Македонска берза по петти пат се приклучи на глобална иницијатива - Канал 5

Македонска берза по петти пат се приклучи на глобална иницијатива

Македонска берза по петти пат се приклучи на глобалната иницијатива „Ring the Bell for Gender Equality”.

Македонска берза по петти пат се приклучи на глобална иницијатива

Темата на годинашниов „Ring the Bell for Gender Equality“, односно „Заѕвони го ѕвончето за родова еднаквост“ беше „Поддршка за правата на жените, еднаквост и инклузија“, а овој пат ѕвончето го заѕвонија неизвршните членови на Одборот на директори на Берзата Ивана Гажиќ од Загребска берза и Нина Неданоска од Шпаркасе Банка АД Скопје, заедно со Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза. Симболиката на ѕвонење на берзанското ѕвоно ја покажува посветеноста на Македонска берза да придонесе за што поголемо спроведување на принципите на еднаквост и инклузија на жените во сите општествени сфери. Видео од самиот настан ќе биде објавено дополнително.

Во оваа прилика, Главниот извршен директор на Берзата, Иван Штериев изјави: „Оваа глобална иницијатива трае веќе една деценија. Идејата е берзите со нивната уникатна улога во финансискиот систем и јавноста да придонесат за унапредување на родовата еднаквост во деловниот свет, преку промовирање на важноста на ова прашање на најголемите акционерски друштва и воспоставување на стандарди за одговорни и за транспарентни корпоративни практики на овој план. Македонска берза ја споделува оваа визија и затоа по петти пат учествува во „Ring the Bell for Gender Equality “.

„Прашањето за родовата еднаквост е многу важно, не само во бизнисот, туку и во сите други сфери на општествениот и политичкиот живот. Жените сочинуваат малку повеќе од половина од вкупното население, но значително помалку учествуваат во бизнисот и политиката, имаат пониска стапка на вработеност, заработуваат помалку, често се жртви на дискриминација, па и на насилство, дури и на работното место. Ваквата ситуација во модерното општество едноставно не е прифатлива. Особено, на пример, ако се земе предвид дека во Хрватска дури 61% од дипломираните студенти се жени, додека во 61% од котирани компаниите на Загрепската берза нема ниту една жена во управата. “ – изјави Ивана Гажиќ од Загребска берза.

„Родовата еднаквост не е само морална обврска, туку и суштински фактор за долгорочен економски раст и стабилност. Жените на лидерски позиции покрај тоа што носат нови перспективи и иновации, создаваат работни средини кои вреднуваат инклузивност и емпатија, што ја поттикнува продуктивноста и позитивната култура. Како лидери, мораме да се фокусираме на создавање еднакви можности за сите, без оглед на родот, и да работиме активно на разбивање на стереотипи и политики што го ограничуваат нивното напредување. Само преку инклузивност и поддршка на сите професионалци ќе изградиме силни тимови и успешно општество, а во оваа трансформација, подеднакво важни улоги имаат и мажите и жените.“ – изјави г-ѓа Нина Неданоска, Заменик Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Ова е единаесетта кампања на Иницијативата „Да заѕвониме за родова рамноправност“ поддржана од 123 берзи ширум светот и се реализира како партнерство помеѓу Меѓународната финансиска корпорација (IFC), Светската федерација на берзи (WFE), Иницијативата за одржливи берзи (SSE), во којашто членува и Македонска берза , Глобалниот договор на ОН, UN Women и Women in ETFs, а целта е да се промовира родовата еднаквост на пазарите на капитал.

Во функција на зајакнување на општествената свест за постигнување на поголема родова рамноправност, Берзата и оваа година објавува ажурирана анализа за структурата на органите на управување кај котираните акционерски друштва којашто е достапна на следниов линк: https://mse.mk/mk/news/13/3/2025/gender-analysis-of-the-management-bodies-of-joint-stock-companies-listed-on-the-macedonian-stock-exchange-for-2024 .

Македонска берза

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Назим Рашиди

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Назим Рашиди

„На кавга со Иван“ - Назим Рашиди

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција се дигна против насилството врз жените- демонстрантите бараат итни измени на законот

Протестни маршеви против насилството врз жените и високите трошоци за живот се одржаа во неколку градови низ Франција, на кои учествуваа нешто повеќе од 44.000 луѓе, според Министерството за внатрешни работи.

Франција се дигна против насилството врз жените- демонстрантите бараат итни измени на законот

Како што објави „Ле Монд“, ова е најмалиот број учесници во демонстрациите од 17 октомври.

Минатата недела, 82.500 луѓе се собраа на протести против високите трошоци за живот.

Два протестни собири во Париз против насилството врз жените, организирани од феминистички здруженија, со учество на синдикати, младински организации и членови на движењето „Жолти елеци“, собраа 12.500 луѓе, според полициската префектура.

Сепак, организаторите проценуваат дека имало 55.000 учесници.

Портпаролката на Националниот колектив за права на жените, Сузи Ројтман, апелираше на плоштадот Пантеон за навремено усвојување на сеопфатниот закон за насилство врз жените и децата, кој беше усвоен на прво читање во Националното собрание на 13 октомври.

Сенатот треба да го разгледа законот во јануари, а денес, околу петнаесет активистки од движењето Фемен се собраа пред зградата на институцијата, носејќи транспаренти.

Во Марсеј, речиси илјада луѓе учествуваа во нерегистриран протестен марш, кој беше растеран од полицијата со солзавец.

Втор протест, кој беше официјално регистриран и организиран од феминистички здруженија, собра околу 400 луѓе, според податоците од префектурата.

Во исто време, 2.000 луѓе учествуваа во протестите во Монпелје, 6.000 во Лион, а речиси 3.000 демонстранти се собраа во Лил.

Протести беа организирани и во Мец, Тулуз и Стразбур.

Во официјален извештај, објавен во среда, се наведува дека минатата година се регистрирани повеќе од сто случаи на фемицид во Франција и дека во текот на 2024 година, 272.000 жени биле жртви на силување, а 1,3 милиони од нив биле жртви на сексуално вознемирување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

29 Ноември- во Југославија се славеше Денот на републиката

На овој ден во 1945 година, беше основана федерацијата од шест републики во јужна Европа. 

29 Ноември- во Југославија се славеше Денот на републиката

Југославија беше повторно составена, но овој пат според сосема различни принципи. Ерата на социјализмот започна на Балканот, а земјата мораше да се врати на нозе по долгата и исцрпувачка војна.

29 ноември - најважниот датум за Југославија

Денот на Републиката се славеше како национален празник во поранешната држава, а од 1955 година беше дводневен празник. Беше проследен со разни настани и манифестации организирани од државата за да се потсети народот на победата во Втората светска војна и протерувањето на странските освојувачи.

29 ноември не само што го одбележува правниот акт од 1945 година, туку и годишнината од Второто заседание на АВНОЈ од 1943 година, кога делегатите во Јајце се согласија за првото законодавно и извршно тело и ѝ забранија на владата на бегалците да се врати во земјата, заедно со кралот Петар Караѓорѓевиќ.

Во тоа време, Тито сè уште размислуваше како да спречи поделба на власта со монархистите и другите партии. Преку своите постапки, Черчил се обиде да реализира повеќепартиски систем во новата земја, при што народот ќе одлучи во која насока оди земјата. Сепак, Тито и партизаните не планираа да ја делат власта, со оглед на тоа дека политичарите и кралевите кои ја поминаа војната во удобна атмосфера во странство, додека партизаните умираа за слободна држава за да ја ослободат од фашизмот, не заслужуваа да владеат.

На почетокот Тито и Сталин, подоцна само Тито

Сепак, кога дојде 1945 година, партизаните ги контролираа сите лостови на власта, затоа не беше потребно да се преправаат и ласкаат на сојузниците, туку да се воспостави Југославија според комунистичките принципи.

Во првите неколку години, Денот на Републиката се славеше со истакнување на двете најважни личности во повоениот свет - Јосип Броз Тито и Јосиф Сталин. Југословенското раководство знаеше дека мора да биде поврзано со Советскиот Сојуз, па затоа често го истакнуваше Сталин како голем херој. Црвената армија секако помогна во ослободувањето на териториите, особено на исток, но треба да се напомене и дека Југославија се ослободи претежно самостојно за време на војната против окупаторите.

По разделбата меѓу Сталин и Тито во 1948 година, Денот на Републиката се слави со величење на партизанското движење, антифашизмот и Јосип Броз Тито. Советниците на Тито секоја година повторуваа дека Денот на Републиката е потсетник за луѓето дека заедно можат да направат повеќе, наместо да се убиваат едни со други на национална, етничка или верска основа. Многу пари беа инвестирани во настани и прослави, а оваа практика продолжи сè до распадот на државата во раните 1990-ти.

Помладата генерација не го смета 29 ноември за посебен ден. Постарите генерации на тој ден се сеќаваат на некои други времиња - некои на братство и единство, а други на непотизам и цензура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер