораснат за 2,5 проценти и расте во континуитет. Ако ја споредиме неговата вредност со онаа од предпандемискиата 2019 година, тој е пораснат за 125 проценти што е одлична перформанса. Тоа покажува дека иако живееме во време на геополитички турбуленции, одредени макроекономски предизвици, берзите и инвеститорите се резистентни и не се одразува тоа негативно врз нивноот работење, рече тој. Штериев уште посочи дека прашањето на иницирањето нови јавни понуди и издавање нови хартии од вредност е главниот развоен предизвик и за националната и за останатите берзи во поширокиот регион. - Нашето мислење како берза е дека за тоа е потребна координација на повеќе институции, вклучувајќи ги тука државата приватниот сектор, коморите...Треба да се стимулираа таа работа бидејќи банкарското работење кај нас е релативно лесно. Банкарскиот сектор е хиперликвиден и тоа во услови на нормални околности е доволно за компаниите. Но, компаниите треба да имат предвид дека во услови на шокови треба да има поголема капитализираност на компаниите. Оттаму, во таа насока потреебно е комбинација на едукација, стимулации, со потсетување дека не секогаш е добро да се зависи од должничко финансирање, рече тој. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, зборуваше дека државата и ресорното Министерство активно работат на заживување на пазарот на капитал во земјата, како потенцијален извор на финансии пред се за компаните кои потешко имаат пристап до традиционалното финансирање, односно до банкарскиот сектор. - Потешко преку банкарскиот сектор се обезбедуваат финансии за иновации кои секогаш се сметаат за поризични. Токму од тие причини потпишан беше Меморандум со седум држави од регионот членки на ЕУ, со цел интегрирање на пазарите на капитал во Југоисточна Европа. Земјите-потписнички на документот ќе се обидат да координират заеднички регионален пристап во разговорите со европските институции. Тоа е значајно оттаму што македонскиот пазар иако стабилен е релативно мал, често недостасува ликвидност, а тоа е клучен фатор кога компаниите бараат долгорочни средства. Со поврзувањето на пазарите им се дава шанса на помалите и средни прептпријатија полесно да дојдат до капитал, да ја зголемат конкурентноста и да најдат партнери надвор од границите на државата. На тој начин не само што јакне пазарот на капитал, туку ја потткнуваме и економијата да расте побрзо и поодржливо, рече таа. Во периодот што следи, како што посочи, преку промени во даночната легислатива, но и заедничко работење со Македонската берза преку издавање акции и обврзници ќе успееме да обезбедиме дополнителни средства за финансирање на компаниите. За конференцијата во Охрид таа истакна дека е место каде се спојуваат новите знаења со искуството, каде се врши размена на искуства, се раѓаат идеи кои подоцна се претвораат во реални проекти... Учесниците ќе можат да проследат и повеќе интересни интервјуа, а на различни теми од областа на финансиското и берзанското работење меѓу другите ќе говорат и Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ, Атила Тот – раководител на Секторот за развој на финансиски пазари и пазари на капитал во ЕБРД, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и извршниот директор на Неотел, Даме Цветковски. На годишните конференциии на Македонската берза учествуваат стотици претставници на повеќе сегменти од финансискиот сектор и институции на пазарот, компаниите и државните органи, како и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или со инвестирањето во хартии од вредност. Тие се добра можност за финансиските институции да ги развиваат стратегиите во работењето, подобрување на ефикасноста, следење на светските текови и трендови. Тагови: Македонска берза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусија собра 47 бомбардери способни за носење нуклеарно оружје во една базаРусија собра дури 47 стратешки бомбардери, способни за носење нуклеарно оружје, во една воздухопловна база на Далечниот Исток.Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го следи движењето на воените авиони, ова ги опфаќа речиси сите бомбардери од типот „Ту-160“ и „Ту-95МС“ со кои моментално располага руската војска. Во воздухопловната база „Украинка“, лоцирана во руската Амурска област, моментално се наоѓаат 10 бомбардери „Ту-160“ и 37 бомбардери „Ту-95МС“. Украинскиот воен портал „Дифенс експрес“ наведува дека ова би можело да претставува најголема концентрација на руска стратешка авијација на едно место, откако во февруари 2022 година започна инвазијата врз Украина. Девет бомбардери преместени за неколку дена Според „АвиВектор“, на почетокот на ноември Русија префрлила осум бомбардери „Ту-95МС“ и еден бомбардер „Ту-160“ во базата „Украинка“. Овие летала претходно биле стационирани во воздухопловните бази „Енгелс“ и „Олења“ – објекти што руската војска ги користи за изведување напади врз Украина. Аналитичарите од „Дифенс експрес“ сметаат дека е можно овие девет бомбардери да учествувале во голем руски ракетен напад врз Украина во текот на ноќта на 3 ноември, пред да бидат преместени на Далечниот Исток. Податоците објавени од „АвиВектор“ на 7 ноември покажуваат дека, по овие преместувања, во базата „Олења“ останал само еден авион „Ту-95МС“. Зошто Русија ги преместува своите бомбардери толку далеку? Една можна причина за преместувањето е заштита на вредните летала од украински напади со беспилотни летала. Во текот на војната, руските воздухопловни бази постојано биле цел на вакви напади, при што базата „Енгелс“ во Саратовската област била особено изложена. Базата „Украинка“ се наоѓа на повеќе од 6.000 километри од украинската граница, што значително ги отежнува евентуалните напади врз леталата стационирани таму. Според „Дифенс експрес“, руските бомбардери во „Украинка“ се паркирани на отворено, без соодветни заштитни хангари. Аналитичарите сметаат дека руската команда се потпира на големата оддалеченост на базата од Украина. Русија сè уште нема завршено со изградбата на заштитни хангари. Претходно, Русија започна со изградба на заштитни хангари за стратешки бомбардери во базата „Енгелс“, која се наоѓа многу поблиску до Украина. Било планирано да се изградат до 20 вакви хангари. Сепак, сателитските снимки од октомври покажуваат дека за некои од објектите биле поставени само рамки. „Дифенс експрес “ сугерира дека, како резултат на тоа, Русија можеби одлучила да премести голем дел од својата флота бомбардери во оддалечена база, наместо да ги задржи во „Енгелс“ без соодветна заштита. Сепак, ова преместување го отежнува изведувањето на напади врз Украина, бидејќи авионите сега мора да поминуваат значително поголеми растојанија. Базата „Украинка“ се наоѓа на приближно 5.400 километри од „Енгелс“. Што претставуваат бомбардерите „Ту-160“ и „Ту-95МС“? „Ту-160“ е еден од најголемите и најбрзите стратешки бомбардери во светот. Тој може да носи крстосувачки ракети опремени со конвенционални или нуклеарни боеви глави. „Ту-95МС“ е постар турбоелисен бомбардер, кој Русија исто така го користи за лансирање крстосувачки ракети со долг дострел. Двата типа авиони се клучна компонента на руската стратешка авијација. Иако се способни да носат нуклеарно оружје, Русија ги користи и за време на војната за изведување напади врз украински цели со употреба на конвенционални ракети. Нема потврда за подготовки за нуклеарен напад Извештаите за концентрацијата на бомбардери не значат дека Русија подготвува нуклеарен напад. Засега, експертите ова преместување го припишуваат првенствено на заштитата на авионите и на прилагодувањата во нивното распоредување. Понатаму, не постои независна официјална потврда за точниот број на авиони во воздухопловната база „Украинка“. Овие бројки се засноваат на следење на движењата на руските бомбардери и анализа на јавно достапни информации. Според проценките објавени од „Дифенс експрес“ во август, Русија во тоа време располагала со 13 оперативни бомбардери „Ту-160“ и 38 бомбардери „Ту-95МС“. Доколку најновите податоци се точни, речиси целата оперативна флота од овие два типа авиони моментално се наоѓа во воздухопловната база „Украинка“. Извор: Индекс.хрТагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 21 степен, заладување од сабота Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 11 Попова Шапка, 12 Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, 14 Виница, Крушево, 15 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, 16 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, 17 Штип, Берово, Претор, Кавадарци, 18 Охрид, Битола, 19 Прилеп. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2) 2 Лазарополе, 1 Крива Паланка, Охрид, Маврови Анови, Попова Шапка. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови по одделни котлини имаше појава на слаба магла. Во западните и северните делови имаше повремен слаб дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со услови за слаб локален дожд во крајните западни региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствувањеПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. Таа укажа дека со третиот Национално утврден придонес(NDC 3.0), државата се обврзува да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за најмалку 80% до 2035 година, со цел постигнување климатска неутралност до 2050 година. Амбициите се преточуваат во политики преку претстојниот Закон за климатска акција, ажурираниот Национален план за енергетика и клима и Патоказот за праведна транзиција, усогласени со Реформската агенда на ЕУ и Националната развојна стратегија 2024–2044. За Сиљановска-Давкова енергетската транзиција мора да биде праведна и прифатлива, без дополнително оптоварување на семејствата погодени од енергетската сиромаштија и загадувањето. Притоа, посебно внимание треба да се посвети на жените, децата и младите. Претседателката посочи дека за остварување на климатските цели неопходно е предвидливо меѓународно финансирање, достапен капитал, технологија, градење капацитети и силни партнерства. Според Сиљановска-Давкова, за климатските амбиции да странат остварливи, солидарноста треба да се потврди преку конкретни инвестиции, коишто ќе им овозможат на државите подготвеност за дејствување. „Да си заминеме од Анталија откако амбицијата ќе ја претворивме во имплементација, а солидарноста во вистинска инвестиција. Нашите деца заслужуваат безбеден, здрав свет и шанса не само да преживеат, туку и да напредуваат“, порача претседателката на лидерскиот самит. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитуван претседател, екселенции, дами и господа, Дозволете ми да им се заблагодарам на Република Турција и на претседателот Ердоган за организирањето на овој самит посветен на климатските промени. Десет години откако мојата земја го потпиша Парискиот договор, остануваме убедени дека климатската криза не се сведува само на управување со емисиите. Станува збор за светот што ќе им го оставиме на идните генерации. Ние сме првата генерација којашто целосно ги разбира последиците од своите избори, а можеби и последната којашто има време да го промени правецот. Идните генерации ќе живеат со последиците од нашите одлуки. Оттука, доаѓаме на COP31 со јасно чувство за одговорност. Ние сме мала земја без излез на море, лоцирана во поширокиот медитерански регион – еден од регионите што се најизложени на климатските промени. Сепак, подготвени сме да преземеме товар поголем од нашиот сопствен удел. Водени од убедувањето дека климата е заедничко добро на човештвото, климатските активности ги поставив не само како личен, туку и како политички приоритет. Ова убедување ме поттикна да иницирам национален дијалог во македонското општество, обединувајќи експерти, креатори на политики и практичари за заедничко обликување на нашата климатска агенда. Оваа колективна заложба е делумно одразена во нашиот трет Национално утврден придонес (NDC 3.0),каде е поставена амбициозна цел: намалување на нето-емисиите на стакленички гасови за најмалку 80% до 2035 година, со очекување да се искачи и до 82% со меѓународна финансиска поддршка. Ова нè става на кредибилен пат кон климатска неутралност до 2050 година, што ќе претставува и правно обврзувачка цел. Амбициите ги преточуваме во политики преку претстојниот Закон за климатски акции, ажурираниот Национален план за енергетика и клима и Патоказот за праведна транзиција, коишто се усогласени со Реформската агенда на ЕУ и Националната развојна стратегија 2024–2044. Овие напори се исто така составен дел од нашиот европски пат, приближувајќи ги нашите политики во областите на климата, енергетиката и животната средина до највисоките европски стандарди. Сепак, не можеме да ја заштитиме иднината на сметка на оние коишто се соочуваат со тешкотии денес. Мораме да преминеме од јаглен на чиста обновлива енергија без да го зголемиме товарот на македонските семејства коишто веќе се соочуваат со енергетска сиромаштија, несоодветно греење и загаден воздух. Вооружените конфликти и тешката енергетска криза ја прават и онака тешката транзиција уште попредизвикувачка. Таа мора да биде фер и достапна, со посебно внимание на жените, децата и младите. Транзицијата којашто ги остава луѓето зад себе, ја поништува својата цел. Оттука, ја поддржуваме Глобалната заложба за електрификација 35 на 35, Договорот од Анталија за енергетски ефикасни згради, Договорот од Анталија за зелена индустријализација и Рио Синергиите. Сепак, мојата земја не може сама да ја финансира оваа трансформација. Извештајот на Светската банка за клима и развој на земјата ги идентификува инвестициските потреби од милијарди долари за декарбонизација и адаптација. Нашата амбиција мора да биде усогласена со предвидливо меѓународно финансирање, достапен капитал, технологија, градење капацитети и силни партнерства. Солидарноста мора да се мери не само со зборови, туку и со инвестиции што им овозможуваат на земјите подготвени да дејствуваат. Ова не е повик да ја намалиме нашата амбиција, туку истата да ја направиме остварлива. Кога ќе се пишува историјата на оваа деценија, да не се каже дека ја согледавме опасноста, ги разбравме последиците, а сепак немавме храброст да дејствуваме. Да си заминеме од Анталија откако амбицијата ќе ја претворивме во имплементација, а солидарноста во вистинска инвестиција. Нашите деца заслужуваат безбеден, здрав свет и шанса не само да преживеат, туку и да напредуваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter